Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

НЕОНАТОЛОГИЈА И ПЕДИЈАТРИЈА

Со моментот на раѓањето започнува нов период во животот. Фетусот, кој грижливо го негувала мајката во текот на целата бременост, влегува во новороденечки период.

Самото новородено дете, непосредно по породувањето, има потреба од соодветна медицинска поддршка за да му се помогне во овој важен адаптационен период. Нашата екипа на неонатолози, која присуствува на секое породување, ја спроведува примарната реанимација и поспарталнато згрижување на секое дете.

Раѓањето на нов живот е привилегија на Одделот за неонатологија и педијатрија.

Среќата на родителите е и наша среќа.

Одделот е организиран од:

Неонатологија

-Специјална и интензивна нега

-Ординарна нега (rooming in систем)

Педијатрија

-Педијатриска амбуланта за здраво дете

-Педијатриска амбуланта за болно дете (плус пулмологија)

-Детска кардиологија

-Детска ревматологија

-Детска нефрологија

Заложбата за здрави идни генерации е секојдневна професионална обврска и грижа кон нашите најмали и најмили пациенти.

Со почит

Прим. д-р Марина Поп-Лазарева, шеф на оддел Неонатологија и педијатрија

НЕОНАТОЛОГИЈА

• Предпородилна едукација во рамките на Отворен ден

• Згрижување (реанимација) и стабилизација на новороденото дете од неонатолог, присутен на секое породување

• Дијагностика за жолтица (billi -chek) и третман со фото ламби и били–креветчиња

• Можност за дополнителни скрининзи кај секое новородено дете (препорачани и по избор на родителите):

      – Кардиолошки скрининг

      – Ортопедски скрининг

      – Скрининиг на слух

      – Испитување за интолеранција на лактоза.

• Постпартален третман на новородените деца со уважување на принципите дефинирани за „Болница пријателка на бебињата“

• TSH + CF + PKU – скрининг кај секое новородено дете

• Вакцинација (Hepatitis B и TBC)

• Едукација на родителите за нега на новороденото дете (практични совети за секое дете)

• Едукација (теоретска и практична) на мајките за доењето, со индивидуален пристап

• Згрижување на недоносени новородени деца- од 34 гестациска недела

• Специјална и интензивна неонатална нега: инкубатори, вормери, водени душеци,

кислородна терапија според индикација (CPAP вентилација), инфузиона терапија, фото-терапија

• Континуирано мониторирање на виталните параметри.

Контактот на детето со мајката се реализира непосредно по породувањето, во родилната или во операционата сала, а на секо породување присуствува педијатер, кој го згрижува (реанимација) и стабилизира новороденото. Современата медицинска опрема овозможува адекватна терморегулација, мониторирање на виталните функции, специјална/интензивна нега кај недоносените деца и други ризични деца, кои имаат потреба од таков третман, дополнителни лабориски испитувања со микрометоди според медицинска индикација, како и спроведување на фото-терапија и следење на жолтица (неинвазивен и инвазеивен пристап).

ПЕДИЈАТРИЈА

ПЕДИЈАТРИСКА АМБУЛАНТА

• Следење и советување за психомоторен раст и развој од новороденечкиот период (периодични систематски прегледи)

• Советување за доење и исхрана

• Дијагноза и третман на деца со инфекции и други патолошки состојби во детската возраст (од новороденечкиот период)

• Клинички преглед кај здраво и болно дете

• Субспецијалистички прегледи (можност и за УЗ преглед)

• Детска кардиологија и ревматологија

• Детска нефрологија

• Лабораториски (хематолошки и биохемиски) анализи

• Микробиолошки анализи

• Скрининг на слухот (ОАЕ)

• Транскутано мерење на жолтица (bili-check)

• Mожност за конзилијарна консултација и третман по индикација (ортопед, ОРЛ специјалист, дерматолог, детски хирург).

en_USEnglish