АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ
Кога 2004 година започна да се реализира и гради првата приватна општа болница во Македонија идејата и визијата да се создаде болница која ќе обезбеди врвна здравствена услуга за своите пациенти и клиенти, не можеше да заживее ако сите функционални делови на современа болница не се вклопија во плановите и не се опремија со софистицирана опрема и екипираа со професионален и стручен персонал.
Како клучен дел во работење на секоја болница неминовно беше да се формира Оддел за анестезија и интензивно лекување кое мораше да ги исполнува сите најсовремени критериуми од областа на анестезиологијата и интензивното лекување.
Професионалениот тим од искусни доктори-анестезиолози, медицински сестри и медицински техничари-анестетичари, физиотерапевти го екипираа Одделот и ги применуваат најсовремените медицински доктрини, стандарди и методи за анестезија, мониторинг и лекување според медицина базирана на докази и според стандардите и препораките на професионалните европски и светски анестезиолошки асоцијации. Одделот во Ре-Медика обезбедува 24-часовна, 7-дневна специјалистичка анестезиолошка дејност и тоа во следните дејности:
- Преоперативен специјалистички и консултативен анестезиолошки преглед и преданестезиолошка евалуација на здравствената состојба како стандарден дел за подготовка на пациентите кои се подложуваат на сите дијагностички, интервентни и оперативни процедури при кои е потребна анестезија
- Анестезија за елективни и итни оперативни, дијагностички и интервентни процедури кај сите пациенти-амбулантски и стационарни во Ре-Медика
- Општа анестезија, при која користиме најмодерни и најбезбедни кратко делувачки интравенски и инхалациони анестетици, кои овозможуваат пациентите брзо да се будни и свежи и после хируршките интервенции
- Регионални типови на анестезија и аналгезија – го следиме светскиот тренд и користиме регионална анестезија и аналгезија при сите хируршки интервенции кај кои тоа е можно и пожелно:
– Спинална анестезија
– Епидурална анестезија
– Комбинирана спинална-епидурална
– Континуирана епидурална аналгезија за третман на постоперативна болка - Ремедика е прва болница во Македонија која користи РСА – пумпи за пациент контролирана аналгезија за интравенска или епидурална апликација
- Регионална интравенска анестезија – RIVA
- Акушерска анестезија и сите типови на акушерска аналгезија – спинална, епидурална и комбинирана еписпинална 24/7.
- Интензивно лекување кај критично болни пациенти–оперирани или не, кои побаруваат посебна нега и третман во Централната единица за интензивно лекување со капацитет од 7 интензивни места со комплетен основен и хемодинамски мониторинг
- Третман на акутна и хронична болка
- Амбулантна анестезија за сите ендоскопски прегледи – гастроскопии, колоноскопии и полипектомии, КТ снимања
- Поставување на имплантациони портови за апликација на хемотерапија
- Вентилаторна механичка терапијa, респираторна физикална терапија и инхалаторна терапија
- Ентерална и ТПН – тотална парентерална интравенска нутриција
- Реанимација
ЛОКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТА
Оперативниот блок го сочинуваат 5 модерни операциони сали опремени со најнови апарати и монитори за анестезија, современа опрема и комплетен инструментариум. Тука се извршуваат сите видови општи, регионални и комбинирани анестезии од сите хируршки гранки освен невро и кардиохирургијата
Ре-Медика го следи светскиот тренд за еднодневна хирургија. Нејзиниот капацитет е една операциона сала и 9 кревети за постанестетичка нега. Претходно комплетно испитани и подготвени пациенти се примаат во Дневната болница за пократки оперативни и дијагностички интервенции, се опоравуваат после нив и се испишуваат во тек на денот
Амбулантни анестезии се извршуваат низ целата болница каде е потребна краткотрајна анестезија со нужен висок стандард за анестезиолошка нега за дијагностички, терапевтски и интервентни процедури
Центар за Асистирана Репродукција при Ре-Медика е комплетно нов оддел со една ИВФ-интервентна сала со комплет анестезиолочка опрема и постинтервентна соба за опоравок со капацитет од 8 места. Центарот ги користи услугите на Одделот за анестезија при ИВФ пункции, ембриотрансфери, рејувенации, TESSE процедури и слично висок стандард за анестезиолошка нега за дијагностички, терапевтски и интервентни процедури
Ендоскопската амбуланта е локација каде повеќето ендоскопски интервенции (гастроскопии, колоноскопии, гастро-колоноскопии, ендоскопски полипектомии, дилатации, биопсии) се извршуваат со седација или краткотрајна анестезија
Одделот за радиологија ги користи анестезиолошки услуги при КТ и други РТГ снимања, биопсии, снимања на деца, коронарографии и друго
Поставувања на дренови, перкутани торакални и абдоминални дренажи, сонди и друго кај кои е потребна амбулантна анестезија
Единицата за интензивно лекување располага со капацитет од 7 интензивни кревети во 3 одделни простории. Со комплетен мониторинг во која се обезбедува третман на најтешките пациенти кои имаат потреба од специјална интензивна нега и лекување во пред и постоперативниот период како и интернистички пациенти
ОПРЕМА
Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување е првиот анестезиолошки оддел во Македонија кој ги достигна високите светски стандарди во анестезиолошката практика во однос на смесување, опрема, мониторинг, дијагностика, мини лабораторија, вентилаторна подршка и се друго потребно за обезбедување на квалитетна и сигурна анестезија, сатисфакција на пациентот и максимално обезболување.
- GE –Datex-Ohmeda Carestation – анестезиолошки апарати користиме во оперативниот блок, родилните сали, дневната болница, комплетирани со
GE – Datex-Ohmeda модуларни монитори кои обезбедуваат:
– Стандарден мониторинг (ECG, NIBP, пулс оксиметрија-ЅаО2, Темп)
– Инвазивен мониторинг (CVP, IAP, PAP, PCWP, CO)
– Специјален мониторинг:- Капнографија– ја мери концентрацијата на јаглен диоксид во издишаниот воздух – ЕtCО2
- Ентропија – контрола на длабочината на сонот во анестезијата
- Невромускуларен мониторинг– за контрола на ефектот на невромускуларните релаксанти – TOF
- Спирометрија– мониторирање на вентилаторните промени
- GE – Datex-Ohmeda централен мониторинг. Сите 16 монитори од операционите сали и Интензивното лекување се интегрирани во мрежа преку централен монитор кој има способност да ги меморира континуирано податоците за виталните параметри на пациентите во тек на 28 часа
- Ре-Медика е единствена болница во Македонија која поседува Апарат за џет вентилација- Karl Reiner за вентилирање на пациенти без потреба за интубација при интервенции на грло, бронхоскопии и др.
- Опрема за тешка интубација и контрола на дишниот пат – ги користиме сите видови ларингеални маски и фибероптички бронхоскоп и ларингоскоп Оlympus, видео ларингоскоп
- Единицата за интензивно лекување е опремена по најсовремени стандарди:
– GE – Datex-Ohmeda неинвазивен и инвазивен мониторинг
– Maquet Servo-i вентилатори за вентилаторна подршка кои ги обезбедуваат сите модуси на контролирана, асистирана и неинвазивна вентилација
– Тотална парентерална и ентерална нутриција
– Кислородна и инхалаторна терапија
– Торакална дренажа
– Респираторна и физиотерапија и останати интензивни процедура
– Гасен анализатор Radiometar ABL 9 (рН, рО2, рСО2, Na, К, Ca, Glu, Hb, Ht, Lact)
– Браун инфузиони и перфузиони пумпи се користат во целата болница за строго контролирана инфузиона терапија
– Браун PCA пумпи за обезболување според потребата на пациентот - Секој Оддел е екипиран со план и комплетна опрема за реанимација и дефибрилатори
Одделот за анестезија и интензивно лекување при ПЗУ Ремедика континуирано продолжува во едукација на својот персонал, осовременување на својата анестезиолошка опрема со цел на обезбедување максимално сигурна, современа анестезија за своите клиенти.