Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

ТОРАКОВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА

Тораковаскуларната хирургија во Ре-Медика функционира веќе 18 години. Се работат комплетен спектрум на дијагностично-консултативни и терапевтски (хируршки и конзервативни) услуги во торако-васкуларната патологија.

Ι. Дијагностички и консултативни услуги

ΙΙ. Хируршки услуги

1. Кардиоваскуларна хирургија

Проширени вени

Ние сме референтен центар на Р.С. Македонија за третирање на површна венска инсуфициенција (проширени вени), со над 6.000 извршени процедури. Нудиме најсовремени минимално-инвазивни методи и техники за третман на проширени вени кои се изведуваат амбулантски и со локална анестезија:

  • Ласерска аблација – современ златен стандард за решавање на проширените вени
  • Радиофреквентна аблација
  • Venaseal процедура за затварање на проширените вени со лепак, којашто е процедура на избор при определени варијации на болеста
  • Склерозација на површни венски гранки
  • Минифлебектомија на површни колатерали
  • Хируршки стрипинг
  • Ласерски третман на телеангиектазии и спајдер-вени

Патологија на длабоките вени

  • Извршуваме комплетна дијагностика и третман на длабоката венска патологија – фибринолиза и антикоагулација, имплантирање на венски валвули и кава филтри
  • Третман на постфлебитичен синдром и венски улкуси.

Патологија на артериите

  • Дијагностика и третман на артериски болести
  • Хирургија на големите артерии (бај-пас, пач пластика, ендартеректомија)- каротидни, аксиларни, брахијални, феморална и поплитеална артерија
  • Процедури на дисталните артерии
  • Вазодилатативен третман на хронична артериска инсуфициенција со простагландини
  • Третман на дијабетична ангиопатија со алфа-липоична киселина
  • Третман на дијабетично стапало и дијабетични улцери
  • Фистули за пристап при дијализа.

Патологија на перикард

  • Перикардиектомија (за акутен и хроничен перикардит)
  • Фенестрација на перикард

2. Торакална патологија

Во Ре-Медика се изведува најсовремена дијагностика и третман на болести на дојка, торакален ѕид и бел дроб:

  • Воспалителни, бенигни и малигни промени на дојка
  • Воспалителни, бенигни и малигни болести на торакален ѕид
  • Воспалителни, бенигни и малигни болести на бел дроб
  • Торакоцентеза и торакална дренажа (евакуација на плеврални изливи)
  • Хирургија на тироидна жлезда- бенигни и малигни промени

3. Комплетен третман на хронични рани

  • Стазни улкуси
  • Дијабетично стапало
  • Гангрени
  • Декубитуси
en_USEnglish