Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Нашиот оддел Гинекологија и акушерство е спој на искусен кадар и врвна технологија. Гинеколозите со различни субспецијалности успешно се грижат за женското здравје. Работиме според светски протоколи, со индивидуален пристап, како и како мултидисциплинарен тим. Тоа овозможува безбедно следење на бременоста, породување и изведување на современи гинеколошки операции.

Организација на одделот:

– Перинатологија со акушерство

– Оперативна гинекологија со гинеколошка онкологија и урогинекологија

– Асистирана репродукција со ИВФ

Хиерархиската поставеност и тимската работа се многу важни. На тој начин сѐ функционира беспрекорно!

Со почит

Д-р м-р Симонида Котларова Попоска, шеф на Гинекологија и акушерство.

ПЕРИНАТОЛОГИЈА СО АКУШЕРСТВО

Ре-Медика се гордее со својот високопрофесионален тим. Ние ја почитуваме секоја пациентка, како уникатна по својата природа.

Нашиот медицински тим целосно ја следи бременоста на пациентките, без разлика на тоа дали станува збор за уредна или високоризична бременост, а меѓу методите кои ги применува се и:

– 4D и 3D ултрасонографија во бременост

– Ран скрининг на аномалии во првиот триместер од бременоста

– Пренатални неинвазивни тестови

-Ултразвучен скрининг и евалуација на срце на плодот во 20-22 гестациска седмица

-Следење на раст и развој на плодот во третиот триместар со мерење на циркулација во мозочни и умбиликални крвни садови.

Породилиштето во Ре-Медика работи по врвни стандарди, што на жените им влева голема доверба и може да бидат спокојни и за себе и за породот. Стручниот тим е искусен и со голем стаж во работата. При секое породување активно се вклучени гинеколог-акушер и акушерка, а присутни се и анестезиолог и педијатар.

На барање на родилката на породувањето може да присуствува и партнерот.

Ре-Медика подготви специјални пакети за породување. Со нив се нуди целосна здравствена грижа за родилката и за бебето во периодот пред и по породувањето.

ОПЕРАТИВНА ГИНЕКОЛОГИЈА СО ГИНЕКОЛОШКА ОНКОЛОГИЈА И УРОГИНЕКОЛОГИЈА

Нашиот медицински тим во оперативната гинекологија и онко-гинекологиjата функционира мултидисциплинарно и е составен од врвни специјалисти по гинеколошка

хирургија. Во Ре-Медика се извршуваат сите оперативни зафати од областа на гинекологија и урогинекологија, класично и со минимално инвазивни методи.

en_USEnglish