Почитувани клиенти!
Стручниот персонал и искусен тим на доктори и медицински сестри во Специјалистичката ординација по Медицина на труд во ПЗУ ПРИМА-МЕД обезбедува квалитетни здравствени услуги, спроведува задолжителни систематски прегледи на вработени лица и врши прегледи пред вработување. Овие прегледи се вршат во согласност со насоките за имплементација на европските регулативи и спроведување на Законот за Безбедност и здравје во Република Македонија, во законски предвидените временски интервали во зависност од проценетиот ризик на работното место (12, 18 и 24 месеци).
Покрај утврдувањето на здравствената состојба кај вработените и нивната работоспособност, препорачуваме и мерки за заштита и унапредување на здравјето.
Имаме капацитет и искуство во администрирање и спроведување на прегледите на вработените согласно стандардите и потребите на работодавачите во Република Македонија, странски компании и интернационални организации.
На работодавачите им нудиме и специјализирани услуги за учество на наш Специјалист по медицина на труд во изработката на Изјавата за безбедност и здравје и проценка на ризикот на работните места, како и вршење на Обука за прва помош на вработените.
Контактирајте не и закажете ги вашите систематски прегледи во ПЗУ ПРИМА-МЕД, Специјалистичката ординација по Медицина на трудот!
- Наша цел е да обезбедиме превенција, поставување на рана дијагноза и соодветен третман преку превентивните систематски прегледи!
- Ви гарантираме високо професионална услуга од искусен стручен тим во ординациите опремени со најсовремена опрема и апаратура!
- Акцент ставаме на квалитетот на услугите со можности на избор на проширени превентивни пакети (основен, проширен,менаџерски) согласно полот и возраста на нашите клиенти, даваме стручно мислење и совет!
- Нудиме можност за проширување на услугите со вклучување на врвни професионалци од широкиот спектар на специјалистички услуги што ги нуди ПЗУ Ре-Медика!
- Секогаш сме спремни да ги интегрираме потребите на нашите клиенти во широкиот спектар на услуги кои ги нудиме!
Нека одговорноста и инвестирањето во сопственото здравје и здравјето на вработените бидат ваш императив, што ќе резултира со подолг работен век и поквалитетен живот!
За повеќе информации јавете се нашите телефони, или контактирајте не на наведените Е-маил адреси!
Со почит, Директорот и вработените од ПЗУ ПРИМА-МЕД!