ОПШТА ХИРУРГИЈА И АБДОМИНАЛНА ХИРУРГИЈА
Општата и абдоминална хирургија претставуваат дел од хируршкиот оддел од самиот почеток на Ре-Медика. Современите текови и развој ги инкорпориравме во нашиот оддел, па денес благодарение на целиот тим на Ре-Медика одиме во чекор со најновите светски трендови на медицински третман и нега на пациентите.
Општата и абдоминална хирургија ги опфаќаат најчестите болести во популацијата, најновите трендови бараат овие проблеми да се решаваат со минимално инвазивни техники,а болничкото лекување да е пократко. Во ист правец се и барањата на пациентоте за побезболни оперативни зафати, подобар естетски исход и побрзо постоперативно закрепнување.
Поголемиот дел од интервенциите од општата и абдоминална хирургија се изведуваат лапароскопски почнувајќи од холецистектомија, кила на предниот абдоминален ѕид па до оперативни зафати на дебелото црево.
Поправката на кила претставува една од најчесто изведуваните оперативни зафати во светот. Во нашата установа се нуди оперативен третман кој е во склоп со најновите препораки на европските здруженија за хернија, па така се изведува лапароскопска и отворена поправка на ингвинална и сите други видови на хернија.
Исто така можен е лапароскопски третман на бенигни болести на желудникот (хијатална хернија и ахалазија ), како и дијагностичка лапароскопија на одредени состојби,
верифицирање на степен на зафатеност кај малигни болести на дигестивниот тракт и земање на примероци за анализа. Како дел од интервенции кои сме во можност да ги изведеме лапроскопски се оперативните зафати на дебело црево како за бенигни така и за малигни болести.