Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ОРТОПЕДСКА ХИРУРГИЈА

Одделот за ортопедија во Ре-Mедика единствен и прв од ваков тип во земјава. Тимот овозможува дијагноза и третман од областа на ортопедијата, почнувајќи од најмалата возраст и новороденчињата, па сè до повреди и специфични повреди на спортисти и активната популација и скршеници вклучувајќи и геријатриски повреди.

Лидери сме во воведување нови и ефикасни методи за третман. Секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување со мултидисциплинарен пристап. Нашиот тим е составен од специјалисти, меѓународно признати во областа на ортопедијата.

Покрај дијагнозата, наша посебна одлика е врвната и најсовремена опрема за третман.

Кога станува збор за ортопедската хирургија, нашата болница ја поседува последната технологија за изведување на минимално инванзивна хирургија, која дава најефикасни и безбедни резултати. Хируршките интервенции се изведуваат со дигитализирана апаратура во комплетно опремени сали за ортопедска хирургија.

Бројот на рекреативци и професионални спортисти постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и потребата од третман на спортски повреди. Третманот на овие пациенти е наша цел и наш посебен интерес. Мора да се истакне дека лекувањето на професионалните спортисти, особено нивните повреди, бара посебно внимание и лекување поради карактерот на овој тип професионалци. Тоа се, сепак, луѓе кои мора во најкраток временски рок да се вратат на спортските терени. Спортистите во нашата болница добиваат најсовремен третман, од врвни специјалисти кои работат со најсовремени хируршки и артроскопски техники. Тука спаѓаат артроскопски процедури на колено, рамен и скочен зглоб, како и сите артроскопски процедури кои се спроведуваат во светот, за реконструкција на повредените мекоткивни елементи.

PRP (Platelets Rich Plasma) или ACP (автологна кондиционирана плазам) како и различни комбинации на плазама и хијалурон претставува револуционерен третман на зглобовите, за кој нашата болница е лидер во регионот и има искуство како прва болница која ја воведе оваа метода повеке од 15 годни. Со помош на оваа метода за кратко време се репарира оштетеното ткиво во зглобот. Третманот е безболен и ефикасен и речиси нема несакани реакции бидејќи се користи сопствената крв на пациентот.

Во нашата болница за прв пат во регионот се воведе и методата на Autocart која претставува револуционерна метода за регенерација на рскавица и е комбинација од артроскопија и користење на ACP.

-Ендопротетиката – оперативни интервенции за замена на зглобовите на колкот, коленото и рамото со употреба на најмодерни протези. Овие интервенции имаат значајно место во ортопедијатата

-Корективни остеотомии во предел на горните и долните екстремитети. Оперативни интервенции кај лошо зараснати или незараснати фрактури.

-Хируршко лекување на рамно стапало од најмала возраст.

-Третман на фрактури на сите коски почнувајќи од најмалата возраст па сè до пациентите во поодминати години, вклучувајќи ја и геријатриската траума.

-Нашиот хируршки тим има успешни резултати во третманот на целата патологија во пределот на дланката. Тука спаѓаат повредите и други состојби како на коскените така и на мекоткивните елементи.

-Детска превентивна ортопедија, прегледи на локомоторниот апарат почнувајќи од неонаталниот период па сè до завршување на растот.

-Дел од интервенциите на нашиот тим е и хируршко отстранување на мускулоскелетните тумори.

en_USEnglish