Амбуланта за ендокринологија
Ендокринологија е медицинска наука, гранка на интерната медицина. Се занимава со изучување на жлездите со внатрешна секреција. Тие се дел од ендокриниот систем: хипофиза, панкреас, тироидна, паратироидни, тимус, епифиза, надбубрегот, репродуктивните органи. Произведуваат хемиски супстанции, кои се нарекуваат хормони. Тие регулираат многубројни функции во нашиот организам, со помош на рецептори, преку кои ја вршат нивната функција.
Кога пациентот треба да се консултира со ендокринолог?
Кај пациентите се појавуваат различни симптоми, но еден од најважните е нагла промена на килограмите, промена во расположението, појава на замор и општа слабост. Исто така е важно и дали блиските членови на семејството страдаат од ендокрини болести, па тогаш може да се направат и превентивни прегледи. Други загрижувачки симптоми се: зголемена жед и глад, зголемено потење, ненадејна појава на акни по лицето, зголемена влакнестост кај жените, нередовен циклус и ановулаторни циклуси
Кои болести ги лекува ендокринологот?
- Заболувања на хипоталамус, хипофиза
- Заболувања на тироидната жлезда /ултразвук и биопсија на истата
- Заболувања на паратироидните жлезди
- Заболувања на панкреасот /предијабетес, дијабетес тип 1 и 2 гестациски дијабетес
- Заболувања на надбубрежните жлезди и ендокрини хипертензии
- Нарушувања во репродуктивниот систем /полицистичен синдром, подготовка на пацинети за ИВФ процедура
- Остеопороза
- Метаболитен синдром
- Обезност
Преглед кај ендокринолог
Прегледот трае околу 30 минути. Потребно е прво внимателно ендокринологот да се запознае со анамнезата и со симптомите на пациентот. Важно е дали имате други болести и дали имате фамилијарна анамнеза за ендокрини болести. Вториот дел од прегледот е преглед по системи и ако има потреба се прават крвни анализи /хормонски анализи/, кои ќе помогнат за правилната дијагноза. Понекогаш се потребни и инструментални прегледи: ехо на тироидна жлезда, биопсија на истата, МРИ на надбубрежни жлезди, ехо на абдомен, МРИ на хипофиза и сл. Кога анализите ќе бидат готови, може да биде назначена терапија, следење на промените, и пациентот ќе добие препораки за промена на хигиено-диететскиот режим, со цел подобрување на состојбата.
БОЛЕСТИ И СИНДРОМИ КОИ ГИ ЛЕКУВА ЕНДОКРИНОЛОГОТ
Заболувања на хипофизата
Хипофизата е централен регулатор на жлездите со внатрешна секреција, и се наоѓа на базата на черепот. Составена е од: преден дел-аденохипофиза и заден дел-неурохипофиза. Во предниот дел на хипофизата се произведуваат хормони, кои одговараат за функцијата на тироидната жлезда, надбубрежната жлезда, половите жлезди, како и хормони кои влијаат на растежот и на метаболизмот на човекот. Во задниот дел на хипофизата /неурохипофиза/ се лачат 2 хормона: вазопресин и окситоцин.
Денес со напредокот на технологијата за рентген-дијагностика, аденомите на хипофизата се почесто се дијагностицираат. Тоа се бенигни тумори на хипофизата. Тие може да секретираат хормони, а може и да не секретираат хормони. Лекувањето на аденомите зависи од видот на аденомот, неговите димензии и промената на истите.
Случајно дијагностицирани тумори на хипофиза се нарекуваат инциденталоми.
Состојбата на зголемена секреција на хормони на хипофизата се вика хиперпитуитаризам, а состојбата на намалена секреција на хормони на хипофиза е хипопитуитаризам
- Хормонски анализи /крвни лабораториски анализи/
- МР на хипофиза со контраст
- Консултација со офталмолог: очни дна , визус, периметри
- медикаментозен
- хируршки третман
Заболувања на тироидната и паратироидните жлезди
Тироидната жлезда се наоѓа во предниот дел на грлото. Се состои од лев и десен лобус поврзани со истмус. Синтетизира тироидни хормони: тироксин и тријодтиронин.
Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат структурни, функционални, воспалителни и промени во димензиите.
Структурни промени може да бидат: јазли на тироидната жлезда, односно тумори на истата. За правилна дијагноза и понатамошен третман, често пати е потребна биопсија за да се утврди карактерот на промената. Тие промени, во најголем процент се бенигни промени. Од карциномите на тироидната со добра прогноза се: папиларен , фолкуларен и медуларен. Познат е и анапластичниот карцином, кој што е со лоша прогноза.
Функционалните промени може да бидат промени во секрецијата на хормоните кои може да доведат до зголемена фунција на тироидната жлезда или хипертироидизам и намалена функција на тироидната жлезда или хипотироидизам.
Воспалителните хронични промени на тироидната жлезда, се многу чести и тука спаѓа: Хашимото тироидитисот, кој често пати има потреба од терапија, субакутниот тироидитис или Декервен и постпартален тироидитис.
Промената во големината на тироидата жлезда е струмата или гушавоста, која веќе е поретка поради јодирањето на солта.
Тироидната жлезда има есенцијална улога во бременоста и нејзината правилна фунција влијае на развојот на мозокот на фетусот. Хормоните на бременоста, може да ја пореметат нејзината функција, и затоа е потребно редовно да се контролира во текот на овие 9 месеци.
- Лабораторни анализи /анализи на хормони/
- Ултразвук на тироидна жлезда
- Тенкоиглена биопсија на тироидна жлезда /ФНАБ/
- КТ на врат
- медикаментозен
- оперативен третман
Заболувања на паратироидни жлезди:
Се наоѓаат зад тироидната жлезда и се четири на број. Произведуваат паратироиден хормон кој што влијае на метаболизмот на калциум и фосфор во организмот.
Заболувањата на овие жлезди се поврзани со зголемена секреција на паратироиден хормон, која што води до состојба на хиперпаратиреоидизам /аденом, хиперплазија, карцином на паратироидните жлезди/, каде што клиничките манифестации се системски, и влијаат на бубрезите и коските, и заболувања поврзани со намалена секреција на паратироиден хормон, состојба позната како хипопаратиреоидизам /оперативна интервенција во вратна регија, вродени болести, недостаток на магнезиум/. Таа состојба предизвикува зголемена нервно-мускулна раздразливост, проследена со тетанички грчеви, коишто може да го доведат организмот во животна опасност, ако ги зафатат мускулите на ларингсот /ларингоспазам/.
- Лабораториски анализи/хормонски анализи/
- КТ на вратна регија
- медикаментозен
- хируршки третман
Шеќерна болест
Метаболитно нарушување, кое се карактеризира со хипергликемија и претставува нарушување во инсулинската секреција или во дејството на инсулинот или нарушувања на двете заедно заедно. Инсулинот е хормон кој што се призведува од панкреасот, и се грижи гликозата од храната богата со јагленихидрати, да циркулира кон клетките во телото и да се произведува енергија.
Има три основни типа дијабетес: тип 1, тип 2 и гестациски.
- ДМ тип 1 , може да се добие на секоја возраст, но најчесто се среќава кај деца. Организмот нема резерви од инсулин. Потребни се инсулински инекции за да може да се регулираат нивоата на гликемијата.
- ДМ тип 2, најчесто се среќава кај возрасни, тука организмот не може добро да го искористи инсулинот, кој што го произведува. Покрај медикаменти , важен е режимот на исхрана и физичката активност.
- Гестацискиот дијабетес е вид на дијабетес, кој што се дијагностицира за прв пат за време на бременост и е поврзан со компликации како за мајката, така за детето. Тој се дијагностицира 24-28 гестациска седмица, со ОГТТ, а при појава на симптоми и порано. После породување, овој тип на најчесто дијабет исчезнува, но може да се развие во тип 2 дијабет.
- Лабораторни анализи: гликемија на гладно, HbA1C%, урина со седиментација, ОГТТ, ОГТТ со инсулин, а за определување тип на дијабетес: ц-пептид, GAD антитела
- Инструментални/за дијагноза на касни компликации од дијабетес/, со мултидисциплинарен пристап:
- доплер на долни екстремитети /консултација со кардиоваскуларен хирург за дијагноза на периферна артериска болест/,
- ЕМГ/консултација со невролог за дијагноза на дијабетична полинеуропатија/,
- очни дна /офталмолог за дијагноза на дијабетна ретинопатија/,
- ехо на абдомен/консулација со интернист за стеатоза на црн дроб/
- присуство на микроалбумин во урина/консултација со нефролог за дијагноза на дијабетна нефропатија/
- медикаментозно лекување на дијабетесот
- лекување на рани и касни компликации на дијабетесот
- советување за хипокалоричен режим /во соработка со диетолог/
- употреба на систем за континуирано мерење и мониторинг на нивото на гликоза во крвта без пункција на прстите.
Заболување на надбубрежни жлезди и ендокрини хипертензии
НБ жлезди се парни ендокрини органи кои се наоѓаат на горните полови на на бубрезите и се сместени во ретроперитонеалниот простор. Изградени се од кора и срцевина и произведуваат различни хормони. Тие се одговорни за хомеостазата во човечкиот организам, балансот на минералите, имаат влијание на притисокот , адаптација кон стрес. Хормоните кои ги секретираат се: кортизол, адреналин, норадреналин, алдостерон, полови хормони. Заболувањата на надбубрежните жлезди се многу ретки. Тие може да се во резултат на хиперкортизолизам /високи нива на кортизол/ или болест на Кушинг, хипокортизолизам /ниски нивоа на кортизол/ или болест на Адисон, нарушена секреција на алдостерон.
Бенигните тумори на надбубрегот се аденоми, и потекнуваат од кората на надбурегот. Тие може да секретираат хормони и може да не секретираат хормони. Начинот на лекување зависи од нивните димензии.
Ендокрините хипертензии се појавуваат во резултат на хормонски дисбаланс на некои ендокрини жлезди, најчесто надбубрежните, тие се резултат на зголемена продукција на минералокортикоиди /првичен хипералдостеронизам/, зголемена продукција на гликокортикоиди /синдром на Кушинг/ и зголемена продукција на катехоламини /феохромоцитом/. Други болести кои влијаат на ендокрините хипертензии се: хипо и хипертиреоидизам, зголемено производство на растежен хормон/акромегалија/, обезитет, инсулинска резистенција, метаболитен синдром.
- лабораториски анализи/хормонски анализи/
- инструментални: МРИ на надбубрег со контраст
- медикаментозно
- оперативно
Репродуктивна ендокринологија /полицистичен оваријален синдром, подготовка за ИВФ/
Полицистичниот оваријален синдром /ПЦОС/, е честа состојба кај жените во репродуктивна возраст и е една од главните причини за проблеми со забременување. Тоа е еден вид на ендокринопатија, која што може да се појави со пубертетот или во сите други фази од развојот на жената. Најчесто може да има 3 симптоми, но дијагноза може да се постави при присуство на 2 од нив: проблеми со циклус/6-8 циклуси годишно/, хиперандрогенизам /зголемена влакнестост по лицето и по телото, загуба на коса, појава на акни/, ановулација /нема доминантен фоликул/. Другите симптоми се промена на килограмите, депресија. Често пати се јавува кај жени со вишок на килограми. Синдромот може да доведе до повеќе компликации и затоа треба да биде дијагностициран и лекуван на време.
- Мултидисциплинарен пристап /консултација со гинеколог/
- Лабораториски анализи /хормонски анализи/ на одреден ден од менструација
- Инструментални анализи: ехо на јајници/за докажување на полицистичен синдром/
- медикаментозно
- хируршки/лапароскопска фенестрација/
Остеопороза
Состојба на нарушен коскен метаболизам, која што прогресивно ја намалува густината на коските и е причина за чести фрактури. Скршениците се најчесто во пределот на: рачниот зглоб, бутната коска, пршлените. Таа ги засега и мажите и жените, но почесто жените, во менопауза, после намалување на производството на хормонот естроген во организмот на жената. Други причини кои може да доведат до остеопороза кај жената се: хипертиреоидизам, хемотерапија, диета со ограничен прием на витамин Д и калциум, слаба физичка активност, генетика и сл.
Може да биде примарна: поврзана со климаксот кај жената и процесите на природно стареење, и секѕндарна: која што се должи на употребата на некои медикаменти најчесто кортикостероиди и може да се појави и во млада возраст.
Остеопорозата уште ја нарекуваат “тивка болест”, бидејќи болеста нема симптоми на почетокот и затоа доцна се дијагностицира. Скриниг за остеопороза треба да се започне кај сите жени над 65 годишна возраст. Ако има ризик фактори или фрактура, може и порано после 50 години. Декса е златен стандард за мерење на густината на коските. Мерењето се прави на слабинските рбетни пршлени, колковите и подлактицата.
Остеопорозата може да се превенира и лекува
- Лабораториски анализи: маркери на коскен метаболизам
- Радиодијагностичко иследување:/коскена дензитометрија-ДЕКСА/
- медикаментозно
Метаболен синдром
Метаболниот синдром или “синдром X”, претставува група на состојби, како што е: покачен крвен притисок, гликозна интолеранција /предијабетес/, дислипидемија /покачено ниво на холестерол и триглицериди/. Тие болести го покачуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дијабет тип 2. Критериуми за дијагноза: централна дебелина, дислипидемија, нарушена гликемија, хипертензија, хиперурикемија, фамилијарна компонента.
- Лабораториски анализи: крвна слика , биохемија, ОГТТ
- промена во начинот на исхрана,
- физичка активност,
- медикаментозно
Обезност
Обезноста е телесна состојба, при која прекумерните телесни масти се акумулираат до степен што предизвикува несакано влијание врз здравјето, што доведува до сериозни здравствени проблеми. Таа се заснова на Боди Мас Индекс. БМИ над 30 води кон обезност. Дебелината може да објасни некои состојби што ги имате: хипертензија, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, мозочен удар, нарушен мастен профил, опструктивна апнеја и сл. Таа може да биде предизвикана од прекумерно внесување на храна, недостиг на физичка активност и генетска подложност.
- Лабораторија : крвна слика ,биохемија, хормонски анализи
Доколку сте подготвени да започнете индивидуална програма за слабеење во “ Центарот за дебелина во Ремедика” , ќе имате можност за мултидисциплинарен пристап во лекувањето:
- диетолог /план на исхрана/
- физиотерапевт/движење/
- ендокринолог/медикаментозно лекување/
- хирург/баријатриска хирургија/