Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ОПЕРАТИВЕН БЛОК

Во состав на оперативниот блок во Ре-Медика функционираат пет операциони сали и една сала за еднодневни интервенции. Салите се изградени од висококвалитетен метал, дизајниран за оваа намена, кој овозможува високо ниво на чистење и дезинфекција за да имаме целосно асептични услови за работа.

Воздухот пред да влезе во оперативниот блок поминува низ специјални хепа филтри кои овозможуваат во салите да има апсолутно чист воздух.

Во сите операциони сали има апаратура од врвни производители, која овозможува да се изведуваат најсложени оперативни зафати.

Гинеколошките и хируршките сали се опремени со лигашури (forcе tried) кои се последна генерација на т.н. весел селинг (vessel sealing) технологија, која овозможува речиси бескрвни операции.

Сите ендоскопски операции се изведуваат со столбови Olympus, a во салата за ОРЛ-интервенции постојат диодни и CO2-ласери за поедноставни операции на крајници кај децата, како и микроскопи Martin за посложени операции кај возрасни пациенти.

Во уролошката сала последно е набавен ласерот Lumenis Holmium, кој е водечки во светот во оваа категорија и со него се изведуваат најсложени уролошки операции.

Во состав на оперативниот блок работат дванаесет висококвалификувани инструментарки, обучени во врвни институции. Секоја од нив е специјалист во одредена дејност од медицината.

Сето горенаведено им овозможува на нашите хирурзи да имаат одлични услови за работа, што овозможува успешни операции и задоволни пациенти.

М-р Зоран Николовски, шеф на Оперативен блок

 

Врвни стандарди за стерилизација

 

Одделението за стерилизација во Ре-Медика го водат медицинските техничари со долгогодишно искуство. Функционално е поделено на два дела, т.н. стерилен и нестерилен. Нестерилниот или работен дел се користи за миење и подготовка на материјалите за стерилизација. Во стерилниот дел на специјални полици со решетки, кои овозможуваат струење на воздухот, се складира стерилниот материјал, кој, пак, е поделен во зависност на кое одделение припаѓа.

Во работниот дел се стационирани машини за перење Getinge на инструментите и машина за перење и дезинфекција на ендоскопските инструменти. По миењето и сушењето на инструментите се прави нивна контрола, подмачкување, редење во решетки и пакување за стерилизација.

Самиот процес на стерилизација се одвива во најмодерни апарати на водна пареа Getinge, односно автоклави кои се целосно компјутеризирани и алармираат доколку има нарушување на параметрите на процесот на стерилизација.

Во секој циклус и во секоја решетка која оди на стерилизација се ставаат одделни индикатори кои се уште еден вид на контрола и кои пред пуштање на инструментите во оперативниот блок мора да бидат проверени дали е сѐ в ред со стерилизацијата.

Сите термолабилни инструменти се стерилизираат во одделен плазма Sterat стерилизатор кој работи на т.н. ниска температура.

Целосно се запазуваат стандардите за подготовка, чистење, миење, како и пакување на потребните медицински инструменти. Со тоа се постигнува златен стандард на стерилизација на севкупниот медицински инструментариум.

en_USEnglish