Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

НЕОНАТОЛОГИЈА И ПЕДИАТРИЈА - РЕ-МЕДИКА

НЕОНАТОЛОГИЈА И ПЕДИЈАТРИЈА

Со моментот на раѓањето, започнува нов период во животот. Фетусот, кој грижливо го негувала мајката во текот на целата бременост, влегува во новороденечки период.
Самото новородено дете, непосредно по породувањето, има потреба од соодветна медицинска поддршка за да му се помогне во овој важен адаптационен период. Нашата екипа на неонатолози, која присуствува на секое породување, ја спроведува примарната реанимација и поспарталнато згрижување на секое дете.
Раѓањето на нов живот е привилегија на одделот за Неонатологија и Педијатрија.
Среќата на родителите е и наша среќа.
Одделот е организиран од :


  • Неонатологија

  • Педијатрија

  • Педијатриска амбуланта

  • Педијатриска амбуланта за пулмологија и бронхоскопија

  • Детска Гастроентеро хепатологија

  • Детска Нефрологија

  • Детска Хемато-онкологија


Заложбата за здрави идни генерации е секојдневна професионална обврска и грижа кон нашите најмали и најмили пациенти.

Со почит, Прим. д-р Марина Поп-Лазарева, шефица на оддел Неонатологија и Педијатрија

НЕОНАТОЛОГИЈА


  • Предпородилна едукација

  • Згрижување (реанимација) и стабилизација на новородено од неонатолог присутен на секое породување

  • Дијагностика на жолтица ( billi -chek) и третман со Фото ламби и били–креветчиња

  • Кардиолошки и ортопедски ехо-сонографски скрининг кај секое новородено

  • Скрининиг на слух-испитување на слухот на секое новородено дете

  • Постпартален третман на новородени со примена на принципите за „Болница пријателка на бебињата“

  • TSH – скрининг кај секое новородено (можност за проширен метаболен скрининг)

  • Вакцинација (Hepatitis B- Vac. Engerix i Vac. BCG)

  • Едукација на родителите за нега на новороденото (практични совети за секое дете)

  • Едукација (теоретска и практична) на мајките за доењето

  • Постоење на едукативен канал наменет за мајките (континуирано)

  • Згрижување на недоносени новородени -од 33гн.

  • Интензивна и Специјална Неонатална нега:

  • Инкубатор, вормер, воден душек, кислородна терапија според индикација (CPAP вентилација), инфузиона терапија, фото-терапија

  • Континуирано мониторирање на витални параметри

Контактот на детето со мајката се реализира непосредно по породувањето, во родилната или во операционата сала.,а на секо породување присуствува педијатра кој го згрижува(реанимација) и стабилизира новороденото. Современата медицинска опрема овозможува и адекватна: терморегулација (warmer, radiant heater, water mattress), мониторирање на виталните функции, специјална /интензивна нега (кај недоносените деца родени >33GN и други ризични новородени кои имаат потреба од таков третман), спроведување на фототерапија (били-креветче и конвенционално), следење на жолтица со bili-check (неинвазивен транскутан билирубинометар), дополнителни лабораториски иследувања со микрометоди според медицинска индикација.

ПЕДИЈАТРИЈА

ПЕДИЈАТРИСКА АМБУЛАНТА

  • Следење и советување за психомоторен раст и развој од новороденечкиот период (периодични систематски прегледи)
  • Дијагноза и третман на деца со инфекции и други патолошки состојби во детската возраст (од новороденечкиот период)
  • Клинички преглед кај здраво и болно дете
  • Субспецијалистички прегледи (можност и за УЗ преглед)
  • Детска Кардиологија и Ревматологија
  • Детска Гастроентеро хепатологија
  • Детска Нефрологија
  • Детска Хемато-онкологија
  • Лабораториски (хематолошки и биохемиски) анализи
  • Микробиолошки анализи
  • Проширен метаболен скрининг
  • Скрининг на слухот (ОАЕ)
  • Транскутано мерење на жолтица (bili-check)
  • Mожност за конзилијарна консултација и третман (ортопед, ОРЛ специјалист, дерматолог, детски хирург и детски психијатар)

ПЕДИЈАТРИСКА АМБУЛАНТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА И БРОНХОСКОПИЈА

Прим. м-р д-р Искра Лазаревска, доктор по медицина, специјалист педијатар-пулмолог, бронхоскопист

ДЕТСКА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Проф.д-р Стефка Груевска, спец.гастроентеролог

ДЕТСКА НЕФРОЛОГИЈА

Проф.д-р Дафина Кузмановска, спец. нефролог

ДЕТСКА ХЕМАТО-ОНКОЛОГИЈА

Проф.д-р Оливера Муратовска, спец.хематолог

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО НЕОНАТОЛОГИЈА И ПЕДИЈАТРИЈА

Клинички педијатриски преглед / Clinical examination
Клинички педијатриски преглед (викенд/празник) / Clinical examination (weekend/holiday)
Педијатриски преглед / Pediatric examination
Педијатриски преглед (викенд/празник) / Pediatric examination (weekend/holiday)
Лапизација на папче + третман на кожа / Lapisation of umbilicus + skin treatment
Контрола на жолтица (Bili-Check) / Hepatitis lab. control (Bili-Check)
Клинички ортопедски преглед на новородено дете / Clinical orthopedic examination of a newborn baby
Клинички ортопедски преглед на дете / Clinical orthopedic examination of a child
Ехо ортопедски преглед на колкови на новородено дете / Orthopedic Ultrasound examination of hips of a newborn baby
Ехо ортопедски преглед на колкови на дете / Orthopedic Ultrasound examination of hips of a child
Фототерапија со контрола на билирубин / Phototherapy with bilirubin level control
Kонтролен клинички педијатриски преглед / Control clinical Examination
Kонтролен клинички педијатриски преглед (викенд/празник) / Control clinical Examination (weekend/holiday)
Kонтролен педијатриски преглед / Control Examination
Kонтролен педијатриски преглед (викенд/празник) / Control Examination (weekend/holiday)
Инхалација / Inhalation
Инхалација (викенд/празник) / Inhalation (weekend/holiday)
Аспирација на горни дишни патишта / Aspiration of the upper bronchial tubes
Аспирација на горни дишни патишта (викенд/празник) / Aspiration of the upper bronchial tubes
Консултација без присуство на пациент + медицинска белешка / Medical consultation without patient + Conformation letter
Ехо преглед на срце на дете / Ultrasound heart examination of child
Ехо преглед на срце на дете (викенд/празник) / Ultrasound heart examination of child (weekend/holiday)
Ехо преглед на срце на новородено дете / Ultrasound heart examination of а newborn baby
Контролен ехо преглед на срце на дете (контрола до 1 месец)
ЕКГ кај дете / Electrocardiogram (ECG) of child
ЕКГ кај дете (викенд/празник) / Electrocardiogram (ECG) of child (weekend/holiday)
Пакет (Ехо на срце, Екг и кардиолошки преглед) / Package (Ultrasound heart examination, Electrocardiogram (ECG) and Cardiology consultation)
Пакет (Ехо на срце, Екг и кардиолошки преглед) (викенд/празник) / Package (Ultrasound heart examination, Electrocardiogram (ECG) and Cardiology consultation) (weekend/holiday)
Престој на новородено без родител (еден ден) / Hospital stay of newborn without parent (per one day)
1 ден третман на специјална нега / One day treatment- special care
1 ден третман на интензивна нега / One day treatment- intensive care
Користење на опрема за измолзување (еден ден) / Using of expressing milk equipment (per one day)
Скрининг за слух на новородени деца / Newborn hearing screening
Скрининг за слух / Newborn hearing screening
Превентивен неонатален скрининг со цистична фиброза / Preventive neonatal screening with cystic fibrosis
Превентивен неонатален скрининг без цистична фиброза / Preventive neonatal screening without cystic fibrosis
Превентивен неонатален скрининг – цистична фиброза / Preventive neonatal screening-cystic fibrosis
Респираторна поддршка – CPAP (1 ден)
Ехо на УГТ/абдомен
Ехо на УГТ/абдомен (викенд/празник)
Пакет услуги за преглед на дете со хематолошко заболување
Пакет услуги за преглед на дете со малигно или можно малигно заболување
DNA BABY + анализа
DNA BABY + анализа пакет со матични клетки Seracell

КАЛЕНДАР ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

Објаснување кон Календарот за имунизација:

¹ BCG вакцина се дава при отпуштање од родилиште. До крајот на првата година детето се вакцинира со BCG вакцина без претходно туберкулинско тестирање.
² HepB вакцина се дава во првите 24 часа од раѓање како поединечна вакцина.
³ Детето се вакцинира (I и III доза) со шестовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib, HepB и IPV).
⁴ Детето се вакцинира (II доза) и ревакцинира (прва ревакцина) со петовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib и IPV).
⁵ Детето се вакцинира со три дози петтовалентна ротавирусна вакцина (RV5). Вакцинацијата започнува најдоцна до 12-неделна возраст.
Растојанието меѓу дозите е од 4-10 недели. Третата доза треба да биде дадена најдоцна до навршени 32 недели од животот.
⁶ Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е отпочната вакцинацијата.
Кај деца на возраст од 2 до 11 месеци се даваат две дози вакцина и една доза ревакцина (бустер).
Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза.
Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза.
⁷ Првата доза комбинирана МРП вакцина се дава на деца со навршени 12 месеци од животот, а втората доза (ревакцина) се дава при започнување на основното образование.
⁸ Втора ревакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис се спроведува кај деца со неполни 7 години или со наполнети 7 години со давање на една доза четиривалентна DTaP-IPV вакцина.
⁹ Трета ревакцинација против дифтерија и тетанус се спроведува кај деца во завршно одделение на основно образование со давање на една доза тривалентна Td-IPV вакцинa.
¹° Четврта ревакцинација против тетанус се спроведува со давање една доза ТТ вакцина на 18 годишна возраст, односно во завршна година на средното образование.
¹¹ Со ХПВ вакцина се вакцинираат само девојчиња со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од 6 месеци.

ДОКТОРИ

  • Благица Исаковска
    Главна сестра