Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ОФТАЛМОЛОГИЈА

Велат „Окото е прозорец на душата“, сетило кое ни овозможува колоритно доживување на светот околу нас како ниедно друго. Видот и неговото зачувување се интегрална потреба во хаосот на секојдневието. Редовни офталмолошки прегледи водат кон здрави очи и здрав организам.
Во нашата офталмолошка ординација ги имаме сите актуелни и модерни апарати кои се потребни за целосна дијагностика и скрининг за болести на окото. Со помош на современ автокераторефратометар се постигнува брзо и прецизно одредување на рефракција на окото, како и на квалитетот на солзниот филм.
За само неколку секунди со помош на безконтактен тонометар се мери очниот притисок. Прегледот на очното дно е рефлексија на здравствената состојба на организмот и може да открие болести кои тлеат во вашето тело. Нашиот тим е секогаш спремен за соработка и одговор на сите ваши прашања

Д-р Ванчо Д. Биковски , офталмолог

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ОФТАЛМОЛОГИЈА

en_USEnglish