ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Македонија. Регистрирана е во согласност со позитивната законска регулатива на Република Македонија, a отпочната со работа во април 2005 година, во објект лоциран во населба Железара, Скопје. ПЗУ Ре-Медика е и првата општа болница во Република Македонија со сертифициран систем за управување со квалитет согласно стандардот МКС EN ISO 9001:2008 од 2008 година. Овој стандард од септември 2018 година се надогради и премина во новиот стандард ISO 9001:2015 со кој болницата се сертифицира, при што во истата година болницата воведе и нов стандард за заштита на животна средина според ISO 14001:2015, со кој исто така се сертифицира во септември 2018 година. Од 2013 година двете медицински лаборатории (за инвитро-фертилизација и дијагностичко биохемиската лабораторија), кои се ноаѓаат во состав на болницата се акредитрани од страна на ИАРМ по МКС EN ISO 15189:2013. Во 2019 година и третата лабораторија во состав на болницата, дијагностичката микробиолошка лабораторија, се акредитира според медицинскиот страндард за лаборатории МКС EN ISO 15189:2013. Секоја година сите три лаборатории редовно се реакредитираа со овој стандард, со што континуирано се потврдува високиот квалитет на здравствени услуги кои се обезбедуваат и се испорачуваат од ПЗУ Ре-Медика. Обемот на лабораториски услуги во дијагностичката микробиолошка лабораторија е збогатен со молекуларни анализи и ПСР техника за детекција на бактерии, вируси и габи, кои се акредитирани според медицинскиот стандард за лаборатории, МКС EN ISO 15189:2013. Лабораторијата за инвитро фертилизација при одделот Гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се акредитира со стандардот МКС EN ISO 15189:2013. Болницата работи согласно принципите и стандардот за животна средина и корпоративна одржливост, и со придобивките од имплементацијата на овие стандарди се рангира многу високо во здравствена дејност во земјата и пошироко, стекнувајќи доверба меѓу еминентните бизнис професионалци, политичари, академици и претприемачи од цела Европа.
На 1.6.2023 година во ПЗУ Ре-Медика Скопје, во соработка со Црвен крст на Град Скопје, е успешно реализирана вежбата: „Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место и прва медицинска помош во услови на земјотрес“.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
ПЗУ Ре-Медика во целост ја спроведува Политиката за квалитет и животна средина, која е заснована на систем ориентиран кон принципите за унапредување на здравствените услуги преку задоволување на барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, очекувањата на корисниците на здравствените услуги за квалитетно, ефeктивно и ефикасно решавање на нивните потреби и проблеми, а кои се во надлежност на ПЗУ Ре-Медика.
Политиката за квалитет и животна средина, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет и животна средина, периодично се прегледува и менува кога е потребно.
Основните принципи на Политиката за квалитет и животна средина, кон кои ПЗУ Ре-Медика се обврзува, се засноваат на креирање на деловен систем за квалитет насочен кон:
- Корисниците на здравствената услуга преку обезбедување на врвен квалитет на здравствена услугата со ангажирање на високостручен кадар, софистицирана дијагностичка опрема и средства за работа, во услови кои ги задоволуваат стандардите за пружање на здравствената услуга.
- Целосно намалување на потенцијалниот ризик за пациентот.
- Градење односи со корисниците на здравствена услуга со цел да се зголемат и подобрат угледот и довербата на ПЗУ Ре-Медика а со тоа и зголемувањето на учеството на пазарот за здравствени услуги.
- Создавање коректни односи со добавувачите заради исполнување на барањата за набавки на опрема и репроматеријали неопходни за реализација на високо квалитетна здравствена услуга.
- Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат неповолно влијание врз работењето на болницата и целата заедница воопшто.
- Исполнување на потребите на вработените.
- Исполнување на Легислативата.
- Перманентно спроведување на стручното оспособување на вработените на сите нивоа.
- Грижа за подобрување на условите за работа, опремата како и заштита на животната средина.
- Рационално користење на енергијата, суровините и останатите природни ресурси.
- Намалување на создавањето на отпад и класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање.
Сите вработени во ПЗУ Ре-Медика се запознати со Политиката за квалитет и животна средина и нивните обврски кои произлегуваат од неа.
ПЗУ Ре-Медика се обврзува да ги одржува и подобрува Системите за управување со квалитет и животна средина со што ги исполнува барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, а воедно ги задоволува потребите и барањата на корисниците на здравствените услуги.
Скопје
20.05.2018
Генерална директорка
Елица Јорданова