НЕВРОЛОГИЈА
Одделот за неврологија , кој функционира уште од самите почетоци на првата приватна општа болница Ре-Медика, ги згрижува пациентите со најразлични невролошки тегоби и заболувања: хронични невролошки дегенеративни заболувања како на пример Паркинсоновата болест, деменции и полиневропатии. Истотака, на Одделот за неврологија фукционира и соодветна дијагностика и третман на епилепсии, состојби после прележан мозочен удар, како и дијагностика и третман на главоболки и мигрени, вертигинозни тегоби, невралгии, лумбоишиалгии и други болни синдроми. Вклучително, се третираат и пациенти со психијатриски тегоби.
Во ординацијата за Неврологија се инсталирани неколку современи дијагностички медицински апарати: медицински апарат за ЕЕГ (електроенцефалогафија) и ЕМГ(електромиографија) со ЕП (евоцирани потенцијали), ултразвучен апарат за колор доплер дијагностика на екстракранијални и транскранијални крвни садови, како и портабл доплер апарат за ултразвучен транскранијален мониторинг на мозочните крвни садови.
Покрај дијагностиката и третманот во ординацијата за неврологија, на нашите пациенти им стои на располагање и можноста за згрижување и третман на интервентни состојби на Одделот за дневна болница.
Истотака, во соработка со Одделот за радиологија, невролошките пациенти имаат можност за снимање на најсовремен апарат за Компјутерска томографија, каде се изведува брза и прецизна дијагностика на мозокот и рбетниот столб. Резултатите од компјутерската томографија се добиваат неколку минути после снимањето, со што лекарот-невролог е во можност веднаш да препорача соодветна терапија.
На Одделот за неврологија се вработени двајца искусни специјалисти: Д-р Бјанка Чачев Спанческа и м-р сци. д-р Горан Колевски.
– Мигрени и други главоболки
– Невралгии
– Вртоглавица и пореметување на рамнотежата
– Пореметување на памтење/деменција
– Болни синдроми – болки во вратниот или лумбалниот дел од ‘рбетот (цервикобрахијален синдром, лумбоишиалгија и сл.)
– Паркинсонова болест, тремор и други пореметувања на движењето.
– Пореметувања на голтање и зборување
– Дегенеративни болести на мозокот и рбетниот столб
– Епилепсија
– Превенција и третман на мозочен удар.
– ЕЕГ – Електроенцефалографија – за регистрирање и следење на електричната активност на мозокот:
– Овозможува функционална анализа на работата на централниот нервен систем без никакви штетни последици.
– Може да се прави и кај трудници и кај деца.
– Испитувањето трае околу 30 мин.
ЕМГ – електромиографија и ЕПевоцирани потенцијали – за дијагностицирање на оштетувања на периферниот нервен систем и невромускулни болести:
-Овозможува функционална анализа на состојбата на периферните нерви. Со ЕМГ се оценува степен, место, опсег и вид на оштетување на мускули и нерви.
– Испитувањето трае околу 60 мин. Се препорачува пред прегледот да не се користат креми, масти или гелови за кожа.
– Консултативни и систематски прегледи
-Коментирање на наоди од компјутеризирана томографија и магнетна резонанца на мозок и
‘рбетен столб, како и KT ангиографија
Неинвазивна ултразвучна дијагностичка метода
– Овозможува детекција на стеснување или запушување (стеноза или оклузија) на артериите на вратот и мозокот
– Детекција на артериосклероза
– Индицирано е при следните состојби:
– Исхемичен мозочен удар (акутен и/или состојба после прележан удар)
– Главоболки
– Срцеви аритмии
– Артериска хипертензија
– Прележан миокарден инфаркт
– Атеросклероза
– Хиперлипидемија
– Дијабетес
– Васкулопатии и други патолошки состојби на крвните садови
Неинвазивна ултразвучна дијагностичка метода
– Брза, прецизна и ефикасна метода за утврдување на ризик од мозочен удар
– Овозможува откривање на микротромби во мозочната циркулација
– Овозможува мониторинг во тек на оперативни зафати и процедури на кардиоваскуларниот систем (стентирање, каротидна ендартеректомија и сл.)