Почитувана сестра Македонка, Би сакала најсрдечно да Ви се заблогодарам за Вашето високо професионално внимание и грижа, за време на мојот престој на гинеколошкото одделение, во период од 08-11 јуни о.г. Ви посакувам се најубаво во животот, како и натамошни успеси на личен и на професионален план. Со искрени поздрави, Вашата пациентка, Катерина Михајлова-Скопје Почитувана сестра Вики, Би сакала најсрдечно да Ви се заблогодарам за Вашата грижа, топлина и внимание, за време на мојот престој на гинеколошкото одделение. Најискрено Ве поздравувам и Ви посакувам најубави желби за добро здравје и среќа на сите полиња. Срдечни поздрави од Вашата пациентка,Катерина М. Почитувана Горде, Ти си не само најдобрата медицинска сестра, туку и многу повеќе од тоа Вечерта на 08 јуни о.г. Ти беше мојот Ангел-чувар, што ми помагаше и ме бодреше со својата нежност и топлина ... Најмногу посакувам Господ да ти подари најубавите работи во животот и да ги исполни најдрагите желби!
Кате (Катерина Михајлова), Скопје
Светот им прави пат само на оние кои знаат каде чекорат. Едни од нив сте Вие, првата приватна општа болница “Ре-Медика”. Нека светот ви ги отвори патиштата до исклучително врвни достигнувања во здравствените услуги, во чувањето и во унапредувањето на здравјето на вашите пациенти. Човек е најсрекен кога има потполно здравје, затоа што без него - ништо друго во животот нема значење. Затоа од сè срце Ви посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и нека вашата беспрекорна професионалност, посветеност на работата и енергичниот дух на вашите вработени, останат заштитен знак на ВАШАТА УСПЕШНОСТ. Воедно, особена благодарност им упатувам на Проф. Д-р Глигор Димитров и на вработените на одделението за гинекологија кои максимално се грижеа за мене за време на мојот престој на 12 Март 2013 година.
Со почит, Елизабета Џамбазова од Штип
Што и да се каже за Ре-Медика ќе биде малку за да се опише успешноста на оваа врвна здравствена установа кај нас. Во најкратка форма, што попрво да се истакне?! Високата стручност на лекарскиот кадар и професионалноста на целиот медицински персонал, техничко-технолошката опременост и примената на најсовремени дијагностички методи, оперативни зафати и други медицински постапки, високиот степен на хигиена и комфор како во работните простории така и во собите за хоспитализација на пациенти, одличната нега на пациентите, неверојатната брзина на дадените услуги и покрај нивната сложеност и комплексност - се само мал дел од показателите според кои Ре-Медика без двоумење би можеле да ја ставиме на исто рамниште со сличните установи во замјите на Западна Европа. Но, ако нешто треба посебно да се истакне, тоа е топлиот, високо хуман, пријателски и достоинствен однос кон пациентот и кон неговите најблиски – нешто што нема цена кога се плашиме за животот и здравјето, кога ни е најтешко. Останува да ја искажеме нашата благодарност за добиената здравствена услуга уверени во нејзиниот висок квалитет.Посебна благодарност до Проф. Д-р Андреја Арсовски, Др. Лилјана Стојановска и Др. Елизабета Бабушку, како и до членовите на целиот тим кои посредно и непосредно придонесоа за успешната здравствено-медицинска услуга.
Срдечни поздрави со почит, Маре и Благоја Благадуша
Целокупниот тим е одличен и целата болница, останете така како и до сега од се срце ви благодарам за грижата за мене. “Посебни пофалби за сите вработени, посебно за Биљана од пулт за љубезноста при добивање на информациите што ги барав. За д-р Боро Илиев имам да кажам се во суперлатив.Веке Ве препорачав на двајца сега веке бивши пациенти кои исто така ми заблагодарија што сум ги упатил кај Вас”. - Палиќ Компетентноста, професионалноста, редот и одговорноста како и посветеноста на здравјето на пациентите: по се што реков: “ Јавното здравство да ја има Ре-Медика како репер!” - Петровиќ “Прекрасен тим од гинеколози, анестезиолози и сестри - сите хумани, сочувствителни, вредни - луѓе што влеваат доверба и сигурност”. Задоволна сум од се, за тоа кажува и мојот избор за Вашата болница. Прекрасен персонал, односот, професионалноста-немам зборови, за секоја чест! Голема благодарност за др. Василевски, сестра Македонка, сестра Виолета Иванова за поддршката и убавите зборови. Уште едно благодарам и за останатиот персонал.