Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

РАДИОЛОГИЈА

Ефикасното лекување започнува со правовремена и точно поставена дијагноза на болеста. Поради тоа значењето на современиот и професионален Оддел за радиологија е основата на одличното функционирање на нашата болица.

Одделот е опремен со најсовремана апаратура и е организиран во четири независни работни единици.

1.Конвенционална радиологија

РТГ снимањата се вршат со дигитален апарат со минимални радијациони дози и исклучителен дијагностички квалитет на РТГ постапките, користејќи напредни софтверски апликации.

Се вршат конвенционални снимања на сите органи – белите дробови, скелетен систем, абдомен, како и контрастни снимања – интравенска урографија, уретероцистографија, како и фистулографии и сл. Посебен дел, единствено во нашата болница, е апаратот за панорамска графија на ‘рбетниот столб и долните екстремитети со специјална софтверска обработка за прецизно мерење на потребните параметри.

2.Мултидетекторски, повеќеслоен компјутерски томограф

Како врвен дијагностички инструмент за откривање на патолошките состојби во организмот, со широко поле на примена и без медицински контраиндикации.

Се вршат снимања на сите органи во телото, без или со интравенски даден контраст:

3.Одделот за дијагностика и интервентни процедури при болести на дојка

користи:

На одделот се работат интервентни процедури:

  • стереотаксични (под контрола на МГ) биопсии и предоперативни маркирања на микрокалцификати
  • тенкоиглена биопсија под контрола на УЗ
  • кор биопсија под контрола на УЗ
  • предоперативно маркирање на непалпабилни лезии под контрола на УЗ
  • галактографија
  • размаска од секрет со цитолошка или микробиолошка анализа

4. Ултразвучна дијагностика и интервентна радиологија

се прави и :

Д-р Наде Петановска, радиодијагностичар, шеф на оддел

en_USEnglish