АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА СО ИНВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА
Почитувани,
Процесот на зачнување е фасцинантно софистициран и зависи од цел мозаик фактори со поголемо или помало влијание.
За жал, дел од нас имаат проблеми и им е потребна асистенција да ја остварат својата желба за потомство. Во нашиот Центар за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација, кој е дел од ПЗУ Ре-Медика од самото основање, работи искусниот тим со брендираната опрема, современи процедури и високи стандарди. Сето тоа е гаранција за квалитетот на нашата услуга.
Во рамки на Р.С. Македонија, пионири сме во етаблирањето на одредени процедури во гинекологијата и асистираната репродукција, со цел подобра дијагностика и третман на неплодоноста. Ја воведовме 3Д и 4Д ултразвучна дијагностиката во откривање на аномалиите, патологијата на матката. Во 2012 година за прв пат во нашата држава ја воведовме преимплантационата генетска анализа со изведување на првата биопсија на ембриони. Следејќи ги трендовите за криопрезрвација на фертилноста ја воведовме техниката за брзо замрзнување или витрификацијата, со која прв пат во нашата земја се роди дете од замрзната јајце клетка. Ја воведовме техниката на ласер асистиран hatching во ембриологијата, ИМСИ, го започнавме процесот на донација на сперматозоиди, јајни клетки и ембриони.
Во 2016 година за прв пат во нашата земја ја имплементиравме и најновата техника на оваријална рејувинација или т.н. подмладување на јајниците, во смисол на подобрување на оваријалната резерва кај пациентките како и кај оние со предвремено настаната менопауза, а во 2017 година се роди и првото бебе од сурогат мајка. Во 2021 година за прв пат во нашата земја воведовме неинвазивно генетско предимплантационо тестирање за аномалии на ембриони (ni-PGT-A), со кое без никаков ризик за ембрионите добиваме информација за квалитетот на генетскиот материјал како и приоритизација на еден ембрион во однос на друг при трансфер.
Со тоа направивме вистински прогрес во решавањето на неплодноста што ни донесе подобри резултати таму каде што другите методи не постигнуваа успех. Сето тоа не прави моќни и безбедни во решевањето на неплодноста. Постигнатите резултати во минатиот период нѐ вбројуваат во самиот врв на центрите во регионот.
Нашиот професионален тим ќе биде секогаш со Вас за полесно и поедноставно да ги поминеме и надминеме сите проблеми и да стасаме до посакуваната цел. Ние сме тука за Вас, затоа што Вашата победа е и наша.
Проф. д-р. Зоранчо Петановски Шеф на Одделот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација
АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА СО ИНВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА
Со акредитацијата на Лабораторијата за асистирана репродукција и инвитро фертилизација со стандардот ИСО 15189:2012 се потврди квалитетот на работата и компетентноста на персоналот, а воедно се воведоа и нови контролни системи кои овозможуваат идеални услови за обработка на гамети и развој на ембриони. Надворешната контрола од страна на ИВФ експерти го потврди успехот на нашиот тим да создаде систем во кој административните, лабораториските и медицинските процедури гипретвори во дневна пракса.
Со примената на стандардот се овозможува континуирано мониторирање на лабораториската опрема (планирање и имплементирање на превентивното одржување, калибрација и контрола), континуирана обука на персоналот, мониторирање на индикаторите на квалитет, континуирано надградување на услугите на Лабораторијата со воведување на нови техники, како и мониторинг на резултатите од целокупниот процес на оплодувањето до раѓањето на новородените. Комбинацијата на точно контролирани лабораториски услови, користење на нова генерација на медиуми, како и врвна техничка опременост, гарантираат идеални услови за асистиран раст и развој на ембриони.
Познавање за преимплантациониот развој и континуираното едуцирање и обучување за нови ИВФ техники се нашата движечка сила уште од самиот почеток. Високиот процент на постигната бременост и бројот на родени деца е најсилниот доказ за квалитетната работа на Лабораторија.
Со прошувањето на Лабораторијата во нови простори се овозможи ИВФ Центарот да прими уште повеќе парови на кои ќе им ги понуди најсофисицираните процеси на оплодување за да конечно им се острвари сонот да станат родители.
АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА СО ИНВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА
Лабораторијата при Центарот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација е конструирана според најновите интернационални стандарди од Европската и Американската асоцијација за хумана репродукција и инвитро-фертилизација, што подразбира висок степен на контрола на квалитетот на работата и на услугата кон пациентите. ИСО стандардизацијата на ИВФ лабораторијата (единствена во нашата земја), како и нејзиното проширување е уште еден доказ на нашата посветеност во континуираното подобрување на квалитетот на работата и услугата што им ја пружаме на пациентите.
Мотото на нашата лабораторија е обезбедување на идеални услови за создавање, евалуирање, трансферирање и чување на ембрионите од нашите пациенти. Покрај постоечката ИВФ опрема, лабораторијата е збогатена со најновата серија на работни станици и на т.н. state-of-the-art инкубатори (benchtop) кои се повеќекоморни мали инкубатори, со што се овозможува уште поголем контрола на средината за развој на ембрионите на секој пар пациенти поединечно.
Центарот има посебна вентилациона мрежа обезбедена со HEPA (High Efficiency Particular Air) и систем на активен јаглен со кој се постигнува висок степен на чистота на воздухот (мал број на партикули и прочистен од испарливи органски компоненти). Со овој вид на вентилација се отстрануваат надворешните воздушни контаминанти кои можат да влијаат врз развојот на ембрионите. Ваков тип на филтри се поставени посебно во сите инкубатори за да се овозможи беспрекорно чиста микросредина на ембрионите.
Со ваквата опрема и контрола на средината (концентрација на гасови, температура, влажност, определена pH) се имитираат природните услови за развојот на ембрионите, исти како во матката на жената. Употребата на високософистицирани микроскопи со висока резолуција овозможува правилен избор на сперматозоиди за оплодување, како и правилна селекција на ембриони за трансфер преку анализа на морфологијата и класификацијата на истите.
Во состав на Центарот, направена е посебна просторија за криопрезервација на репродуктивниот материјал (сперматозоиди, јајце клетки, тестикуларно ткиво и/или
ембриони), обезбедени се поголем број на резервоари со течен азот за нивно чување со што се овозможува зголемување на бројот на местата за криопрезервација кај пациентите кои имаат потреба од оваа метода.
Нашите пациенти ни ја дадоа довербата за да им помогнеме во создавањето на нивното потомство, а ние сме должни да им понудиме најдобри услови за тоа.
Ги покануваме пациентите кои сакаат да го остварат својот сон и да создадат потомство да дојдат или да се јават за каква било консултација/преглед во просториите на ИВФ центарот.
Според светските статистики се смета дека кај жените годините се најголем непријател за добивање на потомство. Кај жените над 37 години значително се намалува оваријалнта резерва, односно квалитативно и квантитативно се намалува бројот на јајце клетките. Кај мажите исто така евидентирано е намалување на концентрацијата на сперматозоидите, така што ако во 1940 година за нормална концентрација се сметала 113 милиони на милилитар, сега таа е намалена на само 15 милиони на милилитар. Од друга страна, начинот на живот и факторите на околината, исто така, неизбежно имаат влијание. Сето тоа придонесува за сѐ почесто индицирање на постапката за ин витро оплодување.
Успехот на ИВФ постапката е мултифакторијален, но според статистиката изнесува околу 50%.
МЕРЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИ
Инфертилитетот претставува хетерогено заболување со мултифакторијална етиологија кој афектира околу 15% од паровите во репродуктивната возраст во светската популација.
Преваленцата на инфертилитетот варира во различни региони и држави, но во секој случај драматично се зголеми бројот на паровите кои ги посетуваат центрите за асистирана репродукција.
Успехот на постигната бременост варира во различни центри со оглед на техниките, медиумите, како протоколите на хормонска стимулација.
Во Р.С. Македонија постои законската регулатива за асистирана репродукција, но сѐ уште не е изработен национален регистар за бројот на пациентите и успехот од ИВФ процедурите на државно ниво. Поради тоа анализата на работа и постигнатиот успехот на ИВФ центарот се споредува со резултатите постигнати во други регионални и светски ИВФ центри објавени со публикации на Европската асоцијација за хумана репродукција.
Од 2008 година, со воведување на Законот за биомедицинско оплодување се овозможи изведување на ИВФ пострапки на товар на Фондот за здравствено осигурување со што се зголеми и бројот на пациентите кои имаат потреби од вакви услуги.
Во Центарот за асистирана репродукција и инвитро-фертилизација при ПЗУ Ре-Медика во период од 2007-2023 година направени се повеќе од 10.000 циклуси кај пациентки.
- Спермограм – анализа на бројот, концентрацијата и морфологијата на сперматозоиди в ејакулат.
- Спермокултура – микробиолошка анализа на ејакулат.
- Интраутерина инсеминација – внесување на обработена концентрација на сперматозоиди директно во матката на жената.
- Инвитро-фертилизација (IVF)- класично инвитро-оплодување .
- Интрацитоплазматско внесување на еден сперматозоид во јајце клетка (ICSI) – се изведува кај парови кога нема доволно нормални и подвижни сперматозоиди, како и кај парови со претходни неуспешни обиди за бременост. Со високософистициран микроскоп се изолира само еден квалитетен сперматозоид и се инјектира во јајце клетката.
- Интрацитоплазматско внесување на морфолошки селектиран сперматозоид (IMSI) со x 6.000 зголемување на високософистициран микроскоп.
- Laser assisted hatching – техника која овозможува ласерско отстранување на мал дел од надворешната обвивка на ембрионот со што се олеснува неговиот понатамошен развој и имплантација во матката на жената.
- Неинвазивна Преимлантациона генетска анализа (ni-PGT-A) – целосно безбедна високо софистицирана технологија на генетска анализа на медиумот во кој е култивиран ембрионот, одбегнувајки трауми како откинување на клетки од ембрионот (биопсија).
- Генетското иследување на ембрионите од најчестите хромозомски аномалии овозможува избор на генетски стабилни ембриони кои обезбедуваат здраво поколение.
- Инвитро-матурација на незрели јајце клетки добиени при ин витро третман (IVM).
- Ембриотрансфер на трети или петти ден (бластоцист).
- TESE – минимално инвазивна техника на екстракција на сперматозоиди со биопсија на тестикуларно ткиво.
- Трансфер на ембриони од други ИВФ лаборатории.
- Криопрезервација на јајце клетки.
- Криопрезервација на ембриони.
- Криопрезервација на сперматозоиди и тестикуларно ткиво.
- Донација на јајце клетки – соработка со OVOBANK (Шпанија) и Medicover Intersono (Украина).
- Донација на сперма – соработка со European sperm bank (Данска) и OVOBANK (Шпанија).
Зошто да замрзнам јајце клетки?
Зошто да замрзнам јајце клетки? Јајниците кај жената се полни со јајце клетки кои се формираат во фоликули (топчести структури исполнети со течност потребна за нормален раст и развој на јајце клетките). Жените за разлика од мажите се раѓаат со
Инвитро-постапка со донорски материјал
Инвитро-постапка со донорски материјал Законска регулатива за оплодување со донорски материјал (сперматозоиди, јајце клетки или ембриони) е спроведена во 2008 година кога се воведе Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување во Република Македонија. За да се исполнат барањата на пациентите кои
Подготовка на парот за ИВФ постапка
Подготовка на парот за ИВФ постапка На првиот закажан преглед потребно е да ја носите целокупната документација од сите претходни дијагностичкo-терапевтски интервенции поврзани со инфертилитетот. Оваа средба претставува Ваше воведување во ИВФ постапката во која ќе ви бидат дадени основните