Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ДАНЕА ФАРМ

Ваша аптека за поинаква и подобра фармацевтска грижа

Во април 2018 година започна со работа аптеката Данеа-Фарм. Сместена е во главниот хол на првата приватна општа болница Ре-Медика и е достапна до сите пациенти секој ден од 8 до 20 часот и секоја сабота од 9 до 14 часот.

Во Данеа-Фарм работат дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари, кои го следат развојот на фармацијата за целосна и подобра фармацевтска грижа за сите пациенти. Фармацевтите соработуваат со медицинскиот тим на Ре-Медика за лековите и медицинските средства кои се потребни секогаш да бидат достапни до пациентите.

Аптеката располага со широка палета на лекови и медицински средства. Пациентите може да резервираат лек на телефон и потоа да дојдат да го земат. Доколку некој лек е дефицитарен фармацевтот во аптеката ќе се обиде да го набави.

Во Данеа-Фарм има редовни акции за медицинска козметика, со подароци и попусти за пациентите.

Повелете во Данеа-Фарм, за поинаква и подобра фармацевтска грижа за вашето здравје.

Контакт

Работно време

en_USEnglish