Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

РЕ-БАЛАНС СЕМЕЕН ЦЕНТАР

ДЕБЕЛИНА

ПРЕВЕНЦИЈА

ИСХРАНА И ЛАЈФСТАЈЛ МЕДИЦИНА

КОЗМЕТОЛОГИЈА И АНТИЕЈЏИНГ МЕДИЦИНА

obesitology

prevention

nutrition & lifestyle

cozmetology & anti - aging

Поддржан со единствен концепт, во служба на здравјето, семејниот Ре-Баланс центар е специјализиран во полето на обезитологијата и превентивната медицина.

Организиран во неколку здраствени единици, опремен со современа дијагностичка и терапевтска апаратура, Ре-Баланс центарот нуди рана превенција и откривање на причинските фактори на болестите преку скрининг Check up програмата, додека преку Weight loss програмот се пружа медицинска грижа за пациентите кои се соочуваат со вишок килограми и дебелина. Достапноста на услугите од лајфстајл медицината преку Нутритивниот програм го надополнува медицинскиот интегриран пристап на стручниот тим во сите третмани каде исхраната е диететска поддршка или диетата е дел од терапијата и рехабилитацијата при одредени заболувања. Бидејќи се грижиме за причините кои се во коренот на настанување на хроничните заболувања, за тимот од експерти, не помалку важни се и нарушувањата на колагенот, еластинот и хидро-липидната бариера на кожата. Затоа го создадовме и Козметолошкиот програм составен од современи антиејџинг и козметички процедури со кој пациентите ќе добијат соодветно решение преку современ тераписки пристап.

Важно е да се грижиш за вишокот килограми – одржувај ја твојата тежина во баланс

Важно е да се прегледаш навреме – одржувај го твоето здравје во баланс

Важно е да се исхрануваш правилно – одржувај ја твојата диета во баланс

Важно е да го негуваш телото – одржувај ја твојата кожа во баланс

Високостручен професионален тим во својата работа користи медицински сертифицирани материјали и апарати почитувајќи ги принципите на добрата лекарска пракса, имајќи за цел да им обезбеди на пациентите квалитетни услуги достапни во центарот:

ДЕБЕЛИНА И WEIGHT LOSS ПРОГРАМ

Важно е да се грижиш за вишокот килограми – одржуваја твојата тежина во баланс

Центарот за дебелина и контрола на телесната тежина е место каде пациентите ќе можат да добијат сеопфатен пристап и целосено решение за вишокот килограми, целулит, поддржана грижа за безбедно слабеење и обликување на телото. Ќе ви помогнеме да воведете нови подобрени навики во животниот стил кои ќе обезбедат долготраен баланс на здрава телесна тежина и оптимални телесни пропорции.

Дебелината останува еден од најголемите фактори на ризик за развој на многу сериозни заболувања и тоа пред се болестите на срцето, шеќерната болест, покачените масти и атеросклерозата, заболувања на коскено-зглобиниот систем, спиечката апнеа, проблеми со неплодноста како и одредени видови на карциноми.

Со грижа за здравјето, во баланс со убавината, 9 -те Програми за слабеење се внимателно дизајнирани да пружат медицинска поддршка на пациентот, тој да се чувствува безбедно и сигурно низ целиот третман на намалување на вишокот килограми, справување со целулитот, како и со сите потешкотии со кожата кои се доста чести по значајна редукција на телесната тежина. Во овие програми се вклучени најиновативните терапии и техники за слабеење и реобликување на телото – неинвазивни, минимално-инвазивни и хируршки инвазивни оперативни интервенции кои се применуваат во реномирани европски и светски медицински центри. Целта на клиничкиот тим е преку достапноста на широката палета на третмани во сите програми и пакети да понуди комплетно решение и стручно менаџирање со дебелината, бидејќи таа можеби повеќе од било кое друго хронично нарушување, бара време, упорност и трпение низ целиот тераписки процес на слабеење.

Првите два програми – FIT SLIM и HEALTH SLIM или Лајфстајл и Метаболниот програм за слабеење во основа се базираат на корекција на исхрана и планирана физичката активност. Посебноста на овие две програми е во тоа што FIT SLIM програмата содржи два пакети кои се иделани за оние кои се без здраствени проблеми и им е потребна редукциска диета и телесна активност, додека HEALTH SLIM програмот го вклучува и лекарскиот преглед кој влева поголема сигурност и при кој се утврдува оптовареноста, односно можните ограничувања во процесот на безбедно и здраво слабеење според здраствената состојба на пациентот

Третиот или Фармакотераписки програм за слабеење – FARMA SLIM нуди 3 пакети и претставува лекување на дебелината со лекови. Трите пакети траат по три месеци, но изборот на лекот според здраствената состојба на пациентот е критериумот по кој се водеше нашиот тим во креирањето на пакетите од овој програм. Програмот е вистинска медицинска помош во грижата за здравјето и животниот стил

Гастричен балон Алурион за слабеење – GASTRO SLIM е четвртиот достапен програм во Ре- Баланс центарот и претставува 6-месечен пакет за третман во 3 фази со единствен концепт на апликација на гастричниот балон без ендоскопска интервенција ниту при пласирање ниту при отстранување на балонот од желудникот. Претставува програм кој нуди безбедна поддршка низ процесот на менување на животните навики кон подобро здравје и оптимална телесна тежина

Со особено внимание и грижа пристапивме во создавањето на Програмот за слабеење во пубертет и адолесценција / TEEN SLIM и Програмот за слабеење при потпомогнато оплодување ИВФ/ FERTI SLIM бидејќи потешкотиите кои можат да се создадат од прекумерната телесна тежина во овие периоди од животот се навистина сериозни. Вишокот килограми и телесни масти во периодот на пубертетот и адолесценцијата е еден од најголемите ризик фактори за подоцнежна појава на шеќерната болест, срцевите проблеми, неплодноста и останати хронични незаразни болести, додека во периодот на вонтелесно оплодување, вишокот на килограми со сите последици може да се и единствената пречка и ризичен фактор за успешна реализација на родителство. Двата програми се грижливо дизајнирани да обезбедат хормоналнен баланс, да пружат помош во редукција на телесната тежина, воведување на здрави животни навики и здрава исхрана како и превенција од можни компликации од дебелината.

Антиејџинг и естетски програми за слабеење и обликување на телото SKIN SLIM е програм во кој пакетите нудат докажани научни медицински неинвазивни или минимално-инвазивни терапии при лекувањето на целулитот, стриите и локализираните масни депозити како едни од најчестите состојби кои ја афектираат кожата и масно ткиво. Постигнувањето на физиолошки телесни пропорции во согласност со генетски детермираната телесна конституција, проблемот со вишокот кожа и нејзиното затегнување преку денес најсовремените методи и постапки е приоритет во СКИН СЛИМ програмата

ABDOMENO SLIM програмот за слабеење е хируршкиот инвазивен програм каде пациентот преку оперативни интервенции ја лекува дебелината. Тоа се оперативни техники кои се применуваат и се наменети за пациенти со сериозно зголемена телесна тежина и телесен индекс кој укажува на трет и четврт степен на дебелина. Професионалниот тим во овој програм е подготвен да пружи безбедност во текот на целиот процес заедно со нутритивната поддршка како значаен дел од целокупниот третман

COMBO програмот за слабеење, целулит и обликување на телото е всушност единствена можност за персонализиран и индивидуален пристап во третманот на дебелината според потребите на пациентот. Планот на лекување го креира клиничкиот тим во соработка со пациентот следејќи ја здраствената кондиција на пациентот истовремено почитувајќи ги неговите желби и можности за да се постигне одличен резултат за редукција на телесната тежина и реобликување на телото.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ WEIGHT LOSS ПРОГРАМ

FIT SLIM

ЛАЈФСТАЈЛ ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Основата на оваа програма е балансирана исхрана и физичка активност, фокусирајќи се на одржливо губење на тежината и целокупната благосостојба. Оваа програма содржи два пакети

🌟 ФИТ СЛИМ пакети се иделани за оние кои немаат здраствени проблеми, туку им е потребна корекција на исхраната или вежби. Она што ги разликува овие два пакети е видот на исхрана (со или без заменски оброци) и присуството на физичка активнсот

📋 Што содржи програмот?

*Основен лабораториски панел (крвни маркери) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

HEALTH SLIM

МЕТАБОЛЕН ПРОГРАМ ЗА СЛБЕЕЊЕ

Откријте ja HEALTH SLIM, нашата специјализирана метаболичка програма дизајнирана да одговори на вашите единствени потреби!

🌟Даваме приоритет на приспособен план кој не само што се насочува кон намалување на телесните масти, туку и се фокусира на корекција и подобрување на поврзаните здравствени состојби или болести под водство на нашите медицински експерти. Поради тоа HEALTH SLIM програмот го вклучува и лекарскиот преглед кој влева поголема сигурност и при кој се утврдува оптовареноста, односно можните ограничувања во процесот на безбедно и здраво слабеење според здраствената состојба на пациентот

📋 Што вклучува програмата HEALTI SLIM?

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

FARMA SLIM

ФАРМАКОТЕРАПИСКИ ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Истражете ја моќта на фармакотерапијата за слабеење со FARMA SLIM која нуди три различни пакети, од кои секој трае три месеци. Дизајнирана да се справи со дебелината користејќи терапија со лекови! 💊

📋Што вклучува програмата FARMA SLIM?

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

GASTRO SLIM

АЛУРИОМ ГАСТРИЧЕН БАЛОН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Кажете им збогум на инвазивните процедури и здраво на неинвазивниот, ефективен пристап за слабеење со GASTRO SLIM, нашата програма за гастричен балон Alurion, балонот доаѓа во пригодна форма на капсула која се проголтува со вода.

💫 Што содржи програмата?

*Основен лабораториски панел (крвни маркери) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци. Тековна медицинска поддршка во текот на целиот 6-месечен период

SKIN SLIM

АНТИЕЈЏИНГ ЕСТЕТСКИ ПРОГРАМИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ОБЛИКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

Искусете ја трансформативната моќ на SKIN SLIM, нашата антиејџинг и естетска програма дизајнирана да одговори на вообичаените проблеми на кожата и масното ткиво!

Докажани неинвазивни и инвазивни техники во SKIN SLIM програмот се наменети за:

📋 Што вклучува програмата SKIN SLIM?

  • Ласерска липосукција
  • Инјектибилна липолиза
  • Целутрикс мезотерапија
  • Морфеус РФ и микорониделинг
  • Хируршка липосукција
  • Абдоменопластика (стомак)

*Основен лабораториски панел (крвни маркери) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

ABDOMENO SLIM

БАРИЈАТРИЧНА ХИРУРГИЈА/ ОПЕРАЦИИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Операциите за слабеење, познати и како баријатриски операции, се хируршки интервенции препорачани за лица со индекс на телесна маса што укажува на дебелина од трет и четврти степен. Факторите како што се степенот на дебелина, целокупната здравствена состојба и возраста играат клучна улога во одредувањето на соодветниот тип на баријатриска интервенција за секој пациент. Одлуката за хируршка интервенција обично се донесува по минимум 6 месеци конзервативен третман и се заснова на проценката и соработката помеѓу пациентот и клиничкиот тим. Во текот на интервенциите постојаната медицинска и нутритивна поддршка е дел од:

📋 Што вклучува програмата ABDOMENO SLIM:

🩺 Операции кои се извршуваат во ABDOMENO SLIM:

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

TEEN SLIM

ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ВО ПУБЕРТЕТ И АДОЛЕСЦЕНЦИЈА

Вишокот тежина и телесните масти за време на пубертетот и адолесценцијата може да станат главни фактори на ризик за разни хронични незаразни болести кои можат да се манифестираат подоцна во текот на животот – дијабетес, срцеви проблеми, неплодност и многу повеќе…

🌟 Ве поттикнуваме со знаење и алатки за усвојување одржливи здрави навики кои позитивно ќе влијаат на вашиот живот, сега и во иднина.

📋 Што вклучува програмата TEEN SLIM

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

FERTI SLIM

ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ПРИ ПОТПОМОГНАТО ОПЛОДУВАЊЕ

Нашите прецизно дизајнирани програми се фокусираат на постигнување хормонална рамнотежа, помагање за намалување на тежината, всадување на здрави животни навики и промовирање на хранлива исхрана.

📋 Силно веруваме во превенцијата и се стремиме да ги минимизираме потенцијалните компликации кои произлегуваат од дебелината. Не дозволувајте вишокот килограми да ви го попречи патот до исполнет живот!

Што вклучува програмата FERTI SLIM?

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

*Програмот по потреба може да се намени и за двата партнери

COMBО SLIM

КОМБИНИРАН ПРОГРАМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ, ЦЕЛУЛИТ И ОБЛИКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

Со задоволство ја откриваме нашата извонредна COMBO програма, единствена можност за персонализиран и индивидуален пристап прилагоден на вашите уникатни потреби.

✨ Оваа програма дизајнира сеопфатен план за третман кој не само што ја зема предвид вашата здравствена состојба, туку и ги почитува вашите преференции и ограничувања. Нашата крајна цел е да постигнеме извонредни резултати во намалувањето на телесната тежина и преобликувањето на вашето тело, а сето тоа земајќи ги предвид вашите индивидуални околности.

📋 Што вклучува програмата COMBО SLIM

*Комплетен лабораториски панел (биохемиски маркери, витамини, ензими, хормони..) може да се изработи во лабораторијата на Ре-Медика или резултатите од лабораториските иследувања да се донесат не постари од 6 месеци

ЗДРАВСТВЕН СКРИНИГ И CHECK-UP ПРОГРАМ

Важно е да се прегледаш навреме – одржувај го Твоето здравје во баланс

Одделот за превентивни прегледи во Ре-Баланс центарот нуди редовни медицински процедури и испитувања со цел примарна, секундарна или терциерна превенција на болестите и нивните компликации.

ШТО е превентивен прегелед ?

Тој е преглед – чувар на Вашето здравје, кој ќе Ви овозможи да останете во добра здраствена кондиција, а нашиот стручен тим ќе се погрижи да го добиете најдобриот совет или третман според резултатите од изведениот Check up преглед.  Всушност, претставува планирано иследување кој има за цел да го согледа степенот на здравјето на одредени органи и системи таргетирани во тоа испитување и според наодот да се советуваат соодветени превентибилни или тераписки мерки.

КОГА се прави превентивен преглед и ЗОШТО да го планирате во Вашиот здраствен календар?

Check up прегледот се прави во оној период кога впрочем се чувствуваме здраво и немаме појава на било каква тескоба или симптом што би укажало на постоење на болест или некое нарушување на здраствената состојба.

Но, освен што со помош на специфични методи, апарати и постапки во тек на прегледот се овозможува навремено дијагностицирање на рани постоечки промени на органот кој се иследува уште во фаза кога заболувањето е без забележливи знаци и симптоми со цел да се најде болеста во својата најрана и најлечлива фаза, исто така, превентивниот прегелед доколку се врши кај пациенти со веќе дијагностицирани здраствени проблеми, овозможува насочено следење на степенот на здравјето на целниот орган и болеста со цел успешно справување со здраствената состојба,  лекување и превенција од компликации.

КОЛКУ ЧЕСТО се прави превентивен преглед?

Превентивните прегледи се повторувачки, а нивната честота на изведување, односно на колкаво временско растојание треба да се направи контролен преглед, зависи од повеќе фактори на ризик – неменливи и менливи – како пол, возраст, професија, ризик фактори од околината, исхранетост, физиолошки хормонски промени, животен стил, здраствена кондиција на организмот итн.

Што го прави нашиот Check up преглед ПОИНАКОВ и ЗОШТО да не одберете нас ?

Со цел рана превенција и навремен третман ја создадовме скрининг Check up програмата која е единствена понуда, поинаква од останатите медицински установи. Всушност, иако дефенирањето на превентивниот преглед е веќе помалку или повеќе познато за луѓето, она што не прави различни е специфичното групирање на медицинските иследувања во еден превентивен пакет, се со цел да ја збогатиме понудата за грижата кон здравјето истовремено задоволувајќи ги сите критериуми на висококвалитетен Check up преглед кој му нуди на клиентот:

Важно е да се знае дека доколку на превентивниот преглед се утврди нарушена здраствена состојба или пак истиот се  врши кај пациенти со веќе дијагностицирани здраствени проблеми како преглед со значење од секундарната или терциерната превенција,  мултидисциплинарноста на тимот од доктори пружа врвна експертиза и безбедна грижа поради соработката на Ре – Баланс центарот со другите оддели од нашата болница Ре-Медика.

Ваквата интердисциплинарна соработка е уште една потврда за избор на нашата Check up програма.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ CHECK-UP ПРОГРАМ:

КОМПЛЕТЕН УТРАЗВУЧЕН (ЕХО) ПРЕГЛЕД НА ОРГАНИТЕ / FULL BODY ULTRASOUND

КОМПЛЕТЕН ВАСКУЛАРЕН ПРЕГЛЕД / FULL VASCULAR CHECK UP

КОМПЛЕТЕН КАРДИОВАСКУЛАРЕН ПРЕГЛЕД / FULL CARDIOVASCULAR CHECK UP

КОМПЛЕТЕН ПРЕГЛЕД ЗА НОЌНА АПНЕА И РЧЕЊЕ / FULL SLEEP APNEA CHECK UP

Иновативно испитување кое ни дава комплетен увид во квалитетот на сонот, нивото на мозочни бранови во тек на спиењето, ритамот на срцето и дишењето како и циклуси на сонот.

en_USEnglish