Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година. За прв пат се имплементирани светските стандарди за здравство на нашите простори.
Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година. За прв пат се имплементирани светските стандарди за здравство на нашите простори.
Ре-Медика ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна и достоинствена здравствена заштита,односно е во функција на подобрување на општото здравје на пошироката заедница.
Болничкиот објект е лоциран во мирниот дел на град Скопје, во подножјето на парк шумата Гази Баба. Се простира на површина од 5.200 метри квадратни на три ката, опкружена со паркови и зеленило, далеку од сообракајниот метеж, а сепак на само 3 километри од центарот на град Скопје. Ре-Медика располага со вкупно 56 болнички кревети. Сместувањето е на избор на нашите пациенти во 15 луксузни апартмани, двокреветни соби и 10 кревети за интензивна нега. Сите соби се луксузно опремени со што се овозможува комодитет, дискреција, релаксирачка атмосфера, високо рангирани стандарди на уредување на санитарните чворови, со посебено внимание за хигиената. Сите апартмани се комфорни ,добро осветлени со поглед кон природа.Согласно потребите на пациентите во сите соби е инсталирана кабелска телевизија како и брз адсл интернет конекција. Хоспитализираните пациенти имаат можност за избор на разновидно мени соодветно на нивните дневни потреби. Болницата располага со 4 ултра модерни операциони сали, со дигитален пренос на податоци, можност за телемедицина како и опрема за снимање на операциите. Најсофистицирана апаратура поставена во две породилни сали со можност за примена на најсовремени начини и методи на породување.Одделението за гинекологија и неонатологија се гарант за најквалитетно сместување на мајката и новороденчето.
Болницата во континуитет вложува во својот развој што опфаќа обезбедување на современи медиицнски услуги што е предмет на независна оцена од трета страна.
Со процесите на сертификација и акредитација за квалитет и компетентност, се стекнаваме со објективна и независна потрвда за исполнување на меѓународно признатите стандарди од страна на меѓународно акредитирани тела.
ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија основана во 2005 година и со тоа за прв пат се поставени темелите за светски стандарди и протоколи за здравство, за што доби награда за најдобра инвестиција во југоисточна Европа.
Ре-Медика е првата општа болница во РМ која се здоби и во континуитет го одржува сертификатот за квалитет согласно ISO 9001:2008
Лабораторијата за Ин Витро Фертилизација при одделот гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се здоби со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013. Со истиот сертификат се здоби и дијагностичко-биохемиската лабораторија на болницата.
Во Ре-Медика се роди првото бебе во РМ од смрзната јајце клетка.
Ре-Медика е прва општа болница во РМ која ја примени стеротаксичната биопсија.
Ре-Медика е прва болница во РМ која е наградена за најдобри општествено одговорни практики.
ПЗУ Ре-Медика, оддел неонатологија, во целост го спроведува концептот Постпартален третман на новородени со примена на принципите за „Болница пријателка на бебињата“
ПЗУ Ре-Медика, оддел неонатологија, го оформи Центарот за едукација на родилките при доење со успешност 98%.
ПЗУ Ре-Медика за својот одговорен бизнис према пациентие и општеството прогласена за национален шампион за 2013/2014 година од страна на Европската бизнис комисија.
Ре-Медика е првата општа болница во РМ која се здоби и во континуитет го одржува сертификатот за квалитет согласно ISO 9001:2015
Ре-Медика е првата општа болница во РМ која се здоби со сертификатот за управување со животна средина согласно ISO 14001:2015
Пациентите со право заслужуваат да бидат во центарот на вниманието и да им се посвети максимално време и грижа. Пациентите денес се едуцирани, знаат што да очекуваат и знаат зошто даваат доверба на одредена болница.