ДИЈАГНОСТИЧКА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Биохемиската лабораторија овозможува комплетен лабораториски сервис за потребите на болницата Ре-Медика и на други надворешни субјекти. Следењето на функциите на виталните органи се спроведува преку широк спектар на општи и специфични лабораториски анализи. Земањето на крв се врши cо затворени системи, во моновети од Sarstedt.
Во нашата лабораторија се изработува комплетна крвна слика, 3-диференцијална на хематолошки анализатор Medonic M, Boule Medical AB, Шведска и 5-диференцијална на Sysmex XS-1000i, Јапонија. Лабораторијата врши и комплетен преглед на урина: уринарен статус и седимент на урина под микроскоп.
Тестот за рано откривање на бременост се изработува од крв или од утринска урина.
Коагулационите фактори (фибриноген, протромбинско време-PT, активирано парцијално тромбопластинско време-APTT) се изработуваат на коагулометарот BFT II Analtzer,Siemens.. Тие се неопходни параметри во предоперативната подготовка.
Биохемиските анализи: глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол, триглицериди, вкупни протеини, албумини, трансаминази, алкална фосфатаза, реума фактор, електролити, мочна киселина, гликозилиран хемоглобин се само дел од анализите кои се изработуваат во нашата лабораторија. За таа цел го користиме биохемискиoт автоматизиран анализатор COBAS Integra 400 plus, Roche Diagnostics.
Анализите за гасови, електролити (Kalium,Natrium,Chloridi,јонизиран Ca), хемоглобин, laktati, pH, pCO2, pO2, хематокрит , како дел од оперативниот и постоперативниот процес, се изведуваат на гасниот анализатор за интензивна нега ABL 9, Radiometer.
Хормоните: Еstradiol, LH, FSH, Prolaktin, Progesteron; хормоните на штитната жлезда: TSH, fT4, fT3, Testosteron, Insulin, Cortisol, DHEA-S, како и туморските маркерите: CEA, Ca 125, Ca 19-9, Ca 15-3, PSA; се изработуваат на имунолошкиот анализатор Cobas e411-Roche.
Електролитен статус: Natrium, Kalium, Chloridi се изработуваат на електролитен анализатор 9180-Roche.
Во нашата лабораторија се изработуваат комплетни анализи за систематски прегледи – индивидуални и организирани, како и анализи за иселенички визи (САД).
За изработување на поспецифични биохемиски анализи, биохемиската лабораторија има склучено договор за соработка со други еминентни лаборатории во земјата и во странство.
Тимот во лабораторијата е високо едуциран и сертифициран за работа со софистицираната лабораториска опрема.
МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА
СЕРТИФИКАТ
ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ ЗА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОК ВО БИОХЕМИСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА
Медицинскиот персонал на јасен и разбирлив начин го информира пациентот и преку разговор му помага да ги надмине грижата и стресот. Го информира пациентот за одредени предуслови кои влијаат на резултатите на лабораториските испитувања.
Начинот на подготовка зависи од видот на анализата која треба да се изработи и затоа препорака е секогаш пациентот да биде во консултација со лекар.
Точните податоци кои ги дава пациентот пред процесот на венепункција (вадење крв од вена), се важни за правилно толкување на резултатите во однос на референтните вредности кои се различни за:
· деца и возрасни
· бремени жени и жени во менопауза
· пациенти кои примаат одредена терапија или суплементи како додатоци во исхраната
· физичка активност пред земање на крв
· препорачливо е да не се конзумира храна 12 часа пред земање крв (за маснотии во крвта) или 2 часа (за шеќер во крвта) – со исклучок за итна дијагностика
· примање на лекови
Медицинскиот персонал со посебно внимание ги подготвува чувствителните групи пациенти при што информирањето и прибирањето на податоци, по потреба се врши согласно законските одредби, а земањето примерок секогаш треба да биде во согласност со нивната интелектуална зрелост.
Пред вадење на крв пациентот треба да биде гладен најмалку 12 часа. Треба да се избегнува интензивна телесна активнст и алкохол, најмалку 48 часа
· Доколку се одредува липиден статус пациентот треба да биде гладен најмалку 16 часа (може да се пие вода).
· Одредување на серумско железо се врши наутро. Анализата не треба да се врши при акутна инфекција и пациентот треба да прекине со орална терапија со железо 7-10 дена пред испитувањето.
· Одредување на пролактин и кортизол се врши наутро, најдоцна 2 часа од станување
· Сите лекови и додатоци на исхраната треба да се прекинат 48 часа пред вадење на крв (тоа не се однесува на редовна терапија).
· По земањето на крв од вена (венепункција) потребно е раката да се држи исправено и цврсто да се притисне на местото на убодот, во траење од минимум 5 минути. Доколку пациентот прима антикоагулантна терапија или зема препарати кои влијаат на коагулацијата (аспирин, андол, цитрон) се притиска минимум 10 минути, за да се спречи појава на модринка (хематом).
· Пред земање на примерокот се препорачува да не се земаат лекови и препарати кои можат да влијаат на резултатите (препарати на железо, витамини, хормонска терапија, антикоагулантна терапија, диуретици, аналгетици).
· Земањето на примерок за комплетна крвна слика (еритроцити, хемоглобин, леукоцити…) е можно во тек на целиот ден
· За повеќето биохемиски анализи (анализа на гликоза, холестерол, триглицериди…) неопходно е да се зема примерок на празен стомак, барем да се поминати 10-12 часа од последниот оброк
· Не се препорачува поголема физичка активност, посебно со таа рака во текот на денот (тератана, физичка работа, кревање тежина), тек на 24 часа пред земањето на примерок, затоа што влијае на зголемување на вредноста на поедини ензими и други аналити (CK, LDH, AST, К, Mg, креатинин)
· Одредување на ниво на туморски маркери и поголемиот дел на хормони можат да се земаат примероци и истите да се анализираат независно од времето на земање крв, но препорачливо е да не се консумира храна и течности, најмалку 2-3 часа пред тоа.
· За анализите пролактин, кортизол и ACTH неопходно е мирување од 20 минути пред венепункција.
· За да се направи OGTT тест (тест за оптоварување со гликоза), на пациентот му се дава одредена количина на глукоза. Тестот се прави наутро, на гладно. Пред овој тест, и во текот на самото изведување не смее да се зема храна и пијалок, освен вода во траење од 10 -12 h. Потребно е пациентот да планира подолг престој во лабораторијата, бидејќи се зема примерок во временски интервали (од 120 до 180 минути), отткако ќе ја земе глукозата. Тестот се прави најмалку 3 дена пред менструален циклус. Тестот се работи со претходно закажување во лабораторија. Најмалку 3 дена претходно
пациентот треба да се придржува до вообичаената исхрана со внес на храна побогата со јаглени хидрати. Доколку е можно да се прекине користење на лекови и препарати, кои делуваат на метаболизмот на глукозата, но секогаш во консултација со доктор.
· За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие и пуши.
· Капиларната крв се користи само кога не може да се земе венска крв и се применува само за одреден тип на лабораториски анализи.
Стручниот тим на биохемиската лабораторија е во тек на цело работно време достапен за совети и консултации со пациенти.
Биохемиските анализи не се закажуваат и можат да се извршат во кој било временски период во тек на работниот ден од 8 до 20 часот или сабота од 8 до 12 часот, доколку се работи за амбулантски пациенти.
Неопходна е лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун), при постапка на оставање на материјал за урина.
За анализа на уринарен статус се користи првата утринска урина земена во стерилен сад. Земениот примерок урина треба во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија, доколку не сте во можност да ја донесете веднаш во лабораторија, урината може да се стави во ладилник. Анализа на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во ладилник.
За анализи при кои се одредува 24-часовна урина (целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода (околу 1,5 литри ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише, бидејќи е потребна 24 часовна урина. Првата утринска урина се фрла. После оваа урина, се собираат сите примероци во текот на денот и ноќта, вклучувајќи ја и првата утринска урина после преспиената ноќ. Точно 24 часа од почетокот на собирањето и на тој начин се комплетира Вашата 24 часовна урина.