Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

ДИЈАГНОСТИКА - РЕ-МЕДИКА

ДИЈАГНОСТИКА

Одделот Дијагностика вклучува повеќе медицински гранки во амбулантно-поликлиничка дејност. Активностите на овој оддел се насочени кон брза и точна дијагноза на проблемите на пациентот, и посочување на соодветен третман. За таа цел, амбулантите на овој оддел се опремени со најсовремена опрема, со високо-развиена медицинска технологија, користејќи ги современите методи и пристапи на работење и ангажман на високо стручен и субспецијализиран кадар.

Поаѓајќи од мотото дека добриот разговор со пациентот е половина дијагноза, а точната дијагноза –половина од лекувањето, стручниот тим на овој оддел секојдневно е на располагање на бројни пациенти кои задоволно ја напуштаат нашата болница.

Овој оддел интегрира многу специјалности и тоа:


  • Интерна медицина-гастроенетерохепатологија со абдоминално и интервентно ехо

  • Ангиографија

  • Ендоскопија

  • Кардиологија

  • Невропсихијатрија/Неврологија

  • Ортопедија

  • Физикална медицина и рехабилитација

  • Оториноларингологија

  • Офталмологија

  • Детска психијатрија

  • Медицинска психологија и психотерапија

  • Дерматовенеролошки болести

  • Дијагностичка лабораторија

  • Микробиолошка лабораторија

  • Радиологија

  • Центар за болести на дојка

  • Онкологија

  • Ревматологија

  • Ендокринологија

  • Трансфузиона медицина

Нашата успешност ја потврдува бројот на пациенти кои секојдневно ни ја доверуваат грижата за нивното здравје!

Прим. д-р Иванка Стефановска, шефица на оддел Дијагностика

ИНТЕРНА МЕДИЦИНА-ГАСТРОЕНЕТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА СО АБДОМИНАЛНО И ИНТЕРВЕНТНО ЕХО

АМБУЛАНТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА, АБДОМИНАЛНА УЛТРАЗВУЧНА ДИЈАГНОСТИКА И ИНТЕРВЕНТЕН УЛТРАЗВУК

Амбулантата за гастроентерохепатологија и абдоминална ултразвучна дијагностика располага со најсовремена опрема за ултразвучна дијагностика со 3D ултразвучен апарат, TOSHIBA AplioMX со колор доплер, пауер доплер и динамичен флоу.
Во неа ординира Д-р Лилјана Тевдовска, интернист со богато и долгогодишно интернистичко искуство во гастроентерохепатологијата со панкреатологија.
Инвазивната дијагностика и инвазивните тераписки процедури се главниот белег на препознатливост на оваа дијагностика на Ре-Медика.

Во оваа амбуланта најчесто се обраќаат пациентите за специјалистички интернистички гастроентеролошки прегледи со ехо дијагностика, терапија и следење, при следниве состојби:

  • Болка во абдоменот: Секоја акутна или хроночна болка може да биде сигнал за постоење на акутно или хронично заболување на гастроинтестиналниот тракт
  • Црнодробни болести: Замастен црн дроб, алкохолна црнодробна болест, црнодрбна цироза, акутен алкохолен хепатит, токсична болест на црниот дроб, хроничен ( Б и Ц) хепатитис, автоимун хепатитис, тумори и цисти на црниот дроб
  • Панкреасни болести: Воспалителни заболувања на панкреасот како акутен и хроничен панкреатитис, панкреатични псеудоцисти и тумори на панкреасот
  • Болести на жолчното кесе и жолчните патишта: Жолчната калкулоза , акутно и хронично воспаление на жолчното кесе и жолчни патишта, тумори на жолчно кесе и жолчните патишта
  • Болести на слезенката – Наголемување на слезенката, трауми, воспалителни и малигни заболувања
  • Болести на бубрезите и мочните патишта: акутни и хронични воспалителни заболувања,бубрежна калкулоза, тумори, цисти, трауми
  • Болести на абдоминалната аорта: Дијагностика на атероматозата на абдоминална аорта, аневризма на аортата, како детекција на ТМ промени наголемени лимфни жлездиво ретроперитонеумот
  • Воспаление на слепото црево: Во оваа амбуланта со помош на ултразвучен преглед се диференцира абдоминална болка поради акутно воспаление на слепото црево
  • Редовни контроли кај пациенти на онколошки третман

Во амбулантата секојдневно се изведуваат многубројни гастроентеролошки процедури од дијагностички неинвазивен карактер, вклучувајќи ехотомографија на органите во абдоменот: црниот дроб, жолчката и жолчните патишта, панкреасот, слезенката, бубрезите, надбубрежните жлезди, парааорталната регија како и ултразвучна дијагностика на воспаление на слепото црево.

За детална процена на крвниот проток се користи колор и пауер доплер ултрасонографија на васкуларните структури во абдоменот како абдоминалната аорта, портното стебло, долната шуплива вена и хепатичниот венски слив, реналните крвни садови.

Во исто време, оваа амбуланта обезбедува и услуги во делот на инвазивните диагностички и тераписки процедури под ултразвук, кои се изведуваат само во неколу институции во Р.Македонија.

Инвазивните процедури опфаќаат: тенкоиглени аспирациони биопсии под ултразвук, перкутани дренажни процедури под ултразвук како: евакуација на флуиди, гнојни колекции, панкреатични псеудоцисти, перкутани билијарни дренажи, перкутани нефростоми.
Сите техники подразбираат перманентна визуелизација под ултразвук.

СУБСПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ЕНДОСКОПСКА АМБУЛАНТА

Општата Болница Ре-Медика – Скопје, во својата субспецијалистичка Ендоскопска Амбуланта обезбедува врвна дијагностика кај сите пациенти од видот на: дијагностичка колоноскопија, полипектомија, гастроскопија со земање биопсија за helicobacter pylori, ректосигмоидоскопија, аноскопија, лигирање на хемороиди, третман на анални фисури, консултативни субспецијалистички прегледи, ултразвучна дијагностика на абдомен.

Одделот за Ендоскопија и инвазивна гастроентерологија започнува со работа во септември 2005 год
Во изминатиот 12 годишен период може да се истакне високо професионално ниво на работа, изведувањето на бројни ендоскопски процедури кои вклучуваат како дијагностика, така и интервентна ендоскопија, пратење на новите трендови во гастроентерологијата и ендоскопија како и примена во нашата сала.

Во Ре-Медика се реализира концептот „безболна ендоскопија”,која најчесто беше и главна причина која ги одвраќа пациентите од оваа дијагностичка процедура.

Протокол за подготовка на пациенти за:

ДИЈАГНОСТИЧКА КОЛОНОСКОПИЈА, РЕКТОСИГМОИДОСКОПИЈА
Препорака з аначин на исхрана пред подготовка за испитувањето и прочистувањето со препаратот FORTRANS:
Препорачана диета за деновите пред интервенцијата (3 дена):

Прв ден

  • Пире од компир
  • Варен ориз
  • Мед
  • Бистра супа од (коцка)
  • Бистри сокови (јаболко)
  • Чаеви
  • Газирани пијалоци
  • Кафе (без млеко)
  • Вода

Втор ден

  • Мед
  • Бистра супа од (коцка)
  • Бистри сокови (јаболко)
  • Чаеви
  • Газирани пијалоци
  • Кафе (без млеко)
  • Вода

Трет ден

  • Мед
  • Бистра супа од (коцка)
  • Бистри сокови (јаболко)
  • Чаеви
  • Газирани пијалоци
  • Кафе (без млеко)
  • Вода
  • Fortrans прашок:
  • 2 кеси се раствараат во 2л.вода и се пие за 2 часа(од 09:00 до 11:00)
  • 2 кеси се раствараат во 2л.вода и се пие за 2 часа(од 16:00 до 18:00)

Ординираната таблетарна терапија да се зема со мало количество на вода 4-6 саати пред преглед
Доколку интервенцијата би се извела со анестезија потребно е да останете уште 1-2 часа подолго во болницата и НЕ СМЕЕТЕ ДА ВОЗИТЕ САМИ, првите 6 часа.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Д-р Лилјана Тевдовска, интернист и Д-р Виолета Христова Јаниќ, субспец. интернист-гастроентерохепатолог
Општ интернистички преглед / General internal medical examination
Ултрасонографски преглед на абдомен (стомак) / Ultrasonography examination of the abdomen (stomach)
Гастро – дуоденоскопија / Gastro – Duodenoscopy
Ректоскопија / Rectoscopy
Колоноскопија / Colonoscopy
Ендоскопско поставување на гастричен балон / Endoscopic placement of gastric baloon
Отстранување на гастричен балон / Removal of gastric balloon
Хеликобактер тест, директен / Helicobacter test, direct
Консултативен преглед без аноскопија / Consultative examination without anoscopy
Лигатурен третман на хемороиди / Banding treatment of piles
Апликација на амп.BOTULINUM TOXIN / Ampoule BOTULINUM TOXIN application
Инјектиона склеротерапија на активно крваречки улкуси со адреналин / Injection sclera-therapy of active bleeding ulcuses with adrenaline
Дилатација по RECAMIE / Dilatation by RECAMIE
Консултативен преглед со аноскопија / Consultative examination with anoscopy
Подготовка за ендоскопски интервенции / Preparedness for endoscopic interventions
Ултразвучен преглед на абдомен – Гастроентеропатологија / Abdominal ultrasound-gastroenteropathology
Контролен интернистички преглед \ Controll internal medical examination
Поставување на назогастрична сонда \ Nasogastric tube placement
Езофагоскопија
Дијагностичка пункција на слободна течна содржина во абдомен под УЗ / Diagnostic puncture of fluid in abdomen
Тенкоиглена биопсија на црн дроб; панкреас или туморски формации во абдомен / Thin-needle biopsy of liver, pancreas, tumors in abdomen
Плеврална дијагностичка пункција / Diagnostic pleural puncture
Перкутана транс-хепатична билијарна дренажа / Percutaneous transhepatic biliary drainage
Перкутана абсцесна дренажа / Percutaneous drainage of abscess
Перкутана дренажа на панкреатична псеудоциста / Percutaneous drainage of pseudo cyst of pancreas
Перкутана нефростома / Percutaneous nephrostoma
Ендоскопско вадење на страни тела од хранопровод и желудник / Endoscopic removal of alien-body of esophagus, stomach
Ендоскопска полипектомија / Endoscopic Polypectomy
Колоноскопија со полипектомија / Colonoscopy and polypectomy
Аноскопија со лигатура на варикозитети (едно подврзување) / Anoscopy with ligature of varices (single act)

АНГИОГРАФИЈА

Доплер на периферни Крвни садови / Doppler of peripheral blood vessels
Доплер на каротидна артерија / Doppler of carotid artery

КАРДИОЛОГИЈА

Во одделот за дијагностика функционира амбулантата за Кардиологија во која секојдневно се изведуваат специјалистички кардиолошки прегледи.
Опремена е со најсовремена опрема за комплетна неинвазивна кардиолошка дијагностика: 12-канален ЕКГ апарат, 3Д ултразвучен апарат марка Тошиба, модел Ксарио со колор доплер, пауер доплер и динамичен флоу; коронарен стрес тест; 24-часовен ЕКГ мониторинг по Холтер и 24 –часовен АБП мониторинг.

УЛТРАСОНОГРАФСКИОТ ПРЕГЛЕД НА СРЦЕТО ИЛИ ПОПУЛАРНО НАРЕЧЕНАТА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА Е НАЈИНФОРМАТИВНИОТ ПРЕГЛЕД ВО КАРДИОЛОГИЈАТА

Што е ехокардиографија и како се изведува?

Ехокардиографија како и сите ехосонографии е безболен, неинвазивен преглед, кој не е штетен и може да се повторува онолку често колку што е потребно. Самиот преглед се изведува со ултразвучна сонда која се поставува на градниот кош на пациентот и ги регистрира одбиените ултразвучни сигнали на мониторот на ултразвучниот апарат каде се создава слика на срцето во живо (real time).
За евалуација се користат повеќе техники на прегледот како што се еднодимензионален М-мод, дводимензионален М-мод, како и Доплер техниките (пулсен, континуиран и колор доплер) при што се врши проценка на големината, изгледот и подвижноста на срцевите шуплини, изгледот и функцијата на срцевите залистоци и големите крвни садови кои излегуваат од срцето.

Кои се најчестите индикации за овој преглед?

Ехокардиографијата има извонредно значење во откривањето и проценката како и ефектите од лекувањето на одредени срцеви заболувања како што се: болестите на срцевите валвули, кардиомиопатиите, срцевата инсуфициенција (слабост), вродени и стечени срцеви мани, инфаркт на миокардот, заболувања на срцевата обвивка (перикардот), воспаленија и други болести на срцевиот мускул, проценка при постоење на артериска хипертензија, пореметувања во срцевиот ритам, откривање на тромботични маси или тумори во срцето.

КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ

Што е коронарен стрес тест?
Коронарен стрес тест (КСТ) или популарно наречен ергометриски тест претставува дијагностичка процедура за дијагностицирање, евалуација и лекување на пациентите со суспектна или веќе дијагностицирана кардиоваскуларна болест, особено коронарната артериска болест. Претставува тест на физичко оптоварување, кој се изведува во неколку фази според однапред одредена процедура.

Кој го индицира и како се изведува тестот?
Секој коронарен стрес тест треба да биде индициран од доктор специјалист интернист- кардиолог. Тестот се изведува на подвижна трака по стандардизиран протокол по методот на Bruce. Пациентот преку електроди се прати на монитор при што му се мерат виталните параметри: артерискиот крвен притисок, пулсот и ЕКГ-грамот.

Што треба да знае пациентот пред изведување на тестот?
Коронарниот стрес тест е безбедна, неинвазивна дијагостичка метода. Сепак секој пациент пред изведувањето на тестот треба да биде запознаен со податоците за процедурата на тестирањето, можните компликации во смисол на пад на артерискиот крвен притисок, вртоглавица и колапсна состојба. Доколку се работи за пациенти кои се дијабетичари, хипертоничари или срцеви болни, обавезно треба да ја испијат пропишаната терапија. Пациентите треба два часа пред изведување на тестот да бидат на лесна храна. Доколку чувствува било какви тегоби (замор, малаксалост, срцебиење, отежнато дишење, стегање и/или болка во градите или болка во било кај дел од телото) пред започнување на тестот должен е да го извести докторот кој го води тестот.

Контраиндикации за изведување на тестот:
· Акутен инфаркт на миокардот

· Срцева декомпензација

· Нерегуларана артериска хипертензија

· Бронхијална астма

· Анемии ( потешки форми)

· Мултифокална вентрикуларна екстрасистолија

· Блок на лева гранка на Хисов сноп и синдром на преекситација (поради неможност за процена на електрокардиографските промени во текот и по оптоварувањето).

Во секојдневната пракса едно од најчесто изведуваната дијагностичка процедура во кардиолошките ординации.

ХОЛТЕР

Што е Холтер-ЕКГ мониторинг?
Холтер-ЕКГ е дијагностичка процедура при што се врши 24-часовно континуирано регистрирање на ЕКГ при вршење на сите вообичаени активности на пациентот. Самата процедура е неинвазивна, комотна бидејќи пациентот за време на иследувањето не е ограничен во своите вообичаени активности, a постои и можност за повторување на процедурата во кус временски рок. Апаратот преку кабли е поврзан со самолепливи електроди кои се аплицирани на градниот кош – вкупно седум. Самиот апарат регистрира три ЕКГ канали кои најчесто се анализираат. Добиениот ЕКГ запис преку флеш мемориска картица се префрлува на хард диск на компјутерот за понатамошна анализа.

Кои се индикациите за Холтер-ЕКГ мониторингот?
Како главна индикација за спроведување на оваа дијагностичка процедура се појавата на пореметување на срцевиот ритам, нејасни колапсни состојби, како и пациенти со пристапи на градна болка кај кои не е можно да се изведе коронарниот стрес тест. При анализа на добиените податоци добиваме увид за основниот ритам на срцето, промените во срцевата фреквенција, постоење на ектопична активност, (екстрасистоли), паузи во спроводливоста,(срцеви блокови), Ку-Т интервалот како и постоење на СТ сегмент – денивелација.

Дијагностичка процедура при која што се врши 24-часовно мерење на артерискиот крвен притисок при што пациентот си ги извршува нормално секојдневните активности.

Како се изведува процедурата?
Се изведува на тој начин што на пaциентот околу појасот му се монтира апаратчето кое е во големина на еден мобилен телефон и истото се поврзува со манжетна која се става на надлактицата на пациентот. Самиот апарат компјутерски е програмиран да на секои половина час го мери артерискиот крвен притисок и пулсот , а добиените вредности потоа компјутерски се обработуваат и анализираат при што се добива графички приказ на добиените вредности. Од направената анализа добиваме увид во дневно-нокните варијации на артерискиот крвен притисок , пулсот, средната вредност на артерискиот крвен притисок.

Кои се индикациите за изведување на оваа дијагностичка процедура?
Во повеќе земји во светот оваа дијагностичка процедура е рутинска во поставувањето на дијагнозата на самата болест (хипертензија). Кај нас исто така најчеста индикација е дијагностицирање на самата болест, при што се избегнува феноменот на бел мантил (скок на артерискиот крвен притисок во лекарските ординации), нерегулирана артериска хипертензија како и целисходноста на дадената антихипертензивна терапија.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ КАРДИОЛОГИЈА

Д-р Лидија Паланова, интернист-кардиолог
Кардиолошки преглед и консултација / Cardiology consultation
Ултрасонографски преглед на срце / Ultrasound heart examination
Електрокардиограм (ECG) и толкување / Electrocardiogram (ECG)
Коронарен стрес тест / Exercise Stress Test – Treadmill test
Холтер – Континуиран електрокардиограм / Holter – Continuos ECG
24-часовно мерење на крвен притисок / 24-hour measurement of the Blood Pressure
Контролен кардиолошки преглед / Controll cardiology exam

НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА/НЕВРОЛОГИЈА

Неврологијата е гранка на медицината која се бави со болестите на мозокот и главата, рбетниот мозок и периферните нерви вклучувајќи:


  • Главоболки

  • Вртоглавици

  • Пореметување на памтење

  • Пореметување на движење

  • Тремор

  • Последици од повреди на глава или рбетен столб

  • Болни синдроми како болки во вратна кичма и лумбална кичма лумбаго

  • Слабости на раце и нозе

  • Невролошки пореметувања на голтање и зборување

  • Сите наведени симптоми може да бидат последица на некои невролошки болести како Мозочен удар; Дегенеративни болести на мозокот и рбетниот столб; Болести на циркулација во склоп на артериосклероза, дијабетес; Повреди на глава и рбет; Тумори;

Невролошки испитувања:


  • Невролошки статус

  • Електроенцефалографија

  • Електромиелонеурографија

  • Можност за коментирања на ЦТ слики на мозок, рбетен столб, ангиографија

  • Мигрени и други главоболки

  • Невралгии

  • Вртоглавица и пореметување на рамнотежата

  • Пореметување на памтење/деменција

  • Болни синдроми – болки во вратниот или лумбалниот дел од ‘рбетот (цервикобрахијален синдром, лумбоишиалгија и сл.)

  • Паркинсонова болест, тремор и други пореметувања на движењето.

  • Пореметувања на голтање и зборување

  • Дегенеративни болести на мозокот и рбетниот столб

  • Епилепсија

  • Превенција и третман на мозочен удар

  • Пореметувања на расположението- (депресивен синдром)

  • Анксиозни пореметувања –панични пореметувања, социјална фобија, опсесивно-компулсивно пореметување

  • Стрес

  • Пореметување на спиење

  • Пореметување во исхрана – анорексија, булимија

  • Соматоформни пореметувања (психосоматски пречки), конверзивни пореметувања, хипохондрија

  • Пореметување во комуникација, внимание и однесување

  • Консултативни прегледи

  • Систематски прегледи

Останати Услуги


  • Психијатриска експлорација и проценка на психичкиот статус, како и психотерапија и повеќе видови тренинг вежби. Третманот е индивидуален и е со закажување.

  • Консултативни и систематски прегледи.

  • Коментирање на наоди од компјутеризирана томографија и магнетна резонанца на мозок и ‘рбетен столб, како и KT ангиографија.

Психијатриски преглед вклучува


  • Разговор и анамнеза со поставување на точна дијагноза и терапија за психијатриски пореметувања

  • Во ординацијата се вршат дијагностика и лекување на

  • Пореметувања на расположението(депресивен сѕ,) пореметување на расположение заради општа телесна состојба

  • Анксиозни пореметувања –(панични пореметувања) социјална фобија, опсесивно компулсивно пореметување, стрес

  • Пореметување на спиење

  • Сексуални пореметувања

  • Пореметување во исхрана-анорексиа, булимиа

  • Соматоформни пореметувања (психосоматски пречки) конверзивни пореметувања, хипохондрија

  • Пореметување во комуникација

  • Пореметување на внимание

  • Пореметено однесување

Лекувањето е индивидуално (термин од 45мин)


  • Со можност за преглед, фармакотерапија

  • Психотерапија

  • Вежби за психичка релаксација

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА/НЕВРОЛОГИЈА

Д-р Бјанка Чачев Спанчевска, невропсихијатар | М-р Сци. Д-р Горан Колевски, невролог
Невролошки преглед / Neurological examination
Психијатриски преглед / Psychiatric examination
ПАКЕТ: Невропсихијатриски преглед и ЕЕГ / Package: Neuropsychological examination and EEG
Контролен преглед / Control examination
Електроенцефалографија – ЕЕГ / Electroencephalography – EEG
Електромиографско иследување – ЕМГ / Electromyography – EMG
ЕМГ на горни екстремитети
ЕМГ на долни екстремитети
Евоцирани потенцијали – ЕП / Evoked potential – EP
Апликација на BOTOX / BOTOX application
ЕЕГ со депривација на сон / EEG with deprivation in a sleep
Индивидуална психотерапетска сеанса / Individual psychotherapy séance
Кратка психотерапија / Short psychotherapy
Екстракранијална и транскранијална колор доплер сонографија
Транскранијален доплер мониторинг на MES/PFO
Пакет: Невролошки преглед; Екстракранијална и транскранијална колор доплер сонографија
ЕЕГ кај деца
Третман на акутен мозочен удар (интравенска тромболиза) – дневна болница + мониторинг
Транскранијална паренхимска сонографија

ОРТОПЕДИЈА

Клинички преглед на возрасни со ортопедски проблеми

Клинички и ултрасонографски преглед на остеоартикуларниот систем на бебиња

Ултрасонографски апарат TOSHIBA Aplio MX и можност за:


  • Клинички и ултрасонографски прегледи на деца и возрасни

  • Скрининг на детски колкови (клинички + ехо)

Ултрасонографија на возрасни пациенти

Дензитометриски прегледи на деца и возрасни за откривање на остеопороза и останати заболувања на скелетот

Ординацијата е опремена со апаратот LUNAR Prodigy ADVANCE, дензитометар со повеќе можности и примени:


  • Процена на коскениот дензитет на ‘рбетот и на колковите — дијагноза и следење остеопороза

  • Единствена можност за анализа на коскената градба на пршлените (TBS) со можност за прецизна проценка на нивната поротичност

  • Дензитометрија на целото тело — примена при систематски прегледи и скрининг на коскениот дензитет кај заболувања што го засегнуваат скелетот (хронични, ендокринолошки, кортикостероидна терапија итн.)

  • Морфометриска анализа на ‘рбетниот столб во странична и во А-П положба

  • Анализа на импланти на колкот

  • Дензитометрија на деца со посебен софтвер за детска популација

  • Конзервативно лекување вродено криво стапало (гипсени редресмани по методата на Понсети)

  • Пункција и апликација на интраартикуларни инјекции

  • Мали амбулантски интервенции

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ОРТОПЕДИЈА

Прим. м-р Иванка Стефановска, ортопед
Ортопедски преглед / Orthopedic examinations
Ортопедски преглед на дете / Orthopedic examinations of a child
Ехо ортопедски преглед / Echo ort. exam.
Пункција на бурза+amp.kenalog / Puncture on bursa + amp.kenalog
Ставање или вадење на гипс / Plaster cast or removal
Интраартикуларна апликација / Intra-articular application
Автологна Кондиционирана Плазма/ Autologus Conditioned Plasma
Апликација на колаген

ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Одделот за физикална медицина и рехабилитација постои во рамките на Ре-Медика од нејзиното постоење.
Во одделот се вршат прегледи од доктор специјалист и се ординира физикална терапија на амбулантски пациенти, се спроведува рана рехабилитација на лежечки пациентни од сите стационари на болницата и касна рехабилитација во амбулантски услови.
Се работи во идеални услови со врвна апаратура од физикалната област.

Најчесто се користат електропроцедури, ултразвук, магнет, ласер, кинезипрограма која се подготвува индивидуално за секој пациент.

Одделот работи физикална терапија и рехабилитација на пациенти со:


  • Ортопедски: дегенеративни заболувања на рбет и периферни зглобови (спондилоза, спондилоартроза, дископатија, артрози), остеопороза

  • Трауматолошки: скршеници решени со гипсена имобилизација или остеосинтетски материјал

  • Невролошки: парези, парализи, состојби после мозочен удар

  • Хируршки: артроскопии, лигаментопласика, вештачки колк и колено

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНО ПРАШАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ:
Кои се ефектите од физикалната терапија?


  • Намалување или потполно отстранување на болката

  • Подобрување на локална циркулација

  • Намалување на оток

  • Антивоспалително дејство

  • Локално подобрување на метаболизмот

  • Подобрување на трофика и регенерација на ткива

  • Спречување на создавање на сврзно ткиво и лузни

  • Воспоставување или подобрување на функцијата на одземените нерви

  • Подобрување или потполно враќање на обемот на подвижност во зглобот

Oсновната цел на лекувањето со физикални процедури и рехабилитација е целосно или делумно враќање на функционалноста на пациентот за извршување на секојдневните домашни и работни активности со што ќе се зголеми неговиот придонес во семејството и општеството.

Пред десет години на нашиот оддел почна да се применува нова метода, т.н.eswt-екстракорпорална shock wave терапија.
Во моментот тоа е високо успешна метода за разбивање на периартикуларни калцификати (калцификати на рамо,колк), шилци на пета,тениски лакт,голфски лакт,заболувања на тетиви.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Д-р Трајанка Димитријеска, физијатар
Специјалистички преглед – Физијатар / Examination by a Physician-Specialist
Електротерапија – Галванска; Дијадинамски; Електрофореза; Интерферентни струи / Electro-Therapy – Dia-Dynamic; – Electro-Phoresis; – Interferent
Електротерапија со “Vacmed” / Electro-Therapy with “VACMED”
Сонотерапија (Ултразвук) / Electro-Sonotherapy (Ultrasound)
Фототерапија – Инфрацрвена лампа / PhotoTherapy – Infra-Red Lamp
Фототерапија – Ласер / PhotoTherapy – Laser
Магнетотерапија / Magnet-Therapy
Масажа на цело тело / Full-Body Massage
Масажа на дел од тело / Partial Body Massage
“RELAX” – Масажа на цело тело / “RELAX” Full-Body Massage
Кинезитерапија / Kinesitherapy
SHOCKWAVE – терапија на периартикуларни калцификати / SHOCKWAVE – Therapy
SHOCKWAVE – (1 третман) / SHOCKWAVE – (1treatment)
Power-plate тренинг / Power-plate training
Сонофореза / Sonophoresis
Електрофореза / Electrophoresis
Пакет 1 физикална терапија (електро процедури + ултразвук)
Пакет 2 физикална терапија (магнет,ласер)
Пакет3 физикална терапија (масажа, кинезитерапија)
Пакет 4 физикална терапија (постоперативна рехабилитација)
Остеопатски преглед/консултација/препорака / Osteopathic examination/consult/advice
Генерален остеопатски преглед-третман / General osteopathic examination-treatment
Дисфункциони корекции (р’бет,карлица) преглед+третман / Dysfunction corrections (spine, hip) examination-treatment
Дисфункциони корекции на зглобови (рамо,лакт,колено) преглед+третман / Corection of a somatic disfunction (elbow, shoulder, knee)
Превентивни третмани: декомпресија на р’бет, карлица, меки ткива, дијафрагми Кранио-сакрален третман / Preventive treatment: decompression of spine, hip, soft tissue, diafragm, cranial sacral treatment
Дисфункциони корекции (р’бет,карлица) преглед+третман / Dysfunction corrections (spine, hip) examination-treatment
Анти-стрес третман / Anti-stress treatment
Бандажирање со кинезио ленти / Kinezio Taping

ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА


  • Дијагностика на акутни и хронични заболувања на уво, нос и грло

  • Детска ОРЛ

  • Ендоскопско испитување на горни дишни патишта со видеозапис

  • Алерголошко испитување и лекување

  • Болести на слух и рамнотежа

  • Нарушување на глас и на говор(засипнатост, говорни помагала)

  • Нарушувања на вкус и на мирис

  • Дијагностика и третман на `р чење- Sleep apnea

  • Дијагностика на Ту промени на кожата на главата и на вратот

  • Инхалации, аспирации,и зрачна терапија

  • Полисомнографски тест за Sleep apnea за деца и за возрасни

  • Риноманометрија

ОФТАЛМОЛОГИЈА

Велат „Окото е прозорец на душата“, сетило кое ни овозможува колоритно доживување на светот околу нас како ниедно друго. Видот и неговото зачувување се интегрална потреба во хаосот на секојдневието. Редовни офталмолошки прегледи водат кон здрави очи и здрав организам.

Во нашата офталмолошка ординација ги имаме сите актуелни и модерни апарати кои се потребни за целосна дијагностика и скрининг за болести на окото. Со помош на современ автокераторефратометар се постигнува брзо и прецизно одредување на рефракција на окото, како и на квалитетот на солзниот филм.

За само неколку секунди со помош на безконтактен тонометар се мери очниот притисок. Прегледот на очното дно е рефлексија на здравствената состојба на организмот и може да открие болести кои тлеат во вашето тело. Нашиот тим е секогаш спремен за соработка и одговор на сите ваши прашања

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ОФТАЛМОЛОГИЈА

Д-р Снежана Божиновска, офталмолог
Општ офталмолошки преглед
Боење со флуоресцин
Епилација
Испирање на солзни канали кај возрасни
Shrimer тест
Екстракција на туѓо тело од конјуктива и роговица и преврска
Тонометрија
Периметрија
Топографија
Преглед на очно дно во проширена зеница
Одредување на рефракција кај возрасни
Решавање на рефракциони аномалии и пореметувања на моталитет кај деца на училишна возраст до 14 г.

ДЕТСКА ПСИХИЈАТРИЈА


  • Стравови кај деца

  • Тикови

  • Ноќно мокрење, какање

  • Проблеми поврзани со исхрана, спиење,(ноќни стравови)

  • Третман на злоупотреба кај деца (емоционални, физички, сексуални)

  • Анксиозни состојби

  • Опсесивно-компулсивно растројство

  • Панични растројства

  • ПТСП (пост-травма-стрес-пореметување)

  • Психосоматски растројства

  • Психопатологија кај децата со пречки во интелектуален развој

  • Проблеми поврзани со учење, читање, пишување и сметање

  • Растројство на моторните функции

  • Развојни проблеми на говорот и јазикот(пелтечење)

  • Дијагностика на аутизам

  • Проблеми во однесувањето

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ДЕТСКА ПСИХИЈАТРИЈА

Прим. д-р Мери Бошковска, детски психијатар
Психијатриски преглед / Psychiatric examination
Контролен преглед / Control examination
Психијатриска интервенција со дете (вклучено родител)
Психијатриска интервенција со дете (без родител)
Индивидуално советување на родител (без дете)
Вербална интервенција

МЕДИЦИНСКА ПСИХОЛОГИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Модерниот живот го движи забрзано темпо кое произведува стрес. Тој се одразува како на физичкото така и на менталното здравје. Модерната болница покрај за физичкото се грижи и за менталното здравје на своите пациенти. Оттаму е потребата од постоењето на одделот за психологија и психотерапија чиј фокус е задржан на подобрување на квалитетот на психичкиот живот на пациентот.

Психичките проблеми со кои доаѓаат пациентите произлегуваат од секојдневниот живот и најчесто се последица од неможноста да во даден момент адекватно се прилагодат на новонастанати животни ситуации (операција, болест, породување, вработување, свадба, развод, смрт на близок и други слични неминовни ситуации).

Услугите кои ги нуди одделот за психологија и психотерапија:

Гешталт психотерапија
Гешталт психотерапијата станува една од водечките психотерапии во светот од причина што поаѓа од индивидуалните потреби на поединецот и е во функција на неговиот личен раст и развој. Се применува за надминување на проблеми и кризи во животот на секој поединец, без разлика на возраста. Најчести симптоми кои ги имаат луѓето кои доаѓаат на психотерапија се: анксиозност (возбуда без особена причина), стравови, панични напади, зголемана потиштеност и тага, намалена самодоверба и сл. Главна цел на психитерапијата е подобрување на квалитетот на живеење преку увиди и надминување на проблемите со поддршка низ психотерапискиот процес. Се одвива преку сеанси (разговори) кои траат по 45 минути до еден час.

Психолошки тестирања:


  • За интелигенција

  • За психомоторен развој кај мали деца

  • Психолошки тестирања за увид во психичките процеси при систематски и периодични прегледи

  • Изработка на психолошки профил на личност пред започнување и водење на психотераписки процес или психијатриски третман

Психолошко советување


  • Разговор меѓу пациентот и психологот со цел да се добие увид во проблемот поради кој пациентот се обратил на психолог и да се донесе одлука за понатамошниот третман на проблемот

  • Разговор со членови од семејство или друг близок кој доаѓа за консултација за проблем врзан за нивни близок роднина или пријател

  • Советување во насока на поддршка на пациентот за поуспешно поминување низ некој друг медицински третман поради кој пациентот е во болницата

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ПСИХОЛОГИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Гешталт психотерапија
Психолошко тестирање
Психолошки профил на личност
Психолошко советување
Тест на сетило за рамнотежа
Психолошка обработка на дете
Психијатриски преглед на дете
Психијатриска интервенција со дете (вклучено родител)
Психијатриска интервенција со дете (без родител)
Индивидуално советување на родител (без дете)
Вербална интервенција
Контрола по преглед
Проценка на психомоторен развој кај деца
Психолошко тестирање на интелигенција кај деца

ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА

Дерматолошката амбуланта во Ре-Медика обезбедува и стручна експидитивна, и ефикасна услуга за целото семејство во пријателска атмосфера.
Нашата амбуланта Ви ги отвара вратите за низа состојби на кожата, подршка за тоа како да се справите со кожните проблеми во секојдневието. Тука можете да најдете одговор за низа ваши прашања поврзани со кожните промени.

ОПШТА ДЕРМАТОЛОГИЈА

  • Болести на кожа, коса и нокти
  • Алергиски тестови
  • Дерматоскопија
  • Биопсија на кожа
  • Сексуално преносливи болести
  • Варикологија
  • Криохирургија
  • Отстранување на промени на кожата

ЕСТЕТСКА ДЕРМАТОЛОГИЈА

  • Хемиски пилинг
  • Проширени капилари
  • Ботокс
  • Хијалуронска киселина
  • Лечење на лузни
  • Рејувенација
  • Пигментации

ПЕДИЈАТРИСКА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Кожата како ткиво и како орган својата комплексност ни ја открива ден по ден, всушност таа е вистински биосензор и ја рефлектира нашата индивидуалност во социјалното опкружување.
Дерматологија е гранка на медицината која се занимава со проучавање и лечење на болестите на кожата и видливите слузокожи.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА

Прим. д-р Лидија Бисеркоска Атанасовска, дерматовенеролог и Д-р Наташа Теовска Митревска, дерматовенеролог
Дерматолошки преглед / Dermatologic examinations
Алерголошки прегледи / Allergy examinations
Епикутани тестови (PATCH) / Epicutaneous (Patch) tests
Интрадермално тестирање (SKIN-PRICK инхалациони) / Intradermal tests – SKIN-PRICK
Хипосензибилизација / Hyposensilibilization
Интрадермално тестирање (SKIN-PRICK нутритивни) / Intradermal testing (SKIN-PRICK)
Медикаментозни SCRACH / Medicaments tests -SCRACH
Дерматолошки контролен преглед / Dermatological examination – control
Дерматолошки консултативен преглед / Dermatologic consultative examinations
Електрокаутеризација / Electro cauterization
Дополнителни дерматолошки услуги (Дерматоскопија, Мик.Испитување, Криотерапија) / Additional dermatological services (dermoscopy, cryotherapy)
Биопсија од кожа / Scin biopsy
Доплата за патолошки анализи од биопсија од кожа / Additional charge for pathological analyses from scin biopsy
Миколошки примерок / Micological smear
Склерозантна терапија (1 ампула)
Хемиски пилинг – површен / Chemical pilling – superficial
Хемиски пилинг – среден / Chemical pilling – medium
Хемиски пилинг – длабок / Chemical pilling – deep
Третман на молуски / Treatment of molusca
Ботулински токсин за хиперхидроза – Диспорт / Botulinum toxin for hyperhidrosis – Dysport
Ласер процедури – единечен хемангиом / Laser procedure – hemangioma
Ласер процедури – 3-5 хемангиома / Laser procedure – 3-5 hemangioma
Ласер процедури – 6-10 хемангиома / Laser procedure – 6-10 hemangioma
Телеангиектази – Ноздри / Teleangiectasia – Nostrils
Телеангиектази – Цел нос / Teleangiectasia – Nose
Телеангиектази – Образи еднострано / Teleangiectasia – Cheek one side
Телеангиектази – Цело лице / Teleangiectasia – Whole face
Единечни крвни садови по нозете (2 на број) / Blood vessels on limbs (2)
Бројни крвни садови по нозете /Numerous blood vessels on limbs
Цели нозе со поткожни вени 5×5 см / Blood veins 5×5 on the limbs
Криотерапија единечна (верука, клавус) / Cryotherapy – Veruccae, Clavus
Апликација на Restylane (Perlane) 1 ml / Application of Restylane (Perlane) 1 ml
Мезотерапија за косопад / Mesotherapy for hair loss
Мезотерапија за лице / Mesotherapy for face
Мезотерапија за тело / Mesotherapy for body
Дермолорер / Dermoroller
Фототерапија (УВБ) (месечен третман) / Phototherapy (UVB)
Дерматоскопија на единечна промена / Dermoscopy 1 nevus
Ласерска епилација на горна усна
Ласерска епилација на брада
Ласерска епилација на интима
Ласерска епилација на пазуви (една сеанса)
Ласерска епилација на цело лице (една сеанса)
Ласерска епилација на папок
Ласерски третман на петна (сонце, лице)
Ласерски третман на акни (една сеанса)
Ласерски третман на cicatrix
Piano затегање на цело лице – еден третман
Piano затегање на цело лице – два третмани
Piano затегање на долен дел од лице – еден третман
Piano затегање на долен дел од лице – два третмани
Piano затегање на раце + нозе – еден третман
Piano затегање на раце + нозе – два третмани
Фото подмладување – два третмани
Рејувенација со CO2 ласер – еден третман
Рејувенација со CO2 ласер – три третмани

ДИЈАГНОСТИЧКА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Биохемиската лабораторија овозможува комплетен лабораториски сервис за потребите на болницата ”Ре-Медика” и на други надворешни субјекти.
Следењето на функциите на виталните органи се спроведува преку широк спектар на општи и специфични лабораториски анализи. Земањето на крв се врши cо затворени системи, во моновети од Sarstedt.

Во нашата лабораторија се изработува комплетна крвна слика, 3-диференцијална на хематолошки анализатор Medonic M, Boule Medical AB, Шведска и Sysmex XS-1000i, Јапонија.
Лабораторијата врши и комплетен преглед на урина: уринарен статус и седимент на урина под микроскоп.
Тестот за рано откривање на бременост се изработува од крв или од утринска урина.

Коагулационите фактори (фибриноген, протромбинско време-PT, активирано парцијално тромбопластинско време-APTT) се изработуваат на коагулометарот HumaClot Duo Plus. Тие се неопходни параметри во предоперативната подготовка.

Биохемиските анализи: глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол, триглицериди, вкупни протеини, албумини, трансаминази, алкална фосфатаза, реума фактор, електролити, мочна киселина, гликозилиран хемоглобин се само дел од анализите кои се изработуваат во нашата лабораторија. За таа цел го користиме биохемискиoт автоматизиран анализатор COBAS Integra 400 plus, Roche Diagnostics.

Анализите за гасови, електролити, хемоглобин, хематокрит и гликемија, како дел од оперативниот и постоперативниот процес, се изведуваат на анализатотот за интензивна нега pHOx plus L, Nova Biomedical.

Ендокринолошките параметри/репродуктивните хормони: Еstradiol, LH, FSH, Prolaktin, Progesteron; хормоните на штитната жлезда: TSH, T4, fT4, T3, fT3; туморските маркерите: CEA, Ca 125, Ca 19-9, Ca 15-3, AFP, PSA; се изработуваат на имунолошкиот анализатор IMMULITE 1000, Siemens.

Во нашата лабораторија се изработуваат комплетни анализи за систематски прегледи – индивидуални и организирани, како и анализи за иселенички визи (САД).

За изработување на поспецифични биохемиски анализи, биохемиската лабораторија има склучено договор за соработка со други еминентни лаборатории во земјата и во странство.

Тимот во лабораторијата е високо едуциран и сертифициран за работа со софистицираната лабораториска опрема.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА

Диференцијална крвна слика / Complete Blood Count
Уринарен статус / Urinalysis
Уринарен седимент / Urine Sediment
Гликемија / Blood Glucose Level
Седиментација / Erythrocyte Sedimentation Rate- ESR
ОГТТ (Орален глукоза толеранс тест) / OGTT (Oral Glucose Tolerance Test)
Тест за бременост / Pregnancy Test
Вкупен холестерол / Total Cholesterol
Триглицериди / Triglycerides
HDL – Липопротеини со висока густина / HDL – High-Density Lipoproteins
LDL – Липопротеини со ниска густина / LDL – Low-Density Lipoproteins
Уреа / Urea
Креатинин / Creatinine
Мочна киселина / Uric Acid
Вкупен билирубин / Total Bilirubin
Директен билирубин / Direct Bilirubin
Индиректен билирубин / Indirect Bilirubin
CK – Креатинин киназа / CK – Creatinine Kinase
CK MB – Креатинин киназа MB / CK MB – Creatinine Kinase MB
AST (GOT)
ALT (GPT)
Кисела фосфатаза / Phosphatase Acid
Mg (Магнезиум)
Ca (Калциум)
P (Фосфор)
Алкална фосфатаза / Alkaline Phosphatase
LDH (Лактат дехидрогеназа) / LDH – Lactate dehydrogenase
α – Амилаза / α – Amylase
GGT (γ-глутамил трансфераза) / GGT – (γ-glutamyl transferase)
Електролитен статус (K; Na; Cl) – вкупна анализа / Electrolyte Status (K; Na; Cl) – Total Analysis
Серумско железо (Fe) / Serum Iron (Serum Fe)
Време на крварење / Bleeding time
Фибриноген / Fibrinogen
APTT (Активирано парцијално тромбопластинско време) / APTT – Activated Partial Thromboplastin Time
PTV (Протромбинско време) / PTV – Prothrombin Time (Quick)
Вкупни протеини / Total Proteins
Албумин G / Albumin G
CRP (Ц-реактивен протеин) / CRP (C-Reactive Protein)
AST/ASLO – Анти-стерптолизински титар / AST/ASLO – Anti-streptolysin titer
RF – Реума фактор / RF – Rheumatoid Factor
HbA1c – Гликозилиран хемоглобин / HbA1c – Glycated Hemoglobin
Гасни анализи / Blood Gas Analysis
Хормони / Hormones
Е2 – Естрадиол / Е2 – Estradiol
FSH – Фоликулостимулирачки Хормон / FSH – Follicle Stimulating Hormone
LH – Лутеинизирачки хормон / LH – Luteinizing Hormone
Пролактин / Prolactin
HCG (Хуман хорионски гонадотропин) / HCG – Human chorionic gonadotropin
Прогестерон / Progesterone
Тестостерон / Testosterone
TSH (Тиреостимулирачки хормон) / TSH (Thyroid-Stimulating Hormone)
Вкупен T4 (Тироксин) / Total T4
Вкупен T3 (Тријодтиронин) / Total T3
Инфективни анализи / Infective Analysis
Anti Helicobacter Pylori
Анти-HbS / Anti-Hbs
HbS Ag (skreening)
HCV – Хепатит C (скрининг) / HCV – Hepatitis C (skrining)
HAV – Хепатит А / HAV – Hepatitis A
HIV 0/1/2, Инфективен Скрининг / HIV 0; HIV 1; HIV 2 – Total Analysis
Тумор маркери / Tumor Markers
CEA
CA 125
CA 15-3
PSA
CA 19-9
CA 72-4
Алергиски панел / Allergy testing –panel
Земање материјал (крв) / Phlebotomy
АТПО (Анти-тироидна пероксидаза антитела) / ATPO (Thyroid peroxidase antibody)
Bazofili / Basophiles
Retikulocili / Reticulocytes
TG (Тиреоглобулин) / TG (Thyroglobulin)
Лекови во серум
Kреатинин во урина / Creatinine in urine
Kреатинин во 24h урина / Creatinine in 24h urine
Kреатинин клиренс / Creatinine clearance
Окултно крварење / Occult bleeding
Слободен T4 (Тироксин) / Free T4
Слободен T3 / (Тријодтиронин) / Free T3
ACTH (Адренокортикотропен хормон)
DHEA-S (Дехидроепиандростерон сулфат)
Кортизол / Cortisol
Инсулин / Insulin
GCT
Соматотропин / Somatotropin
B2-Mикроглобулини / B2-Microglobulins
Остеокалцин / Osteocalcin
AFP (Алфа-фетопротеин) / AFP (Alpha-fetoprotein)
S-100
Инфективен скрининг / Infective screening
HCV/Test
HbsAg/Test
TIBC
Дроги во урина – опијати
Дроги во урина – амфетамини
Дроги во урина – канабиноиди (ТХЦ)
Дроги во урина – кокаин
Липаза / Lipase
Холинестераза / Cholinesterase
Феритин / Feritin
COOMBS тест – поед. / COOMBS test – single
17 OH-Progesteron
C3
C4
IGM
IGA
IGG
B12
Витамин Д (25-OH) / Vitamin D (25-OH)
ANTI ENDOMYSIUM IGG
ANTI GLIADIN IGA
ANTI GLIADIN IGG
ANTI TISSUE TRANS GLUT IGA
24 часовна протеинурија / 24 hour Proteinuria
Anti HBC
A- 1 ANTITRIPSIN
Антифосфолипидни антитела AFA (IGA; IGM; IGG)
Литиум / Lithium
Паратхормон (PTH) / Parathormon (PTH)
Јонизиран C++
IgE – total
Етанол во серум
Хомоцистеин / Homocysteine

Дополнителни лабораториски услуги * / Addition Laboratory Services *

Antiendomisium lgA
Витамин Д1
Интолеранција на лактоза (Лактоза тест) / Lactose intolerance (Lactose test)
Helicobacter pylori (Western Blot)
Lactoza TT
Laktaza
Гастрин / Gastrin
Конкременти во урина / Concrements in urine
AFA
APO E
APO A
APO B
GI-6 PD
Хромозомски абнормалности / Chromosome abnormalities
Y Микроделеции
Хиломикрони / Chylomicrons
Hepatitis B (HBV-PCR)
Hepatitis C (HCV-PCR)
Anti Mulerian Hormon
Трансферин / Transferin
Антиспермални антитела / Antisperm antibodies
Антиоваријални антитела / Antiovarian antibodies
Zn – Цинк / Zink
ANA – Антинуклеарни антитела / ANA-Antinuclear antibodies
Hbe Ag
anti Hbe
ds-DNA
PRISCA 1

СЕРТИФИКАТ

ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ ЗА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОК ВО БИОХЕМИСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА

Информирање на пациентот и собирање на податоци

Медицинскиот персонал на јасен и разбирлив начин го информира пациентот и преку разговор му помагаат на пациентот да ги надмине грижата и стресот. Го информира пациентот за одредени предуслови кои влијаат на резултатите на лабораториските испитувања. Начинот на подготовка зависи од видот на анализата која треба да се изработи и затоа препорака е секогаш пациентот да биде во консултација со лекар.

Точните податоци кои ги дава пациентот пред процесот на венепункција (вадење крв од вена),се важни за правилно толкување на резултатите во однос на референтните вредности кои се различни за:

  • деца и возрасни
  • бремени жени и жени во менопауза
  • пациенти кои примаат одредена терапија или суплементи како додатоци во исхраната
  • физичка активност пред земање на крв
  • препорачливо е да не се конзумира храна 12 часа пред земање крв (за маснотии во крвта) или 2 часа (за шеќер во крвта) – со исклучок за итна дијагностика
  • примање на лекови

Подготовка на чувствителни групи пациенти

Медицинскиот персонал со посебно внимание мора да ги подготват чувствителните групи пациенти при што информирањето и прибирањето на податоци, по потреба се врши согласно законските одредби, а земањето примерок  секогаш треба да биде во согласност со нивната интелектуална зрелост.

Подготовка на пациентот пред земање /вадење крв од вена(венепункција)

  • Пред вадење на крв пациентот треба да биде гладен најмалку 12 часа. Треба да се избегнува интензивна телесна активнст и алкохол најмалку 48 часа
  • Доколку се одредува липиден статус пациентот треба да биде гладен најмалку 16 часа (може да се пие вода).
  • Одредување на серумско железо се врши наутро. Анализата не треба да се врши при акутна инфекција и пациентот треба да прекине со орална терапија со железо 7-10 дена пред испитувањето.
  • Одредување на пролактин и кортизол се врши наутро, најдоцна 2 часа од станување
  • Сите лекови и додатоци на исхраната треба да се прекинат 48 часа пред вадење на крв (тоа не се однесува на редовна терапија).
  • По земањето на крв од вена (венепункција) потребно е раката да се држи исправено и цврсто да се притисне на местото на убодот, во траење од минимум 5 минути. Доколку пациентот прима антикоагулантна терапија или зема препарати кои влијаат на коагулацијата (аспирин, андол, цитрон) се притиска минимум 10 минути, за да се спречи појава на модринка (хематом).
  • Пред земање на примерокот се препорачува да не се земаат лекови и препарати кои можат да влијаат на резултатите (препарати на железо, витамини, хормонска терапија, антикоагулантна терапија, диуретици, аналгетици).
  • Земањето на примерок за комплетна крвна слика (еритроцити, хемоглобин, леукоцити…) е можно во тек на целиот ден
  • За повеќето биохемиски анализи (анализа на гликоза, холестерол, триглицериди…) неопходно е да се зема примерок на празен стомак, барем да се поминати 10-12h од последниот оброк
  • Не се препорачува поголема физичка активност, посебно со таа рака во текот на денот (тератана, физичка работа, кревање тежина), тек на 24h пред земањето на примерок, затоа што влијае на зголемување на вредноста на поедини ензими и други аналити (CK, LDH, AST, К, Mg, креатинин)
  • Одредување на ниво на туморски маркери и поголемиот дел на хормони можат да се земаат примероци и истите да се анализираат независно од времето на земање крв, но препорачливо е да не се консумира храна и течности, најмалку 2-3h пред тоа.
  • За анализите пролактин, кортизол и ACTH неопходно е мирување од 20 минути пред венепункција.
  • За да се направи OGTT тест (тест за оптоварување со гликоза), на пациентот му се дава одредена количина на глукоза. Тестот се прави наутро, на гладно. Пред овој тест, и во текот на самото изведување не смее да се зема храна и пијалок, освен вода во траење од 10 -12 h. Потребно е пациентот да планира подолг престој во лабораторијата, бидејќи се зема примерок во временски интервали (од 120 до 180 минути), отткако ќе ја земе глукозата. Тестот се прави најмалку 3 дена пред менструален циклус. Тестот се работи со претходно закажување во лабораторија. Најмалку 3 дена претходно пациентот треба да се придржува до вообичаената исхрана со внес на храна побогата со јаглени хидрати. Доколку е можно да се прекине користење на лекови и препарати, кои делуваат на метаболизмот на глукозата, но секогаш во консултација со доктор.
  • За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие и пуши.
  • Капиларната крв се користи само кога не може да се земе венска крв и се применува само за одреден тип на лабораториски анализи.

Стручниот тим на биохемиската лабораторија е во тек на цело работно време достапен за совети и консултации со пациенти. Биохемиските анализи не се закажуваат и можат да се извршат во било кој временски период во тек на работниот ден од 8.00 до 20.00 часот или сабота од 8.00 до 12.00 часот, доколку се работи за амбулантски пациенти.

Подготовка на пациентот за оставање на материјал за урина

Неопходна е лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун), при постапка на оставање на материјал за урина.

За анализа на уринарен статус се користи првата утринска урина земена во стерилен сад. Земениот примерок урина треба во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија, доколку не сте во можност да ја донесете веднаш во лабораторија, урината може да се стави во фрижидер. Анализа на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.

За анализи при кои се одредува 24 часовна урина ( целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода ( околу 1.5 L ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише, бидејќи е потребна 24 часовна урина. Првата утринска урина се фрла. После оваа урина, се собираат сите примероци во текот на денот и ноќта, вклучувајќи ја и првата утринска урина после преспиената ноќ. Точно 24 часа од почетокот на собирањето и на тој начин се комплетира Вашата 24 часовна урина.

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

Инфекцијата настанува како резултат на продирање на патогени микроорганизми во човечкото тело.
Во рамките на својата болница „Ре-Медика“ отвори микробиолошка лабораторија во која е можно да се направат микробиолошки анализи на материјал добиен од сите анатомски системи, почнувајки од респираторниот, урогениталниот, дигестивниот и сите други. Во оваа лабораторија, покрај класичните микробиолошки методи, се користат и најсовремени дијагностички методи со автоматизирани апарати, со што прецизно и за покусо време се добива краен резултат.
Микробиолошката лабораторија на ПЗУ Ре-Медика директно учествува во дијагностиката, следење и спречувањето на интрахоспиталните инфекции и појава за резистенција кон определени антибиотици (VITEK 2 Compact 15, BioMerieux, France).

Тимот во микробиолошката лабораторијата е високо едуциран и сертифициран за работа со софистицираната лабораториска опрема и постојано ги следи најновите трендови во клиничката микробиологија.

Доц. д-р Снежана Ивиќ-Колевска
Специјалист –микробиолог

РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ

  • Брис од грло и нос
  • Брис уста (букална лигавица, јазик)
  • Спутум
  • Трахеален и бронхиален аспират
  • Брис од коњуктива и
  • Брис од надворешен ушен канал
  • Стреп А тест – брз тест за испитување на присуство на Streptococcus pyogenes grupa A во грло
  • Influenza A/B тест – брз тест за испитување на присуство на вирус на грип

УРОГЕНИТАЛЕН СИСТЕМ

Кај жени:

  • Урина
  • Брис од вулва, брис од вагина и цервикс за општа бактериолошка анализа (испитување на присуство бактерии и квасници во наведените гинеколошки примероци)
  • Одредување на присуство на хламидии, микоплазми и уреоплазми и Тrichomonas vaginalis во содветни гинеколошки материјали
  • Во тек на бременоста одредување на присуство на листерии и бета хемолитичен стрептокок од групата Б

Кај мажи:

  • Одредување на присуство на бактерии и квасници во урина, сперма
  • Брис од препуциум
  • Брис од гланс
  • Уретра и материјал од простата
  • Присуство на хламидии, микоплазми и уреоплазми во содветни гинеколошки материјали

ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ

  • Брис од ректум
  • Фецес за копрокултура (испитување на присуство на сите ентеропатогени бактерии, како и Clostridium difficile)
  • Кандида во фецес
  • Перианален и целофански брис
  • Фецес за паразити
  • Отсуство или присуство крв во фецес
  • Одредување на присуство Helicobacter pylori во столица (знак на акутна инфекција предизвикана со оваа бактерија)
  • Рота и адено вируси во столица
  • Присуство или отсуство на токсин А, токсин Б и GDH на Clostridium difficile во столица

ПРИМЕРОЦИ ОД МЕКИТЕ ТКИВА

  • Брис од кожа, акни, пустули
  • Брис од рана, пунктат, аспират или некротично ткиво од рана, гној
  • Зглобна или синовијална течност
  • Перикардна, плеврална или перитонеална течност и ликвор

МИКОЛОШКА АНАЛИЗА НА СЛЕДНИТЕ ПРИМЕРОЦИ

  • Нокт
  • Сквама
  • Влакно

ИМУНОЛОШКИ ТЕСТОВИ

  • Хепатит А, Б, Ц
  • Сида
  • ТОРЧ-токсоплазма IgG, IgM и AVIDITY, рубеола IgG и IgM, цитомегало вирус IgG, IgM и AVIDITY II, Епштајн-Бар-ов вирус, варичела зостер
  • Рота и адено вируси
  • Helicobacter pylori IgG и
  • Токсин на Clostridium difficile

Имунолошки тестови се праваат на апаратот VIDAS, BioMerieux, France.

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Кај хоспитализираните болни, ако за тоа постои потреба можно е да се направи бактериолошка анализа на хемокултура со автоматизиран апарат за брза детекција на присуство бактерии во крв со BacT/Alert 3D, BioMerieux, France.

АПАРАТУРА СО КОЈА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА Е ОПРЕМЕНА

  • VITEK 2 Compact 15 – апарат за брза детекција и идентификација на присутните бактерии и габички во испитуваните примероции
  • Bact/Alert 3D – за прецизно детектовање на присуство на бактерии и габички во крвта супримирајќи присуство на антибиотикот кој е претходно даден во терапијата на пациентот
  • VIDAS – апарат за одредување на имунолошки анализи

СЕРТИФИКАТ

ПРИПРЕМА НА ПАЦИЕНТИТЕ ПРЕД ОСТАВАЊЕ НА ПРИМЕРОК ЗА ЗА МИКРОБИОЛОШКА АНАЛИЗА

Припремата на пациенти за земање на примерок за микробиолошко испитување е од посебно значење, бидејќи може значајно да влијае на резултатите од испитувањето. Сите примероци треба да се земаат пред започнување на антибиотска терапија или неколку дена (најмалку 48h) по прекинот на истата.

Брис од фаринкс (грло) треба да се зема наутро, пред миење на забите или земање на храна и вода. Доколку мора да се земе во текот на денот, потребно е да поминат барем 2h од последното земање на храна и пијалоци.

Брис од нос треба да се зема пред примена на антибиотска терапија и барем 3 – 4 часа од последното испирање (издувување) на носот. Најдобро би било за микробиолошки преглед да се собере секрет од носот, особено ако е густ и обоен, бидејќи тоа говори во прилог на бактериска инфекција, за разлика од провидниот и воденкаст секрет кој обично ја прати вирусната инфекција.

При земањето брис од грло и нос кај деца, родителите треба да го држат детето во скут, едната рака да се стави преку двете негови раце, а другата рака да му ја стават на чело и така да се придржува главата додека стручното лице му зема брисеви.

Искашлок (sputum) за микробиолошка анализа најдобро е да се зема наутро, пред земање на храна или испирање на устата со дезинфекциони средства и секако, пред започнување со антибиотска терапија. Устата претходно се плакне со обична вода, која се плука а потоа пациентот искашлува длабоко што повеќе искашлок во стерилен сад. Паралелно со анализата на спутумот треба да се направи и брис на усната шуплина.

Брис од коњуктива за бактериолошка анализа се зема најдобро наутро пред утринска тоалета со навлажнетo брис-стапче  во стерилен физиолошки раствор со движење од латерално кон медијално долж внатрешна страна од долниот капак.

Брис од коњуктива за испитување на присуство на хламидија се зема исто наутро пред утринска тоалета со суво брис-стапче со поагресивни движења од латерално кон медијално долж внатрешна страна од долниот капак, да би се земал епителен слој на капакот како би се изолирале хламидиите кое се наоѓаат во истиот.

Уринокултурата е најчестата анализа во микробиологијата. Подготовката за давање на урина за уринокултура е особено значајна кај жените и малите деца. Потребно е миење на надворешните гениталии со млака вода и сапун, така да млазот оди од напред према назад. Потоа кожата да се исуши, без мачкање на било какви креми. Подготовката за давање на урина за уринокултура кај мажите исто така подразбира миење на гениталиите со млака вода и сапун. Особено внимание треба да се обрати кај децата да се врати кожата на препуциумот и потоа да се измие. Бидејќи првиот млаз на урина практично ги одмива бактериите од кожата и бактериската флора од уретрата, во стерилен сад се зема исклучиво средниот млаз, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен. Кај децата исто така е пожелно да се обезбедат услови да можат да мократ директно во стерилниот сад, но ако тоа не е можно, исто така треба да се направи хигиена на надворешните гениталии, да се стави кесичка и да се контролира кога детето мокрело. Кесичката може да биде налепена најмногу 15 минути. Доколку за тоа време детето не уринира кесичката треба да се замени со нова. Кога детето ќе измокри урина во кесичката, доколку е тоа можно да се направи во домашни услови, треба веднаш да се префрли во стерилен сад определен за уринокултура и во што пократок рок (2 часа) да се достави до микробиолошката лабораторија за анализа.

Најдобро е, примерокот на урина да се зема наутро, така што пациентот во текот на ноќта не уринира пред да ја даде урината. Со оглед на тоа дека урината е добра хранлива подлога за развој на бактерии, треба што побрзо да се достави во лабораторијата или да се чува во фрижидер додека да се однесе во лабораторија. Доколку хигиената на гениталиите не е добро извршена или ако урината стоела долго време на собна температура во културата ќе се појават голем број на мешани бактерии од кожната, вагиналната или цревната флора. Доколку пациентот во текот на ноќта повеќе пати има уринирано и доколку нема поминато повеќе од 4 часа од последното уринирање, бројот на изолираните бактерии во урината може да биде помал од реалниот или доколку се работи за мал број на бактерии може и да не бидат изолирани.

За испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреаплазма во урината потребно е да се даде првиот млаз ( прв утрински млаз ) кој обично ги собира епителните клетки на уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми. Ова најмногу се однесува на мажите, бидејќи кај жените за изолација на овие микроорганизми се зема цервикален брис.

При сомнеж на уретритис било да е предизвикан од бактерии, хламидија, микоплазма или уреаплазма, се зема уретрален брис и тоа наутро пред мокрењето, а ако тоа не е можно, тогаш кога било во текот на денот, но така да помеѓу последното мокрење и земањето на брисот поминат најмалку 2 часа.

  Вагинални и цервикални брисеви – Пациентката не би требало да има сексуални односи 24 часа пред земањето на брисевите. Овие брисеви се земаат од страна на стручно, компетентно, лице (гинеколог).

За спермограм анализа неопходна е апстиненција во траење од 3 – 5 дена. Примерокот од сперма се дава во лабораторија или се носи во лабораторија во специјални транспортни куфери на 37°C во рок од 20 минути.

За спермокултура пациентот пред давање на примерок од сперма треба да уринира.

Поради следливоста и точноста на толкување на наодите најсодветно е истовремено да се земат, за микробиолошка анализа, урина, брис од уретра и спермокултура.

Брис од рана најдобро е да се земе пред и после преврската (хируршка обработка на раната), да би се добил податокот за длабочината на постоечката инфекција.

Материјал фецес за бактериолошко испитувањесе доставува во микробиолошка лабораторија во стерилен сад во што пократок временски период, не подолго од два часа. Доколку не може да се стаса во овој временски период во лабораторијата примерокот фецес треба да се транспортира во фрижидер.

Перианален-целофански бриc – Тоалета се прави навечер пред спиење. Материјалот се зема наутро, по будењето, пред тоалета и мокрење со помош на 5-7 cm проѕирна, леплива лента (селотејп), која внимателно се лепи на аналните набори, а потоа се залепува на предметно стакленце, без да се допрат рабовите и без меурчиња од воздух. Истата постапка пожелно е да се повтори три последователни утра и донесе во лабораторијата како три различни примероци.

Материјалот кој стасува во микробиолошката лабораторија на ПЗУ Ре-Медика се засадува веднаш по приемот во лабораторијата со што се добива прецизна слика за реалната здравствена состојба на нашите пациенти. Со ваква организација на работа се намалува можноста за сушење на брисевите земени од соодветни локализации, зголемување на бројот на бактериите во стерилните излачевини како што е урина, пунктат и многу други.

Стручниот тим на микробиолошката лабораторија е во тек на цело работно време достапен за совети и консултации со пациенти. Микробиолошките анализи не се закажуваат и можат да се извршат во било кој временски период во тек на работниот ден од 8.00 до 21.00 часот или сабота од 8.00 до 13.00 часот, доколку се работи за амбулантски пациенти.

МИКРОБИОЛОШКИ УСЛУГИ

Респираторни примероци

  • Брис од грло
  • Брис од нос
  • Брис од грло + нос
  • Спутум
  • Брис од грло + нос + спутум
  • Брис од уво
  • Брис од уши (лево + десно)
  • Брис од грло + нос + уши (лево + десно)
  • Брис од уста или јазик
  • Брис од уста, јазик за Candida
  • Брис од букална слузокожа
  • Брис од око (коњуктива)
  • Брис од очи (лево+десно)
  • Брис од око за Chlamydia trachomatis
  • Брис од очи (лево+десно) за Chlamydia trachomatis
  • Брис од очи бактериолошки + Chlamydia trachomatis
  • Бронхоаспират
  • Трахеален аспират
  • Спутум за бк. (Зиехл-Нилсен)
  • Спутум за бк. по Lovenstein
  • Земање брис од букална слузокожа
  • Стреп А тест

Урогенитални примероци

  • Уринокултура
  • Уринокултура за Candida
  • Брис од вулва
  • Вагинален брис
  • Цервикален брис
  • Вагинален и цервикален брис
  • Уреаплазма
  • Микоплазма
  • Уреаплазма + Микоплазма
  • GBS пакет брисеви
  • Брис од вагина за Listeria monocytogenes Vaginal smear for Listeria monocytogenes
  • Trichomonas vaginalis
  • Брис за Neisseria gonorrhoeae
  • Chlamydia trachomatis брис
  • Herples simplex 1/2 брис
  • Пакет брисеви (брис генитален за Chlamydia trachomatis + Ureaplasma + Mycoplasma)
  • Гинеколошки пакет МБ (Вагинален брис + цервикален брис + брис генитален за Chlamydia trachomatis + Ureaplasma + Mycoplasma + уринокултура)
  • Спермокултура
  • Брис од уретра
  • Брис од препуциум
  • Брис од уретра и спермокултура
  • Андролошки пакет (брис за Chlamydia trachomatis, брис за Ureaplasma + Mycoplasma, Trichomonas vaginalis)
  • Уролошки пакет брисеви (брис од уретра, брис за Chlamydia trachomatis, спермокултура)
  • Уролошки пакет брисеви (брис од уретра, брис за Chlamydia trachomatis, брис за Ureaplasma + Mycoplasma)

Примероци од меки и длабоки ткива

  • Брис од кожа
  • Миколошки преглед на примерок (кожа, сквама, влакна, нокт, рана)
  • Брис од рана
  • Гној, секрет, екскрет, пунктат, оперативен материјал
  • Врв од артериска линија

Гастроинтестинални примероци

  • Копрокултура
  • Копрокултура (I, II, III)
  • Анализа на фецес за Clostridium difficile
  • Анализа на фецес за Clostridium difficile (I, II, III)
  • Clostridium difficile – toxin A и B во столица
  • Clostridium difficile – GDH во столица
  • Фецес за кандида
  • Фецес за кандида (I, II, III)
  • Фецес, ректален брис, бактериол.
  • Фецес за паразити
  • Фецес за паразити (I, II, III)
  • Giardia lamblia
  • Giardia lamblia (I, II, III)
  • Перианален, целофански/селотејп брис
  • Перианален, целофански/селотејп брис (I, II, III)
  • Целофански брис за Enterobius vermicularis
  • Пакет (копрокултура, фецес за Candida, фецес за паразити)
  • Пакет (копрокултура, фецес за Candida, фецес за паразити) (I, II, III)
  • Helicobacter pylori AG-столица
  • Rota/Adeno virus во столица

Други микробиолошки анализи

  • Ликвор
  • Врв од ЦВК
  • Врв од аспирационен катетер
  • Хемокултура (педијатриска)
  • Хемокултура (аеробна + анаеробна)
  • Хемокултура (СЕТ I, II, III)
  • Хемокултура (СЕТ I, II, III) Идентификација и антибиотска осетливост
  • Боење по Гизма, докажување на маларија
  • Пнеумослајд

Серолошка дијагностика

  • Rubella IgG/IgM
  • Toxoplasma IgG/IgM/Avidity
  • Influenza A/B
  • HSV 1,2 IgG/IgM
  • HSV 1 IgG/IgM
  • HSV 2 IgG/IgM
  • CMV IgG/IgM/Avidity
  • EBV IgG/IgM
  • TORCH (Toxoplasma gondii IgG/IgM, Rubella IgG/IgM, CMV IgG/IgM, HSV1,2 IgG/IgM)
  • Varicella IgG/IgM
  • Morbilli IgG/IgM
  • Chlamydia trachomatis IgG/IgA/IgM
  • Borrelia burgdorferi IgG/IgM
  • Echinoccosis granulosus антитела (квантитативно)
  • Трепонема палидум (Сифилис ТПХА тест)
  • Трепонема палидум (Сифилис РПР тест)
  • Трепонема палидум (Сифилис VDRL тест)
  • Бруцела БАБ тест
  • Brucella IgG/IgM

Молекуларна дијагностика

  • HPV – Хуман Папилома Вирус
  • Материјал за испитување на Neisseria gonorrhoeae со PCR
  • Молекуларна дијагностика на сепса (PCR)
  • Детекција на респираторни патогени со Real Time PCR

РЕВМАТОЛОГИЈА

Субспецијалистички преглед / Subspecialist examination and consultation
Интра-артикуларна инстилација / Intra-articular instillation
Епидурална блокада (еднократна) / Epidural blockage
Субспецијалистички ревматолошки преглед – контрола / Subspecialist rheumatology examination-control
Пункција на зглоб / Joint puncture

ОНКОЛОГИЈА

Специјалистички онколошки консултативен преглед / Oncological consultation examination by Specialist

РАДИОЛОГИЈА

МДКТ – МСКТ – (мулти слојниот компјутерски томограф) како врвен дијагностички инструмент во раната и навремента детекција на патолошките состојби во организмот.

Во нашиот оддел за прв пат се применети интервентните дијагностички постапки од областа на мама дијагностиката – дигитален мамограф, cor биопсии, пред оперативно маркирање со жица итн.

Одделот располага со дигитална конвенционална Ro технологија која до максимум ги намалува радиационите дози и го зголемува дијагностичниот квалитет на Ro постапките. Користиме најнапреднати PC работни единици – work station, со апликација на врвни софтверски решенија. Во одделот за радиологија работат 3 Специјалисти Радиолози и 3 Дипломирани Радиолошки технолози.

Прим. Д-р Благоја Даскалов, шеф на оддел Радиологија – спец. радиодијагностичар

Одделот е организиран во три целосно независни работни единици.

ОТСЕК ЗА КОНВЕНЦИОНАЛНА РТГ- РЕНТГЕН ДИЈАГНОСТИКА СО ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛИЗИРАНА РАДИОГРАФИЈА

Дигитализиран РТГ систем, со компјутерска работна единица

  • РТГ систем за радиографија за општи намени
  • Безконтрасни и контрасни РТГ методи
  • Намалено зрачење и автоматизирана постапка на снимање
  • Револуционарна рентген технологија со дигитализација на слики,- најпрецизен РТГ метод на испитување, компјутерска анализа
  • Ртг на Остеоартикуларен систем
  • Ртг на Глава и ПНС
  • Ртг на Бели дробови и Срце
  • Ртг на Абдомен
  • Секундарна холангиографија
  • Ртг на Уринарен Тракт
  • Нативна Урографија
  • ИВ.Урографија
  • Микциона уретроцистографија
  • Ретроградна пиелографија
  • Цистографија

“Panoramix “ графии на рбетниот столб и екстремитетите, единствен дигитализиран систем во РМ

  • Сколиози, кифози на ‘рбетот

ОТСЕК ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ТОМОГРАФИЈА -128СЛ. МДКТ

128сл МДКТ повеќеслојна / мултидетекторска компјутеризирана томографија

  • 85% помало зрачење од конвенционалните компјутерски томографи
  • Скратено време на на скенирање-не подолго од 10 сек. за цело тело
  • Работна станица која овозможува 3Д реконструктивна анализа и приказ во боја
  • Широко поле на примена, без медицински контра-индикации

МДКТ Коронарографија- Кардиолошка Компјутеризирана Томографија

  • Неинвазивна, безболна анализа на крвните садови на срцето во целост, без употреба на катетри-“жици”
  • Функционална проценка на севкупната срцева состојба
  • Calcium scoring

МДКМ- компјутеризирана томографија на глава и вратот

  • Целосна дијагностичка проценка на физиолочки и патолошки состојби на мозокот
  • Ангиографија -приказ и проценка на сосотојба на крвни садови на главата и вратот
  • Приказ на ПНС, параназални синуси
  • Целосна анализа на структури на вратот со ангиографска анализa

МДКТ на белите дробови и градниот кош

  • Иследување на белодробни заболувања
  • Виртуелна бронхоскопија, 3Д приказ и анализа на трахеобронхалното стебло
  • Проценка на функционалната и патолошка состојба на белодробен паренхим
  • Ангиграфија на белодробните артерии и вени

МДКТ Ангиографија

  • приказ и анализа на крвните садови на телото во целост,со селективна обработка,според полето на дијагностички интерес
  • Виртуелно патување низ крвните садови
  • Длабока и периферна циркулација на телото и екстремитетите
  • Артериографски и флебографски приказ

МДКТ на абдоменот

  • Целосен приказ и анализа на органите во абдоменот како и целосна анализа на уринарниот систем и простата
  • Виртуелна колоноскопија / безболна, брза проценка на состојбата на дебелото црево со 3Д анализа

МДКТ на скелет

  • Скенирање на скелетниот систем во целост
  • Целосна анализа на р`бетниот столб

МДКТ аспирациони тенкоиглени, пункциони и “core” биопсии

  • Најпрецизна метода за земање и анализа на ткивен материјал од секој дел на телото

МДКТ на Глава
МДКТ на ПНС
МДКТ Ангиографија на Врат и Глава
МДКТ на Б.Дробови
МДКТ Виртуелна Бронхоскопија
МДКТ на Абдомен и мала крлица
МДКТ на Уринарен Тракт
МДКТ Виртуелна Колоноскопија
МДКТ на Скелет
МДКТ Ангиографија на крвните садови од целото Тело
МДКТ Флебографија
МДКТ Коронарографија
МДКТ на Рбетот
МДКТ на Цело Тело

ОТСЕК ЗА ДИЈАГНОСТИЧКИ И ИНТЕРВЕНТНИ ПРОЦЕДУРИ НА ДОЈКА

У.З. на дојка

  • Дигитална мамографија
  • Галактографија
  • Спот мамографија
  • Пункциони и кор биопсии,предоперативно маркирање на туморски лезии под контрола на У3
  • Пункциони и кор биопсии,предоперативно бележење на туморски лезии со стереотаксичен дигитален мамографски апарат

Отсек за Дијагностички процедури на тироидна жлезда, плунковни жлезди и вратна регија

  • Ехо преглед
  • Тенкоиглена биопсија под контрола на УЗ

Отсек за Ултразвучна дијагностика

  • Педијатриска УЗ дијагностика
  • УЗ на остеоартикуларен систем
  • УЗ на абдомен
  • УЗ на Уринарен Тракт

Отсек за Интервентна радиологија

  • МДКТ Пункциони биопсии – тенкоиглени, Cor биопсии
  • УЗ тенкоиглени и cor биопсии
  • РТГ Тенкоиглени и Cor биопсии
  • РТГ, МДКТ тераписко решавање на коскени промени
  • Дигитална РТГ стереотаксија
  • Галактографија
  • Пред оперативно Бележење на окултни лезии со жица

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ РАДИОЛОГИЈА

Дијагностика на Гради
Преглед на Гради – Клинички преглед и Ултразвук
Пакет: Клинички преглед на Гради + Ултразвучен преглед + Дигитална Мамографија
Дигитална Мамографија
Дигитална Мамографија – доплата за пакет
Ултразвучен преглед – доплата за пакет
Ултразвучен преглед по мастектомија
Пакет мамографија и ултразвук по мастектомија
Консултативен преглед – дијагностика на гради
Контролен преглед – дијагностика на гради
CORE биопсија под ултразвук
Тенкоиглеста биопсија под ултразвук
Цитолошка анализа на материјал од тенкоиглена биопсија
Предоперативно бележење на дојка
Галактографија
Размаска на секрет со цитол.
Сore биопсија на два фокуса
Маркирање со жица – двојно (2 жици)
Стереотаксична биопсија – Core
Стереотаксична биопсија – Тенкоиглена
Маркирање со стереотакса

 

РТГ дијагностика – УЗ
УЗ преглед на тироидна жлезда
УЗ преглед на мали партии
УЗ преглед на абдомен (уринарен тракт)
УЗ преглед на дојки после оперативен зафат (туморектомија)
ПАКЕТ УЗ преглед дојки и тироидна жлезда
ПАКЕТ УЗ преглед дојки и абдомен
ПАКЕТ мамографија, УЗ на дојки и УЗ на абдомен после мастектомија
УЗ преглед кај деца (тестиси, УТ, абдомен)
УЗ тераписка аспирација на течна содржина (сером циста)

 

Амбуланта за мамографија – Тетово
Ехо на дојки
Мамографија
Ехо на дојки и мамографија – пакет
Контролен ехо преглед
Пакет дојки со тироидеа
Ехо на тироидеа
Ехо на дојки и тироидеа

 

Прим. д-р Благоја Даскалов, радиодијагностичар, Д-р Елизабета Бабушку, радиодијагностичар-субспец. по мама дијагностика и Д-р Наде Петановска, радиодијагностичар
Компјутерска Томографија / Computed Tomography
CT снимање на глава + врат / CT scan – head + neck
СТ Снимање на ПНС
СТ Снимање на целосен рбет / CT scan of spine
СТ Снимање на абдомен / CT scan of abdomen
CT снимање на граден кош + абдомен / CT scan – Chest and Abdomen
CT Ангиографија на крвни садови / CT Angiography of blood vessels
CT Ангиографија на глава и врат / CT Angiography – CTA – head + neck
CT Ангиографија на срце и коронарни крвни садови / CT Angiogrpahy of Heart and coronary blood vessels
ИВ контраст / IV Contrast
Full Body Scan (нативна серија) / Full Body Scan (native series)
Full Body Scan (ангиографија) / Full Body Scan (Angiography)
СТ биопсија / CT Biopsy
CT Нативни серии / CT Native series
CT Виртуелна Колоноскопија/Бронхоскопија / CT Virtual Colonoscopy/Bronchoscope
РТГ Нативна слика на абдомен / Abdominal x-ray
РТГ Колено / Knee x-ray
РТГ Вратен рбет / x-ray of cervical spine
РТГ Торакален рбет / Thoracic spine x-ray
РТГ Нативна слика на Бели дробови / Chest x-ray
Езофагус / Aesophagus
РТГ Нативна слика на уринарен тракт / x-ray of urinary tract
РТГ Интра венска урографија (ИВУ) / Intravenous urography (IVU) x-ray
Фистулографија / Fistulography
РТГ Л-С рбет / L-S spine x-ray
РТГ на Скелет / RTG of Skeleton
РТГ снимање / RTG Screening
РТГ Мали и патела / RTG Minor
Контраст TELEBRIX/ Contrast TELEBRIX
РТГ Микциона Уретроцистографија
РТГ Ретроградна Пиелографија / x-ray retrograde pyelography
РТГ Антеградна Пиелографија / x-ray antegrade pyelography
РТГ Цистографија / x-ray cystography
Скопирање во ОП сала
Panoramix на р’бет и долни екстремитети

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА


  • Подготовка на жени за оплодување и In Vitro инсеминација

  • Дијагноза и водење на трудници со дијабетес

  • Полицистични јајници

  • Лекување на шеќерна болест

  • Дијагноза и превенција на дијабетесот

  • Одредување на (BMI) и превенција на дебелината

  • Нарушување на липидите

  • Дијагностика на болестите на хипофизата

  • Лекување на болестите на тироидеата, тироидни јазли и канцер

  • Дијагностика на паратироидеите, како и нарушувања на метаболизмот на калциум

  • Дијагностика на паратироидеите, како и нарушувања на метаболизмот на калциум

Амбулантата по Ендокринологија е опремена сo врвна технологија од областа на ултразвукот, циркулаторните промени и дијабетна полинеуропатија. Врши дијагностика, третман и следење на заболувања од областа на ендокринологијата и метаболните нарушувања.

Хормоналните испитувања се вршат во Дијагностичката лабораторија во Ре-медика, а резултатите се добиваат истиот ден, со можност веднаш да добиете анализа на истите и соодветна терапија.

Во Амбулантата работи д-р Стефанка Ѓорѓиевска, специјалист по ендокринологија

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Ендокринолошки преглед и консултација / Endocrinologic examination and consultation
ЕХО на тироидна жлезда / Ultrasound exam. of thyroid gland
Пакет: Преглед + ЕХО на тироидна жлезда + TSH + FT4 / Package: Exam+US exam of thy.gland+TSH+T4
Контролен Ендокринолошки преглед / Controll Endocriniologic exam.

ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА

Специјалистот трансфузиолог во секојдневната пракса учествува во неколку сегменти кои се однесуваат на дијагностика и третман на пациентите.


  • Конзилијарно консултативна дејност за хоспитализирани пациенти во периодот на подготовка за хируршка интервенција и по интервенцијата

  • Предоперативна проценка за ризикот од крварења или тромбоза и нивна превенција и/или третман
  • Амбулантска дејност

  • • Индицирање, толкување и ординирање терапија кај пациентки упатени од гинеколог за проценка на коагулационен статус во следните состојби:

    а) пациентки на хормонална терапија,

    б) пациентки кои се на ИВФ програм во сите фази: подготовка, следење на бременоста до крај и по породувањето,

    в) следење и одредување тромбопрофилатична терапија кај пациентки породени со царски рез,

    г) следење и спроведување тромбопрофилакса кај сите оперирани пациентки со гинеколошка патологија.

    • Преглед, индицирање анализи, толкување на резултати од добиени испитувања и терапија кај пациенти со тромботични заболувања на периферната венска циркулација (тромбофлебити, длабоки венски тромбози на горни и долни екстремитети)

    • Одредување антикоагулантна терапија кај пациенти со пост инфарктни состојби (кардиолошки, невролошки)

    • Дијагностика и терапија кај пациенти со хеморагични растројства (крварења)

  • Лабораториска дејност


Одредување крвни групи на сите пациенти кај кои се планира хируршка интервенција, бремени и новородени на Rh(D) negativni мајки.

Д-р Павлина Герасимова-Тиквешанска, специјалист трансфузиолог

ДОКТОРИ