Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

Инфекцијата е процес кој настанува како резултат на продирање на патогените микроорганизми во човечкото тело. Во рамките на болницата Ре-Медика функционира микробиолошка лабораторија во која може да се направат микробиолошки анализи на материјал, кој е добиен од сите анатомски системи, почнувајќи од респираторниот, урогениталниот, дигестивниот и сите други, соодветно на потребите за испитување на причините. Покрај класичните микробиолошки методи се работат и молекуларните анализи од областа на микробиологијата и генетиката.

Лабораторијата е опремена со најсовремени автоматизирани апарати при што се овозможува за многу кусо време добиање на крајниот резултат. Микробиолошката лабораторија на ПЗУ Ре-Медика директно учествува во дијагностиката, следење и спречувањето на интрахоспиталните инфекции и појава за резистенција кон определени антибиотици. Посебен интерес претставува дијагностицирањето, следењето и решавањето на проблемите кај деца и возрасни кои се предизвикани со габички, како причинители на инфекции, во сите примероци, кои според индикациите е потребно да се испитат и секако да се лекуваат. Посебен фокус се става на Candida во фецес во детската популација.

Тимот во микробиолошката лабораторијата е високоедуциран и сертифициран за работа со софистицираната лабораториска опрема и постојано ги следи најновите трендови во клиничката микробиологија и воведува нови микробиолошки и молекуларни анализи.

За анализите не треба закажување, бидејќи тимот на вработени е добро организиран и секогаш достапен за пациентите за секоја здравствена потреба. Вработените се отворени и соработливи да помогнат и да дадат совет како и кога треба да се земе материјал за испитување, најсоодветниот начин на земање материјал за постоечката состојба со цел најпрецизно, најбрзо и најточно да се постави дијагнозата а со тоа и да се пристапи кон понатамошните медицински протоколи на лекување.

Раководител на лабораторијата е проф. д-р Снежана Ивиќ-Колевска, доктор, специјалист микробиолог. Подготвена да излезе во пресрет на пациентите, таа детално ќе ги протолкува резултатите и ќе Ви даде препорака и совет за понатамошно следење на Вашата здравствена состојба. По добиените резултати од сработените анализи можете без претходно закажување, по телефон или физичко присуство, да се консултирате со неа лично.

Во микорбиолошката лабораторија на Ре-Медика не добивате само резултати од сработените анализи туку и можност за толкување на истите и детални стручни консултатии во секое време без закажување, со што се потврдува професионалноста и стручноста во насока да се биде секогаш достапен за пациентите кога најмногу имаат потреба.

Микробиолошка лабораторија е акредитирана сторед високи ИСО стандарди за медицински лабораторији МКC EN ISO 15189:2013 од 2019 година.

Од молекуларните анализи покрај класичните испитувања на бактерии и вируси во респираторен и генитален материјал, значајна улога во навремена и точна дијагностика имаат и анализите за женско и машко здравје во склоп на припрема за инвитро (фемофлор и андрофлор анализи). Молекуларната лабораторија нуди генетски PCR тест за испитување на присуство на најчестите микроделеции (промени) на y хромозомот кај мажите кои се една од најчестите причини за стерилитет кај мажите. Навременото откривање на оваа причина им дава насока на медицинскиот персонал како да советуваат и постапуваат со пациентот во иднина со цел да се успее во процесот на остварување на потомство.

„Ре-Медика“ е лидер во венската патологија

Варикозна болест – ПРОШИРЕНИ ВЕНИ „Ре-Медика“ е лидер во венската патологија Во нашата установа изборот на третман е индивидуализиран за пациентот Проф. д-р Влатко Цветановски, кардиоваскуларен хирург Д-р Дина Цимешиќ, кардиохирург Оставени без медицински третман, проширените, варикозни вени може да

Прочитај повеќе »

Новиот Lunar Prodigy дезинтометар во Ре-Медика за нови можности за врвна дијагностика

Новиот Lunar Prodigy дезинтометар во Ре-Медика за нови можности за врвна дијагностика Ре-Медика, следејќи ги новите трендови и напредокот на технологијата, набави нов дензитометар Lunar Prodigy, со најнов софтвер anCOREv18. – Освен стандардните дензитометриски прегледи, преглед на `рбет и колкови,

Прочитај повеќе »

Земениот материјал за анализа се доставува до микробиолошка лабораторија.

Стручниот тим на микробиолошката лабораторија е во тек на цело работно време достапен за совети и консултации со пациенти. Микробиолошките и молекуларните анализи не се закажуваат и можат да се извршат во било кој временски период во тек на работниот ден од 8.00 до 21.00 часот.

МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ

  • Брис од грло
  • Брис од нос
  • Брис од грло + нос
  • Спутум
  • Брис од грло + нос + спутум
  • Брис од уво
  • Брис од уши (лево + десно)
  • Брис од грло + нос + уши (лево + десно)
  • Брис од уста или јазик
  • Брис од уста, јазик за Candida
  • Брис од букална слузокожа
  • Брис од око (коњуктива)
  • Брис од очи (лево+десно)
  • Брис од око за Chlamydia trachomatis
  • Брис од очи (лево+десно) за Chlamydia trachomatis
  • Брис од очи бактериолошки + Chlamydia trachomatis
  • Бронхоаспират
  • Трахеален аспират
  • Уринокултура
  • Уринокултура за Candida
  • Брис од вулва
  • Вагинален брис
  • Цервикален брис
  • Вагинален и цервикален брис
  • Уреаплазма
  • Микоплазма
  • Уреаплазма + Микоплазма
  • GBS пакет брисеви
  • Брис од вагина за Listeria monocytogenes
  • Trichomonas vaginalis
  • Брис за Neisseria gonorrhoeae
  • Chlamydia trachomatis брис
  • Пакет брисеви (брис генитален за Chlamydia trachomatis + Ureaplasma + Mycoplasma)
  • Гинеколошки пакет МБ (вагинален брис + цервикален брис + брис генитален за Chlamydia trachomatis + Ureaplasma + Mycoplasma + уринокултура)
  • Спермокултура
  • Брис од уретра
  • Брис од препуциум
  • Брис од уретра и спермокултура
  • Андролошки пакет (брис за Chlamydia trachomatis, брис за Ureaplasma + Mycoplasma, Trichomonas vaginalis)
  • Уролошки пакет брисеви (брис од уретра, брис за Chlamydia trachomatis, спермокултура)
  • Уролошки пакет брисеви (брис од уретра, брис за Chlamydia trachomatis, брис за Ureaplasma + Mycoplasma)
  • Брис од кожа, папак
  • Миколошки преглед на примерок (кожа, сквама, влакна, нокт, рана)
  • Брис од рана
  • Гној, секрет, екскрет, пунктат, оперативен материјал
  • Врв од артериска линија
  • Копрокултура
  • Копрокултура (I, II, III)
  • Анализа на фецес за Clostridium difficile
  • Анализа на фецес за Clostridium difficile (I, II, III)
  • Clostridium difficile – toxin A и B во столица
  • Clostridium difficile – GDH во столица
  • Фецес за кандида
  • Фецес за кандида (I, II, III)
  • Ректален брис
  • Фецес за паразити
  • Фецес за паразити (I, II, III)
  • Giardia lamblia
  • Giardia lamblia (I, II, III)
  • Перианален, целофански/селотејп брис
  • Перианален, целофански/селотејп брис (I, II, III)
  • Целофански брис за Enterobius vermicularis
  • Пакет (копрокултура, фецес за Candida, фецес за паразити)
  • Пакет (копрокултура, фецес за Candida, фецес за паразити) (I, II, III)
  • Helicobacter pylori AG-столица
  • Noro/Rota/Adeno virus во столица
  • Врв од ЦВК
  • Врв од аспирационен катетер
  • Хемокултура (педијатриска)
  • Хемокултура (аеробна + анаеробна)
  • Хемокултура (СЕТ I, II, III)
  • Хемокултура (СЕТ I, II, III) Идентификација и антибиотска осетливост
  • EBV IgM
  • TORCH (Toxoplasma gondii IgM, Rubella IgM, CMV IgM, HSV1,2 IgM)
  • Трепонема палидум (Сифилис TPHA тест)
  • Трепонема палидум (Сифилис RPR тест)
  • Трепонема палидум (Сифилис VDRL тест)

МОЛЕКУЛАРНИ АНАЛИЗИ

  • Испитување на корона вирус со PCR (детекција на SARS-CoV-2)
  • Респираторен панел 1 (16 вируси) со PCR метод
  • Респираторен панел 2 (16 вируси и 3 атипични бактерии- Chlamydia pneumoniaе, Mycoplasma pneumoniaе и Legionella pneumoniae) со PCR метод
  • Респираторен панел 3 (16 вируси и 3 атипични бактерии, Bordetella pertussis) со PCR метод
  • Молекуларна детекција на Bordetella pertussis со Real Time PCR метод
  •  
  • HPV – Хуман Папилома Вирус (14 и 21 онкотипа и нивна квантификација)
  • Материјал за испитување на Neisseria gonorrhoeae со PCR
  • Материјал за испитување на Chlamydia trachomatis со PCR
  • FEMOFLOR – молекуларен тест за докажување на дисбиоза и сексуално преносливи патогени (Lactobacillus species, Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas species, Candida species, Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium, Ureaplasma species (urealyticum+parvum), Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis, CMV, HSV-1, HSV-2) кај жени со PCR метод
  • ANDROFLOR – молекуларен тест за квантитативна детекција на урогенитална микрофлора и сексуално преносливи патогени (Lactobacillus species, Staphylococcus species, Streptococcus species, Corynebacterium species, Gardnerella vaginalis, Ureaplasma urealyticum, Ureaplasma parvum, Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium, Enterobacteriaceae species/Enterococcus species, Candida species, Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis) кај мажи со PCR метод
  • Молекуларна генетска анализа за утврдување на присуство на AZF микроделеции асоцирани со машки стерилитет со PCR метод
  • Пакет: FEMOFLOR+ANDROFLOR+AZF микроделеции со PCR метода
  • Лабораториска анализа за утврдување на присуство на 8 мутации/полиморфизми во тромбофилни гени и 4 мутации/полиморфизми во фолатни гени со метод ПВР во реално време
  • Генетска анализа за интолеранција на лактоза со PCR метод
  • Генетска анализа за интолеранција на глутен со PCR метод
  • Молекуларна генетска анализа за утврдување на генетски полимерфизми поврзани со дисбаланс на телесна тежина и дијабет
  • Молекулатна генетска анализа на метаболизам на калциум (VDR рецептор) со PCR метод
  • Молекулатна генетска анализа за утврдување на присуство на полиморфизми на 8 гени асоцирани со остеопороза со PCR метод
  • Пакет: Молекулатна генетска анализа на метаболизам на калциум (VDR рецептор) и утврдување на присуство на полиморфизми на 8 гени асоцирани со остеопороза со PCR метод
  • Молекулатна генетска анализа за утврдување на присуство на CHECK 2 мутации асоцирани со наследен ризик за развој на канцер со PCR метод
  • Молекулатна генетска анализа за утврдување на присуство на полиморфизми на 8 гени асоцирани со склоност кон хипертензија со PCR метод
en_USEnglish