Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ТРАНСФУЗИОЛОГИЈА

Одделот за трансфузиона медицина на Ре-Медика е составен од лекар специјалист трансфузиолог и медицински лаборант- трансфузист.

Дејноста се одвива во повеќе сегменти на секојдневната работа на болницата и е приспособена за соодветен и благовремен третман и збринување на пациентите.

Имунохематолошката лабораторија ги одредува крвните групи во АБО и Рх крвно- групните системи за сите пациенти планирани за хируршки интервенции, бремени и новородените кај кои тоа е индицирано по медицинските протоколи.

При евентуални несакани реакции по трансфузија на крвни компоненти индицира дополнителни испитувања.

Амбулантската дејност ја извршува докторот специјалистот трансфузиолог преку прегледи, испитувања и терапија кај пациенти со проблеми со проширени вени, воспалителни и тромботични процеси.

Водење пациенти кои се под орална антикоагулантна терапија (табл.Синтром ) и одредување шеми за терапијата.

Прегледи, испитувања и терапија кај пациентки со повторувани абортуси, со отстапувања во коагулациониот систем, со проширени вени и терапија заради претходни тромботични процеси.

  • пред-оперативна подготовка на пациенти кои се под антикоагулантна и/или антиагрегантна терапија заради претходно дијагностицирани заболувања
  • пост-оперативна терапија на крварења заради пореметувања во процесите на агрегација или коагулација на крвта како и спроведување соодветна тромбопрофилакса кај хируршки, гинеколошки пациенти и кај породени.
en_USEnglish