Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – РЕ-МЕДИКА

ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Одделот Гинекологија и акушерство е спој на искусен кадар и врвна технологија. Имплементираме светски протоколи но со индивидуален пристап во лекувањето и врвни специјализирани техники за лекување на неплодноста. Во оперативната гинекологија и онко-гинекологиjата се повеќе сме барани како мулти дисциплинарен тим составен од професионалци препознатливи со децении. Тоа овозможува безбедно следење на бременоста, породување и современи гинеколошки операции.

Одделот е организиран од :


  • Перинатологија со акушерство

  • Оперативна гинекологија со гинеколошка онкологија и урогинекологија

  • Асистирана репродукција со ИВФ

Хиерархиската поставеност и тимската работа се многу важни. На тој начин сѐ функционира беспрекорно!

Со почит,  Д-р м-р Симонида Котларова Попоска, шеф на гинекологија и акушерство.

ПЕРИНАТОЛОГИЈА СО АКУШЕРСТВО


  • Водење нормална и високоризична бременост

  • 4D и 3D ултрасонографија во бременост

  • Ран скрининг на аномалии во првиот триместер од бременоста

  • Хорионбиопсија, амниоцентеза

  • Ултразвучен скрининг и евалуација на срце на плодот во 20-22 гестациска седмица

  • Безболно породување

  • Постнатално одделение по принципот на „Болница-пријател на бебињата”

  • Фототерапија со Billy-креветче (Били-креветче)

  • Специјална нега со комплетен мониторинг-систем

БРЕМЕНОСТ

Бременоста трае 280 дена или 40 ГН.

На почетокот на бременоста треба да се одреди:

  • Крвна група
  • Rh фактор
  • Крвна слика (секој месец)
  • Уринокултура

Микробиолошки испитувања:

  • Chlamydya
  • Mycoplasma
  • Вагина и цервикс

Како дел од пренаталниот надзор ви нудиме ултразвучен преглед на вашата бременост

Прв ултразвук – Со изостанување на редовниот МЦ, пациентката треба да го посети својот гинеколог за да се утврди причината за доцнењето на циклусот. Доколку се работи за бременост, треба да се утврди срцевата акција.
Втор ултразвук – Од 11 – 13,6 ГН – Скрининг за Даун синдром
Трет ултразвук – Од 18 – 22 ГН – Скрининг за аномалии на плодот
Четврти ултразвук – Од 28 – 30 ГН – Преглед за раст и протоци на плодот

1

Првиот ултразвучен преглед го правиме при првата посета. Наменет е за одредување на траењето на бременоста, односно гестациската старост на плодот, да се исклучи или потврди повекеплодова бременост и да се потврди виталноста на плодот. Обично овој преглед го правиме вагинално, затоа ви советуваме да имате празен мочен меур.

2

Вториот ултразвучен преглед ке го направиме од 11-13,6 гн за да го измериме вратното просветлување на плодот, да ја видиме носната коска на плодот, како дел од прегледот за трисомија 21 (Даунов синдром) Комплетен преглед за трисомија 21 подразбира и двоен тест со земање на крв од вена на мајката за одредување на ниво на слободен Б ХЦГ и ПАПП-А.

3

Третиот преглед ке го направиме во 20-24 гн од бременоста, за да провериме дали вашиот плод уредно се развива, односно расте, и да исклучиме или потврдиме развојни неправилности на плодот. Повекето плодови се здрави, но за жал некои плодови може да имаат сериозни потешкотии. Ако навистина не сакате да знаете дека вашиот плод неправилно се развива или има развојни неправилности, подобро е да не го правите прегледот. Ако се одлучите за прегледот ке разбереме дека сакате да знаете се што ке приметиме. При прегледот ке легнете на креветот, докторот ке ви го премачка стомакот со гел , и врз стомакот ке стави ултразвучна сонда. Ултразвучната сонда дава подвижна слика на екранот која овозможува да го измериме плодот и да ги прегледаме сите делови и органи на плодот. Приближно половина од развојните неправилности кои може да предизвикаат сериозни потешкотии во тек на испитувањето ке ги видиме, а другата половина нема. Тоа значи дека , како на пример ако прегледот е во граници на нормала, останува мала веројатност дека вашето бебе сепак има некој неправилности. Во табелата се наведени разни неправилности кои често со ултразвучен преглед ги откриваме. Со прегледот понекогаш може да се утврди и полот на плодот, но преглед само за утврдување на полот не правиме. Точноста на утврден пол со уклтразвук е 95%.Ако докторот во тек на ултразвучниот преглед примети неправилности во развојот на плодот тоа и ке ви го каже. Повекето неправилности ке бараат нов преглед по правило од друг специјалист. Поради различни причини тој преглед би требало да се повтори во отприлика 15%.

4

Четвртиот преглед ке го направиме од 28-32гн, за да провериме дали вашето бебе уредно расте, да ја измериме количината на околуплодовата вода, да видиме каква е постелката нејзина локација, поставеност, структура, и да го измери колор доплер проток во феталните крвни садови. На овој преглед ке треба да дојдете со веке направени тестови за скриен шеќер во крвта, тест за антитела во крвта, и обична крвна слика и мочка.

 

Развојни неправилности Која е развојната неправиност Можност да ја откриеме
Spina bifida Отворен рбетен канал 90%
Anencephalia Одсутен горен дел на глава 99%
Hydrocephalus Зголемена количина на течност во мозочните комори 60%
Поголеми срцеви мани 25%
Dijafragmalna hernia Пукнатина во дијафрагма-преграда меѓу градна и стомачна празнина 60%
Egzomfalos/gastroshisis Пукнатина на стомачен зид на излез на папчаник/десно од папок 90%
Поголеми мани во развој на бубрези Недостаток или ненормален бубрег 85%
Поголеми неправилности во развој на екстремитети Одсутна коска или кратка коска 90%
Церебрална парализа Зголемена мускулна напнатост Никогаш
Аутизам Никогаш
Даунов синдром Може да е поврзан со неправилности на срце или црева 40%

ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ

Ре-Медика се гордее со својот високо професионален тим кој учествува во текот на едно породување независно дали е спонтан или е царски рез, почитувајки ја секоја пациентка како посебна и уникатна по својата природа, почнувајќи од приемот на трудницата, амбулантските прегледи, следење на бременоста со современа медицинска опрема, следење на контаракциите, срцевата акција, па се до самиот чин на породување.

СПОНТАНО ПОРОДУВАЊЕ – обезболување (епидурална или спинална аналгезија), 3 болнички денови, рутински лабораториски анализи за новороденчето и мајката, (вклучително тип на специјална нега);

ОПЕРАТИВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА (ЦАРСКИ РЕЗ) – Анестезија – регионална (спинална и епидурална), 4 болнички денови, рутински лабораториски анализи за новороденчето и мајката, (вклучително тип на специјална нега);
Oперативната интервенција во себе не вклучува Пост-Оперативно лекување и Нега, (освен во случаеви каде што Ре-Медика согласно својата политика на работа, ослободува од плаќање за 1-4 болнички денови во зависност од големината на оперативната интервенција).

ПО ПОТРЕБА И МЕДИЦИНСКА ИНДИКАЦИЈА (ЗА МАЈКАТА И/ИЛИ НОВОРОДЕНЧЕТО), СЕ ВРШИ ДОПЛАТА ЗА СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПАКЕТИТЕ.

  • Доплата за дополнителни болнички денови, доколку според медицинска индикација, е непоходно за мајката и/или новороденчето, подолго да престојуваат од веќе вкалкулираните денови, согласно официјалниот ценовник на Ре-Медика
  • Доплата за патохистолошки материјал и обработка, доколку истата е индицирана
  • Доплата за Крв и Крвни деривати, (доколку има потреба за требовање на истите)
  • Доплата за вонстандардни медикаменти/препарати за еднократна употреба согласно медицинските потреби
  • Доплата за рентгенски снимања, не рутински лабораториски анализи, ултразвучни снимања и евалуации
  • Доплата за специјална и/или интензивна нега по (3 дена за спонтано или 5 за царски рез)
  • Доплата за користење на апартман по ваш избор
  • Одредување на крвна група и Рх-фактор, според медицинска потреба (мајка Рх негативна или патолошка жолтица кај детето) или по желба на родителите
  • Скрининг на новороденото за 37 болести на метаболизмот ”Syn Lab”-Германија преку лабораторија ”Adria Lab”

ПОРОДУВАЊЕ БЕЗ БОЛКА

Раѓањето на бебето во прегратката на насмаена и ослободена од бол мајка еден од највозбудливите и најблагородни моменти во медицината. Бременоста е време кога треба да донесете одредени одлуки за Вас и вашето бебе.Се надеваме информациите овде ке Ви помогнат да го направите вистинскиот избор со цел породување да остане незаборавен момент во вашиот живот. Анестезиолошкиот тим во Ре-медика Ви стои на располагање 24 часа/7 дена во неделата.
БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ, ИЗБОРОТ Е ВАШ

ФАКТИ ЗА ЕПИДУРАЛНАТА АНАЛГЕЗИЈА

Во Ремедика над 70%  ( усогласена бројка) од пациентките кои се породуваат спонтано се породуваат без болка со помош на епидурална аналгезија
Претставува најефикасен метод во третманот на родилната болка
Тоа е единствен метод со кој раѓањето може во потполност да се обезболи кај секоја родилка
Во просек секоја трета жена во развиените земји се породува со оваа метода
Во одредени болници процентот надминува 90%
8 од 10 би го одбрале истиот метод и при следното раѓање
Епидуралната аналгезија нема несакани ефекти по новороденото

ПРИПРЕМА ЗА ПОРОДУВАЊЕ

Препорачуваме да ги посетите часовите за пренатална подготовка на трудници. Тим од специјалисти акушери, педијатри, анестезиолози, психолози и акушерки ке Ве запознаат со промените што ве очекуваат во тек на  бременоста и породувањето. Ќе научите вежби за дишење, положба во тек на породувањето, ке Би бидат објаснети техниките на обезболување како и  прифаќање и нега новороденото. Со анестезиолозите дополнително можете  да се запознаете и разговарате кога доаѓате на редовните  акушерски и ЦТГ контроли.Присатноста на партнерот во тек на породувањето, која во РеМедика посебно ја подржуваме, е од непроценливо значение како психолошка поткрепа на родилката, но и за партнерот.

ЗОШТО Е СПИЦИФИЧЕН ТРЕТМАНОТ НА РОДИЛНАТА БОЛКА?

Актот на раѓање, особено кај прворотки може да биде многу болен и скоро по правило има потреба да и се помогне на родилката. Присуството на плодот преставува ограничување како во изборот ,така и во количината на аналгетик што лекарот може да го даде на мајката.Аналгетиците што се користат во третманот на родилните болки дадени интрамускуларно или во вена се пренесуваат преку постелката и кај плодот и може да предизвикаат несакани ефекти кај бебето по завршување на раѓањето.Тоа е причината зошто дозата која е безбедна за новороденото не е ефикасна во третманот на родилната болка.

За разлика, лековите дадени преку епидуралниот катетер дистигнуваат толку мали концентрации во крвотокот на мајката да немаат несакани ефекти кај новороденото.

КАКО НАСТАНУВА ПОРОДИЛНАТА БОЛКА?

Породувањето на секоја жена е посебно и единствено.Кон крајот на бременоста започнуваат контракции на матката, од почеток ретки, а потоа се почести и посилни, што ја предизвикува  породилна болка, чија јачина е различна кај секоја родилка.При крајот на раѓањето се надоврзува и болка од ширење на меките родилни патишта.Многу мал процент од родилките не бараат никакво обезболување, за разлика од мнозинството кои имаат огромна корист од обезболувањето.Првото породување е најчесто најдолго и породилната болка е најсилна. На болката влијаат голем број фактори како:

Големината и положбата на бебето
Јачината на контракциите на матката
Толеранцијата на родилката кон болка
Димензии на карлицата и родилниот канал
Употреба на стимулација од страна на акушерот со цел да го започне или забрза раѓањето

Видови на обезболување

Денес околу 80% од сите родилки побаруваат некој вид на обезболување.
Најефикасни и најприменувани техники се   регионалните техники во кои спаѓаат епидуралната, спиналната и комбинираната епидурална-спинална аналгезија. Нивна најголема предност е ефикасноста и отсаството на несакани ефекти кај бебето.Тоа е и причина за нивната широка застапеност во развиените земји која во поедини болници изнесува над 90%.

Епидуралната аналгезија е без сомнение најефикасен метод во третманот на породилната болка, посебно за прворотките кај кои породувањето вообичаено трае подолго. Таа им е достапна на сите родилки кои се заинтересирани за неа. Контраиндикациите се исклучително ретки како употреба на антикоагулантна терапија или инфекција на местото на поставување на епидуралниот какетер.

ШТО ПРЕСТАВУВА ЕПИДУРАЛНА АНАЛГЕЗИЈА?

Методата се состои во поставување на тенок епидурален катетер (1мм) во слабинскиот дел на рбетот на грбот после локална анестезија на кожата. Најдобро е да се постави кога ритмичните контракции ќе станат пократки и поболни и кога устието на грлото на матката е 3-4 см отворено. Процедурата се врши во седечка или странична положба,колената на пациентката се приблишени кон стомакот  а брадата кон градната коска  како би се испакнал слабинскиот дел на грбот.Со вбризгување на лекот низ епидуралниот катетер во близина на нервите се прекинува преносот на болката од матката и меките родилни патишта кон мозокот каде се формира секоја сензација па така и болката

Ефектот на обезболување настапува за 20-30 минути, а преку специјална пумпа континуирано се аплицира лекот се додека не заврши породувањето.  Мајката чувствува топлина и лесна отрпнатост во нозете и долниот дел од телото, болката се губи, но се чувствуваат контракциите..Во тек на целото породување се контролираат крвниот притисок и срцевата фреквенција кај мајката , а преку ЦТГ-записот пулсот на бебето и контракциите на матката.

Единствено во РеМедика се применуваат и тн. Епидурална Аналгезија контролирана од страна на пациентот каде родилката преку специјална пумпа сама ја контролира количината на лек даден преку епидурален катетер и на тој начин  сама ја контролира степенот на обезболеност.

КОГА СЕ УПОТРЕБУВА СПИНАЛНА АНАЛГЕЗИЈА?

Спиналната аналгезија   е поретко користена техника каде  ефектот настапува за 2-5 минути.Оваа техника  ја применуваме единствено доколку се очекува да породувањето заврши во наредните 2 часа. Нејзин најголемиот недостаток е што претставува еднократно аплицирање на лек и не може да се додава, туку мора повторно да се боцка (пунктира),  доколку не заврши породувањето додека трае ефектот.

Комбинираната спинална –епидурална ги користи   предностите од двете техники – брз ефект и траење се до завршување на раѓањето. Најчесто се употребува кај таканаречените шетачки епидурали кога пациентката може да биде мобилна во тек на породувањето.

ШТО ДОКОЛКУ ПОРОДУВАЊЕТО МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ СО ЦАРСКИ РЕЗ?

Доколку  бебето не се спушта и покрај тоа што грлото на матката се шири, или папочната врпца  е кратка и го држи бебето, породувањето мора да се заврши со царски рез. Епидуралниот катетер може да се искористи за анестезија за царски рез,со тоа што се аплицира поконцентриран раствор на лекот кој доведува до целосен блок во нозете и долниот дел од стомакот се до под градите. На овој наќин се избегнува општата анестезија за царски рез , а мајката е будна и може да го чуе првиот плач на бебето ,  а подоцна и  да го види и допре кога педијатарот и го стави на нејзините гради. Едноставно моментот е незаборавен.

ДАЛИ ИМА КОМЛИКАЦИИ ПРИ ЕПИДУРАЛНАТА АНАЛГЕЗИЈА?

Понекгогаш може да има потешкотии во лоцирање на епидуралниот простор па може да има мала болка на местото на боцкање ден-два што поминува без компликации.Многу ретко моше да се јави главоболка  после епидуралната аналгезија.

ПОРОДИЛИШТЕ РЕ-МЕДИКА

ПОРОДИЛИШТЕ РЕ-МЕДИКА – ПРИЈАТЕЛКА НА МАЈКИТЕ И БЕБИЊАТА

Породилиштето во Ре-Медика е целосно адаптирано на потребите на самиот чин на породувањето. Имплементирани се релевантни медицински протоколи за работа во секој оддел.
Одделот за гинекологија и акушерство заедно со одделот за неонатологија и педијатрија како и родилните сали се на посебен кат од целокупната архитектура на болницата, достапни од повеке страни. Сместувањето и грижата за секоја родилка е наша цел, нашите пациенти да се чувствуваат удобно и безбедно.

Ре-Медика се гордее со својот високо професионален тим кој учествува во текот на едно породување независно дали е спонтан или е царски рез, почитувајки ја секоја пациентка како посебна и уникатна по својата природа, почнувајќи од приемот на трудницата, амбулантските прегледи, следење на бременоста со современа медицинска опрема, следење на контаракциите, срцевата акција, па се до самиот чин на породување.

Секојдневно, 24 часа, активно е вклучен тим од професионално високо едуциран и обучен тим: специјалист гинеколог акушер, специјалист анестезиолог, специјалист педијатар неонатолог, како и целосна поддршка од сестри акушерки, анестетичарки, тим кој што најодговорно е подготвен кон потребите на нашите пациенти.
Љубезност, стручност и висока професионалност, во целиот подготвителен процес почитувајќи ја психолошката состојба на секоја трудница, свое место секако има и психолошката поддршка од страна на психолог. Несебичноста и одговорноста кон грижата за секој пациент во Ре-Медика е секојдневна пракса, почитувајќи го секој пациент, назависно од неговата политичка, верска и национална определба.
Нашата стратешка определба се секако потребите на нашите пациенти. Во таа насока секогаш преку интерактивност со идните родители се договараат и се дефинираат нивните желби, потреби се со цел моментот на доаѓање на свет на новиот член или членови, да се доживее како посебен, да се запамети за целиот живот.

Одделот за неонатологија е посебен, издвоен од останатите простории, специјално адаптиран како нова средина за бебенцата. Светските протоколи се овде ставени во функција на секојдневна пракса. Покриено дежурство од 24 часа, со постојан мониторинг и контрола. Бебенцата се мирни, релаксирани и спокојни со почитување на нивните индикаторни потреби.
Имплементација на системот РУМИНГ ИН, прилагодување на мајката заедно со бебето во иста просторија. Овде благодарноста е огромна од тимот на врвни медицински сестри кои несебично ќе Ве подготват за идните секојдневни работи во грижата. Часови за доење, часови за бањање како и многу едукација и совети од врвни лекари специјалисти педијатри, кои ви се најнеопходни во подигнувањето, растот и развојот на Вашето бебе.
Тимот на педијатри се секогаш на располагање и во понатамошното следење на растот и развојот на бебето, како партнери, заедно со родителите, нивна заедничка цел е одгледување на здраво дете.
Чувството дека сте посебни и навистина многу важни за секој од нас, севкупното опкружување, сместувањето, персоналот, хигиената и многу други параметри, по сите содржини што ги нуди Ре-Медика, цениме дека се доволен предизвик да ја посетите болницата и да дознаете што ја чини Ре-Медика посебна и уникатна.

ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА.
ВАШЕ Е САМО ДА ДОЈДЕТЕ! ЗА СЕ ДРУГО НИЕ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ!

УЛОГА НА АКУШЕРКАТА

Акушерството како професија претставува главна алка во нераскинливиот синџир наречен здравје. Акушерката со своите професионални компентенции и емпириско искуство се грижи за здравјето на своите пациенти, негата на трудниците и новорoденчињата на секоја генерација.

УЧЕСТВО ПРИ ПОРОДУВАЊЕТО (ВО РЕ-МЕДИКА ПРИ СЕКОЕ ПОРОДУВАЊЕ АКТИВНО СЕ ВКЛУЧЕНИ ГИНЕКОЛОГ-АКУШЕР И АКУШЕРКА, А ПРИСУТНИ СЕ И АНЕСТЕЗИОЛОГ И ПЕДИЈАТАР).

Акушерката е медицинското лице кое постојано е со трудницата откако акушерот-гинеколог ќе назначи прием во породилиштето на пациентката.

Постојат протоколарни процедури кои акушерката ги прави кај сите трудници:

Административни

Пополнува акушерска историја со личните податоци, Картон за новородено, Анестезиолошка листа која е всушност прашалник (информатор) за севкупната здравствена состојба, Согласност за прием, пријавa за породување коja по породувањето се проследува во матична служба за добивање извод на родени.

Медицински

  • ЦТГ (Кардиотокографско следење на контракциите и срцевите тонови на плодот)
  • Поставува интравенска канила и истовремено зема крв за лаб.анализи, доколку претходно трудницата не направила лаб.анализи

Препорачуваме трудницата со себе да ги носи сите претходни лаб.микробиолошки и други медицински наоди.
Секоја трудница треба да има направено крвна група и Rh фактор и тој резултат да го носи со себе.

  • Мензурација или мерење на карлични мерки
  • Телесна Тежина (ТТ)
  • Телесна Висина (ТВ)
  • Следење на срцевиот крвен притисок
  • Дава на трудницата средство за прочистување на дебелото црево, прави тоалета на генитална регија

КОРИСТИ МЕТОДИ ЗА ПОДДРШКА

Менталната слика на жената и подготовката за контракции и породување ќе влијае врз процесот на породување.
Секако поддршката од партнерот или лицето кое родилката го одбрала да биде со неа, позитивно влијае на емотивната сигурност.

  • Инструкции за дишењето

Објаснување на положбите за породување:
Литотомна или полулежечка и Семирекумбентна или полуседечка
Акушерката треба да направи проценка во која фаза, која положба на телото е најефикасна и да и сугерира на родилката во која положба да се намести.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

ВО ГОТОВО; ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ: VISA; MASTER; DINERS; AMERICAN EXPRESS;
МОЖНОСТ ДА СЕ ПЛАТИ СО ФАКТУРА, ПРЕД ПАЦИЕНТОТ ДА ЈА НАПУШТИ БОЛНИЦАТА; (Информации на тел: 02 2603 100,);
ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ;

• Global Benefits Group;
• Cigna;
• AETNA Global Benifit ;
• International SOS Tricare Department;
• Eurosig-Kosovo;
• Eurosig-Albania;
• Allianz Worldwide Care;
• AP COMPANIES;
• Geo Blue;
• ILLYRIA;
• Triglav;
• Eurolink;
• Med Uniqa;
• Sigal Uniqa-Kosovo;
• Winner;
• Sigma;
• Global Blue;
• Винер-Македонија
• Еуролинк-македонија
• Триглав -Македонија

ОПЕРАТИВНА ГИНЕКОЛОГИЈА СО ГИНЕКОЛОШКА ОНКОЛОГИЈА И УРОГИНЕКОЛОГИЈА


  • Преглед, PAP-тест, HPV-типизација, биопсија, ласер терапија на преканцерози

  • Видеоколпоскопија

  • Вагинална 3D, 4D и Колор доплер ултрасонографија кај тумори на гениталните органи

  • Апликација на ТЦА за третман на ХПВ инфекции

  • Абдоминална и вагинална хирургија на гинеколошки бенигни и малигни тумори

  • Лапараскопски и хистероскопски оперативен третман

  • Уродинамика

  • Корективни операции за инконтиненција и гениталната статика

  • Неинвазивен, ласерски третман, третман на инконтиненција, гениталната статика, перименопаузални тегоби

  • Третман на менструалните дисфункции и постменопаузата

  • Конзервативен и оперативен третман на хроничната пелвична болка и пелвична инфламаторна болест

АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА СО ИН-ВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА

Почитувани,

Детето е круна на врската помеѓу две индивидуи, тоа ги облагородува односите во семејството, ја заокружува врската помеѓу партнерите и дефинитивно го осмислува нашето живеење. Процесот на зачнување е фасцинантно софистициран и зависи од цел мозаик фактори со поголемо или
помало влијание.

За жал дел од нас имаат проблеми и им е потребна асистенција да ја остварат својата желба за потомство.
Во нашиот Центар за Асистирана Репродукција и ин витро фертилизација – кој е дел од ПЗУ Ре-Медика, помагаме сонот за потомство да стане реалност.

Искусниот тим, брендираната опрема, современите процедури и стандардите кои ги користиме се гаранција за квалитетот на нашата услуга.

Во рамки на Р. Македонија, пионири сме во етаблирањето на одредени процедури во гинекологијата и асистираната репродукција со цел подобра дијагностика и третманот на неплодоноста. Во 2012 година за прв пат во нашата држава ја воведовме преимплантационата генетска анализа со изведување на првата биопсија на ембриони. Пратејќи ги трендовите за криопрезрвација на фертилноста ја воведовме техниката за брзо замрзнување или витрификацијата со која прв пат во нашата земја се роди првото дете од замрзната јајце клетка. Ја воведовме техниката на ласер асистиран hatching во ембриологијата, ИМСИ, го започнавме процесот на донација на сперматозоиди, јајни клетки и ембриони.

Во 2016 година за прв пат во нашата земја ја имплементиравме и најновата техника на оваријална рејувинација или т.н. подмладување на јајниците во смисол на подобрување на оваријалната резерва кај пациентките како и кај оние со предвремено настаната менопауза, а во 2017 година за прв пат се роди и првото бебе од сурогат мајка.

Со тоа направивме вистински прогрес во решавањето на неплодноста што ни донесе подобри резултати таму каде што другите методи не постигнуваа успех. Сето тоа не прави моќни и безбедни во решевањето на неплодноста. Постигнатите резултати во минатиот прериод не вбројуваат во самиот врв на центрите во регионот. Нашиот професионален тим ќе биде секогаш со Вас за полесно и поедноставно да ги поминеме и надминеме сите проблеми и да стасаме до посакуваната цел. Ние сме тука за Вас, затоа што Вашата победа е и наша…

Ваш,
Доц. д-р. Зоранчо Петановски,
Шеф на одделот за Асистирана Репродукција и Ин Витро Фертилизација

АКРЕДИТАЦИЈА НА ИВФ ЛАБОРАТОРИЈА

Со акредитацијата на Лабораторијата за асистирана репродукција и ин витро фертилизација со стандардот ИСО 15189:2013 се потврди квалитетот на работата и компетентноста на персоналот, а воедно се воведоа и нови контролни системи кои овозможуваат идеални услови за обработка на гамети и развој на ембриони. Надворешната контрола од страна на ИВФ експерти го потврди успехот на на нашиот тим да создаде систем во кој административните, лабораториските и медицинските процедури ги претвори во дневна пракса.

Со примената на стандардот се овозможува континуирано мониторирање на лабораториската опрема (планирање и имплементирање на превентивното одржување, калибрација и контрола), континуирана обука на персоналот, мониторирање на индикаторите на квалитет, континуирано надградување на услугите на Лабораторијата со воведување на нови техники, како и мониторинг на резултатите од целокупниот процес на оплодувањето до раѓањето на новородените. Комбинацијата на точно контролирани лабораториски услови, користење на нова генерација на медиуми, како и врвна техничка опременост, гарантираат идеални услови за асистиран раст и развој на ембриони.

Познавање за преимплантациониот развој и континуираното едуцирање и обучување за нови ИВФ техники се нашата движечка сила уште од самиот почеток. Високиот процент на постигната бременост и бројот на родени деца е најсилниот доказ за квалитетната работа на Лабораторија.

Со прошувањето на Лабораторијата во нови простори ќе се овозможи ИВФ Центарот да прими уште повеќе парови на кои ќе им ги понуди најсофисицираните процеси на оплодување за да конечно им се острвари сонот да станат родители.

ИВФ ЛАБОРАТОРИЈА

Центарот за асистирана репродукција и ин витро фертилизација при ПЗУ Ре-медика, неодамна се пресели во нови простории, во проширениот дел на болницата. Новата лабораторија е конструирана според најновите интернационални стандарди од Европската и Американската асоцијација за хумана репродукција и ин витро фертилизација, што подразбира висок степен на контрола на квалитетот на работата и на услугата спрема пациентите. ИСО стандардизацијата на ИВФ лабораторијата (прва во нашата земја), како и нејзиното проширување е уште еден доказ на нашата посветеност во континуираното подобрување на квалитетот на работата и услугата што им ја пружаме на пациентите.

Какви методи во асистираната репродукција се работат и дали планирате проширување на листата?

Мотото на нашата лабораторија е обезбедување на идеални услови за создавање, евалуирање, трансферирање и чување на ембрионите од нашите пациенти. Покрај постоечката ИВФ опрема, лабораторијата е збогатена со најновата серија на работни станици и на т.н. state-of-the-art инкубатори (benchtop) кои се повеќекоморни мали инкубатори, со што се овозможува уште поголем контрола на средината за развој на ембрионите на секој пар пациенти поединечно.

Центарот има засебна вентилациона мрежа обезбедена со HEPA (High Efficiency Particular Air) и систем на активен јаглен со кој се постигнува висок степен на чистота на воздухот (мал број на партикули и прочистен од испарливи органски компоненти). Со овој вид на вентилација се отстрануваат надворешните воздушни контаминанти кои можат да влијаат врз развојот на ембрионите. Ваков тип на филтри се поставени засебно во сите инкубатори за да се овозможи беспрекорно чиста микросредина на ембрионите.

Со ваквата опрема и контрола на средината (концентрација на гасови, температура, влажност, определена pH) се имитираат природните услови за развојот на ембрионите, исти како во матката на жената. Употребата на високософистицирани микроскопи со висока резолуција овозможува правилен избор на сперматозоиди за оплодување, како и правилна селекција на ембриони за трансфер преку анализа на морфологијата и класификацијата на истите.

Во состав на Центарот, направена е посебна просторија за криопрезервација на репродуктивниот материјал (сперматозоиди, јајце клетки, тестикуларно ткиво и/или ембриони), обезбедени се поголем број на резервоари со течен азот за нивно чување со што се овозможува зголемување на бројот на местата за криопрезервација кај пациентите кои имаат потреба од оваа метода. Покрај стандарните методи кои се работат во Центарот, планираме воведување на нови во областа на ДНК фрагментацијата на сперматозоидите, како и воведување на техниката за оваријална криопрезервација и рејувинација, техники кои се релативно нови и во експериментална фаза и во светските ИВФ центри.

Што ќе значи проширувањето за пациентите?

Проширувањето на Центарот подразбира можност за прием на поголем број на пациенти од досегашниот и проширување на палетата на методи за постигнување на уште поголем процент на бремености. Нашите пациенти ни ја дадоа довербата за да им помогнеме во создавањето на нивното потомство, а ние сме должни да им понудиме најдобри услови за исполнување на истата. Со пријателскиот пристап на нашиот професионален тим на доктори, ембриолози и медицински сестри ќе се продолжи и понатаму прифаќањето на поголем број пациенти во уште покомотни услови за работа. Ги покануваме пациентите кои сакаат да го остварат својот сон и да создадат потомство да дојдат или да се јават за било каква консултација/преглед во просториите на ИВФ центарот.

Колкав е успехот во работата?

Според светските статистики се смета дека кај жените годините се најголем непријател за добивање на потомство. Кај жените над 37 години значително се намалува оваријалнта резерва, односно квалитативно и квантитативно се намалува бројот на јајце клетките. Кај мажите исто така евидентирано е намалување на концентрацијата на сперматозоидите, така што ако во 1940 година за нормална концентрација се сметала 113 М/мл, сега истата е намалена на само 15 М/мл. Од друга страна начинот на живот и факторите на околината, исто така, неизбежно имаат влијание. Сето тоа придонесува за сѐ почесто индицирање на постапката за ин витро оплодување.

Успехот на ИВФ постапката е мултифакторијален, но според статистиката кај жени до 30 години успехот е над 52%, кај жените до 35 е 45%, до 40 година е 22% и над 41 година е 18%.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Подготовка на парот за ИВФ постапка
На првиот закажан преглед потребно е да ја носите целокупната документација од сите претходни дијагностичкo-терапевтски интервенции поврзани со инфертилитетот. Оваа средба претставува Ваше воведување во ИВФ постапката во која ќе ви бидат дадени основните информации како и листата за потребните документи за програмот за асистирана репродукција.

Реализација
По целосниот увид на Вашата документација гинекологот го одредува најсоодветниот протокол за стимулација, како и времето за започнување на истиот. Медицинската сестра од ИВФ одделот ќе ви го објасни начинот на примање на терапијата и понатамошниот тек на следење на индуцираниот циклус. Постојат различни протоколи и терапија за стимулација, затоа внимателно слушајте ги инструкциите. Првиот Ваш чекор е да ја информирате медицинската сестра за Вашиот следен циклус. Доколку имате проблем со редовноста на менструалниот циклус треба да не информирате за да ви биде одредена терапија за регулирање на циклусот. Медицинската сестра ќе ви даде и контакт телефон за подобра координација, како и за да ја известите за првиот ден кога ќе добиете циклус.

Следење на ИВФ стимулиран циклус
Тоа е процес кој трае 3-4 недели од кога ќе почне индукцијата на овулација до денот на пункцијата на јајце клетките. Во овој процес сте под континуиран надзор од медицинскиот тим преку контрола на хормоналниот статус и УЗ преглед на секои 3-4 дена. Сите овие временски интервали се варијабилни и менливи во зависност од протоколот за стимулација кој ќе се избере за пациентката.

Закажување на интервенцијата
Кога јајце клетките (фоликулите) ќе достигнат одредени димензии и зрелост, по проценка на докторот според ултразвучниот преглед и нивото на хормони (естрадиол и LH) се закажува датумот на пункција на фоликулите. Крајните инструкции за примање на терапијата се исто толку важни, а истите ќе ви бидат објаснети од докторот или медицинската сестра. За самата интервенција потребна е посебна припрема на парот за ИВФ пункција.

Пункција на јајце клетки
На денот на колектирање на јајце клетките ќе бидете хоспитализирани рано наутро. Ве молиме да бидете гладни и жедни поради примањето на анастезијата. При пристигање, Ве молиме пријавете се на пултот на болницата, од каде медицинска сестра од ИВФ одделот ќе ве прими за да потполните и потпишете одредени потребни документи и согласности за ИВФ. Секако сестрата ќе Ви даде и психолошка подршка и ќе Ви одговори на Вашите прашања пред интервенцијата. Ќе бидете сместени во ИВФ одделот каде ќе Ве посети ембриологот, анестезиологот и Вашиот гинеколог. Интервенцијата вообичаено се прави со целосна краткотрајна интравенска анестезија, а самата процедура трае од 10-15 минути. Во текот на интервенцијата и после истата, се дава антибиотска и аналгетска терапија. По завршетокот на процедурата ве враќаме во креветот во Вашата соба, за да се опоравите од интервенцијата. Може краткотрајно да се чуствувате зашеметено и да имате чувство на гадење поради анестетикот, за што може да ви биде дадена терапија. Времето за обсервација варира од пациент до пациент. Кога сестрата од ИВФ одделот ќе оцени дека Вашата состојба е стабилна ќе бидете отпуштени и ќе Ви биде објаснета понатамошната терапија по шема што треба да ја примате по интервенцијата. Исто така ќе Ви бидат дадени инструкции за одредени состојби по пункцијата.

Ден после пункцијата
Ако сте биле во IVF / ICSI програмата, резултатите од фертилизацијата ќе Ви бидат соопштени следното утро. Ќе контактирате со ембриологот и ќе ги дискутирате резултатите и финалната одлука за ембрио трансферот и евентуално замрзнување на останатите ембриони. Ве молиме задолжително запишете го вашиот телефонски број и бидете достапни за контакт.

Ембриотрансфер
Ембриотрансфер процедурата вообичаено се одвива 3-5 дена по пункцијата на јајце-клетките. Анестезија вообичаено не е потребна, бидејќи се работи за релативно едноставна безболна процедура со која ембрионите внимателно се пласираат во матката со помош на тенок катетар. За самата процедура потребна е соодветна припрема за ембриотрансфер. Би било добро ако може пациентката да има полн мочен меур за време на процедурата, за да може да се работи под контрола на абдоминален ултразвук, со што се овозможува идентификување на позицијата на катетарот во матката. После ембрио трансферот следува мирување од 2 часа во дневна болница, а потоа можете веднаш да заминете дома. Сестрата ќе Ви даде инструкции за понатамошната терапијата по шема, како и за строго мирување во наредните три дена. Тестот за бременост се изведува после 13-14 дена од ембриотрансферот. Се зема венска крв и резултатите се добиваат за еден час. Доколку сакате, можете да направите тест за домашна примена со првата урина. Во секој случај Ве молиме, известете не за резултатот од тестот за бременост.

УСЛУГИ ВО ИВФ ЛАБАРАТОРИЈА

  • Спермограм – анализа на бројот, концентрацијата и морфологијата на сперматозоиди во ејакулат
  • Спермо култура – микробиолошка анализа на ејакулат
  • Интраутерина инсеминација – внесување на обработена концентрација на сперматозоиди директно во матката на жената
  • In vitro – фертилизација (IVF)
  • Интрацитоплазматско внесување на еден сперматозоид во јајце клетка (ICSI) – се изведува кај парови кога нема доволно нормални и подвижни сперматозоиди, како и кај парови со претходни неуспешни обиди за бременост. Со високософистициран микроскоп се изолира само еден квалитетен сперматозоид и се инјектира во јајце клетката
  • Интрацитоплазматско внесување на морфолошки селектиран сперматозоид со x 6000 зголемување на високософистициран микроскоп (IMSI)
  • Laser assisted hatching – техника која овозможува ласерско отстранување на мал дел од надворешната обвивка на ембрионот со што се олеснува неговиот понатамошен развој и имплантација во матката на жената
  • Преимлантациона генетска дијагноза (PGD) – високо софистицирана технологија на генетска анализа на единечна клетка од ембрион. Генетското иследување на ембрионите од најчестите хромозомски аномалии овозможува избор на генетски стабилни ембриони кои обезбедуваат здраво поколение
  • Ин витро матурација на незрели јајце клетки добиени при ин витро третман (IVM)
  • Ембриотрансфер на трети или петти ден (бластоцист)
  • TESE – минимално инвазивна техника на екстракција на сперматозоиди со биопсија на тестикуларно ткиво
  • Трансфер на ембриони од други ИВФ лаборатории
  • Криопрезервација на јајце клетки
  • Криопрезервација на ембриони
  • Криопрезервација на сперматозоиди и тестикуларно ткиво
  • Донација на јајце клетки – соработка со First Egg Bank, Белгија
  • Донација на сперма – соработка со European sperm bank, Данска

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА СО ДОНОРСКИ МАТЕРИЈАЛ

Законска регулатива за оплодување со донорски материјал (сперматозоиди, јајце клетки или ембриони) е спроведена во 2008 година кога се воведе Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување во Република Македонија. За да се исполнат барањата на пациентите кои имаат потреба од донорски материјал, првата приватна општа болница „Ре-Медика“ истата година потпиша договор со банката за донација на сперматозоиди „Јуропијан сперм банк“ (European sperm bank) од Данска. Досега имаме одлична соработка и до денес користени се материјали од повеќе од 450 донори.
Што се однесува до донацијата на јајце клетки, законот овозможува и млади жени, државјанки на Република Македонија да бидат донорки на јајце клетки при што установата на која ќе и ги донираат да и исплати средства во износ на две просечни месечни плати. Но, поради слабиот одѕив на донорките, а големата потреба на пациентките за јајце клетки се направи соработка со банката за јајце клетки „Фрст ег банк“ (First egg bank) од Белгија.
Изборот на донорите го прават пациентите кои имаат увид на профилите на донорите преку официјалните Интернет страни на банките.

Какви испитувања се прават кај донорите?

За да може да се донира материјал, кај лицето што аплицира мора да се направат соодветни испитувања (тестови за инфективни заболувања, сексуално преносливи заболувања, кариотип – со цел да се види хромозомската гарнитура, тестови за цистична фиброза, таласемија) како и да помине на правно и психолошко советување. Доколку се задоволат бараните критериуми, во тој случај лицето може да го донира својот биолошки репродуктиван материјал.

Каде се аплицира за дозвола за ин витро со донорски материјал?

За да може да се аплицира дозвола за ин витро оплодување во донорски материјал потребно е установата да достави документација од парот или самохраната мајка заедно со документацијата на донорот испратена од банката до Комисијата за биомедицински потпомогнато оплодување при Министерството за здравство. Таа дава согласност за оплодувањето доколку се запазени законските критериуми.

Кои документи се потребни за апликација?

За примателите на донорски материјал потребно е да се достават следниве документи:
– Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени за самохраните мајки (не постар од 6 месеци)
– Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена)
– Копија од лични карти од двајцата партнери
– Извештај од психолошко и правно советување спроведено од страна на установата

За лицата што сакаат да аплицираат за донатори на јајце клетки потребни се следниве документи:
– Извод од матична книга на венчани или извод на родени за немажени девојки (не постар од 6 месеци)
– Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена)
– Копија од лични карти
– Извештај од психолошко и правно советување кое се спроведува во установата
– Пополнет прашалник (даден од установата) за комплетна историја на апликантот за наследни болести и смртни случаеви во семејството до трето колено, дали се посвоени или дали имаат хронични, малигни, метаболни и автоимуни заболувања
– Резултати од крвна слика, гликемија, седиментација, ЕКГ (не постари од шест месеци и истите се прифаќаат и од друга установа)
– Анамнеза за регуларни менструални циклуси (од матичен гинеколог)
– Извештај од гинеколошки преглед со ултразвук на јајници и број на антрални фоликули
– Резултати од микробиолошки брисеви од вагина и цервикс за патолошки бактерии, микоплазма и хламидија (не постари од шест месеци)
– Резултати од инфективен скрининг за Хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ
– Резулати за кариотип – анализа од крв со цел да се одреди бројот и структурата на хромозомите во клетките
– Бета таласемија – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
– Цистична фиброза – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
– Базичен хормонски статус на трет ден од менструален циклус: FSH, LH, PRL, E2, TSH, по можност и Aнти Mилериан хормон.

За сите прашање Ви стои на располагање М-р Сребра Иљовска во ИВФ центарот
Контакт телефон: 072 443 401
Е-маил: siljovska@remedika.com.mk

ЗОШТО ДА ЗАМРЗНАМ ЈАЈЦЕ КЛЕТКИ?

Јајниците кај жената се полни со јајце клетки кои се формираат во фоликули (топчести структури исполнети со течност потребна за нормален раст и развој на јајце клетките). Жените за разлика од мажите се раѓаат со одреден број на јајце клетки (околу 2 милиони) и истиот број опаѓа секој месец од животот на жената. До пубертетот кај девојчето остануваат уште 25% од нејзината оваријална резерва (300.000 јајце клетки) од кои само 400 овулираат до крајот на репродуктивниот период. Иако никој со сигурност неможе да претпостави колкави се резервите во даден период од животот, сепак статистиката покажува сигнификантно намалување на плодноста после 37 година.
Живееме во модерно, динамично време кога свесно или несвесно го одложуваме биолошкиот часовник за оплодување.
Криопрезервацијата на фертилноста е нова технологија при која јајце клетките од јајниците на жената се пунктираат, замрзнуваат и чуваат. Подоцна, кога жената ќе биде спремна за бременост, јајце клетките се одмрзнуваат, оплодуваат и добиените ембриони се трансферираат назад во матката.

Оваа постапка наменета е за неколку категории на пациентки:

• Малигни заболувања
Кај пациентки со дијагностицирано малигно заболување за чие лекување е потребно хемо или радиотерапија. Ваквата тепарија доведува до уништувење на јајце клетките. Со нивна криопрезервација пред да се започне со тепаријата се овозможува овие жени да станат мајки подоцна во животот.

•ИВФ процес
Кај пациентки кај кои во тек на ИВФ процес се добиле поголем број на јајце клетки дел од нив можат да се замрзнат и да се искористат за евентуален нареден циклус. На овој начин жената нема да прима повторно хормонска стимулација, туку во соодветниот термин од циклусот се одмрзнуваат јајце клетките и се оплодуваат по стандарниот метод за ИВФ постапка.

• Одложување на бременост
Жените кои ја одложуваат бременоста поради одредени околности (едукација, кариера), сега имаат можност да ги замрзнат сопствените јајце клетки и да постигнат бременост подоцна во животот.

• Рана менопауза
Кај пациентки кои имаат фамилијарна историја на рана менопауза, подобро за се замрзнат јајце клетки во случај да изненади предвремена менопауза.

•Донација на јајце клетки
Во програмот за донација на јајце клетки, жената донор првенствено се проследува на генетски скрининг за најчестите генетски заболувања. После хормонската стимулација на јајчниците се изведува аспирација на ооцитите и нивна криопрезервација. Кога акцепторката на ооцити ќе биде припремена за ембрио трансфер, се одмрзнуваат јајце клетката од донорот се оплодуваат со сперматозоидите на партнерот и ембрионите се трансферираа во матката на акцепторката.

Пратејќи ги трендовите за криопрезервација на фертилноста ја воведовме техниката за брзо замрзнување или витрификацијата со која јајце клетките се замрзнуваат во специјално контролирани услови во течен азот на температура од -196оC до наредна употреба.

Со имплементацијата на оваа техника за прв пат во нашата земја се роди првото дете од замрзната јајце клетка.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Законска регулатива за оплодување со донорски материјал (сперматозоиди, јајце клетки или ембриони) е спроведена во 2008 година кога се воведе Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување во Република Македонија. За да се исполнат барањата на пациентите кои имаат потреба од донорски материјал, првата приватна општа болница „Ре-Медика“ истата година потпиша договор со банката за донација на сперматозоиди „European sperm bank“ од Данска. Досега имаме одлична соработка и до денес користени се материјали од повеќе од 450 донори.
Што се однесува до донацијата на јајце клетки, законот овозможува и млади жени, државјанки на Република Македонија да бидат донорки на јајце клетки при што установата на која ќе и ги донираат да и исплати средства во износ на две просечни месечни плати. Но, поради слабиот одѕив на донорките, а големата потреба на пациентките за јајце клетки се направи соработка со банката за јајце клетки „First egg bank“ од Белгија.
Изборот на донорите го прават пациентите кои имаат увид на профилите на донорите преку официјалните Интернет страни на банките.

Какви испитувања се прават кај донорите?

За да може да се донира материјал, кај лицето што аплицира мора да се направат соодветни испитувања (тестови за инфективни заболувања, сексуално преносливи заболувања, кариотип – со цел да се види хромозомската гарнитура, тестови за цистична фиброза, таласемија) како и да помине на правно и психолошко советување. Доколку се задоволат бараните критериуми, во тој случај лицето може да го донира својот биолошки репродуктиван материјал.

Дали и кога може детето да оствари контакт со донорот?

Во „European sperm bank“ постојат два типа на донори: т.н. отворени и анонимни донори на сперматозоиди. Децата кои се родени од отворените донори кога ќе станат полнолетни можат да аплицираат до банката за остварување контакт со нивниот биолошки татко, но само по нивно барање.
Ваквата можност не е достапна за оплодувањата кои се прават со материјал на анонимните донори.
Од друга страна „European sperm bank“ има право да ги информира донорите за бројот на децата кои се зачнале со нивниот материјал, но овие донори немаат родителски и легални права кон овие деца.
„Ре-Медика“ има свој регистар и води евиденција со која ги информира двете банки за бројот на родени деца од соодветен донор. Според законската регулатива од еден донор можат да се добијат две живородени деца.

Каде се аплицира за дозвола за ин витро со донорски материјал?

За да може да се аплицира дозвола за ин витро оплодување во донорски материјал потребно е установата да достави документација од парот или самохраната мајка заедно со документацијата на донорот испратена од банката до Комисијата за биомедицински потпомогнато оплодување при Министерството за здравство. Таа дава согласност за оплодувањето доколку се запазени законските критериуми.

За примателите на донорски материјал потребно е да се достават следниве документи:

  • Извод од матична книга на венчани или извод на родени за немажени девојки (не постар од 6 месеци)
  • Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена)
  • Копија од лични карти од двајцата партнери
  • Извештај од психолошко и правно советување спроведено од страна на установата

За лицата што сакаат да аплицираат за донатори на јајце клетки потребни се следниве документи:

  • Извод од матична книга на венчани или извод на родени за немажени девојки (не постар од 6 месеци)
  • Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена)
  • Копија од лични карти
  • Извештај од психолошко и правно советување кое се спроведува во установата
  • Пополнет прашалник (даден од установата) за комплетна историја на апликантот за наследни болести и смртни случаеви во семејството до трето колено, дали се посвоени или дали имаат хронични, малигни, метаболни и автоимуни заболувања
  • Резултати од крвна слика, гликемија, седиментација, ЕКГ (не постари од шест месеци и истите се прифаќаат и од друга установа)
  • Анамнеза за регуларни менструални циклуси (од матичен гинеколог)
  • Извештај од гинеколошки преглед со ултразвук на јајници и број на антрални фоликули
  • Резултати од микробиолошки брисеви од вагина и цервикс за патолошки бактерии, микоплазма и хламидија (не постари од шест месеци)
  • Резултати од инфективен скрининг за Хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ
  • Резулати за кариотип – анализа од крв со цел да се одреди бројот и структурата на хромозомите во клетките
  • Бета таласемија – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
  • Цистична фиброза – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
  • Базичен хормонски статус на трет ден од менструален циклус: FSH, LH, PRL, E2, TSH, по можност и Aнти Mилериан хормон

МЕРЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИ

Инфертилитетот претставува хетерогено заболување со мултифакторијална етиологија кој афектира околу 15% од паровите во репродуктивната возраст во светската популација (Dada et al., 2008). Преваленцата на инфертилитетот варира во различни региони и држави, но во секој случај драматично се зголеми бројот на паровите кои ги посетуваат центрите за асистирана репродукција (Boivin et al., 2007).

Успехот на постигната бременост варира во различни центри со оглед на техниките, медиумите, како протоколите на хормонска стимулација.

Во последната публикација на Конзорциумот за ИВФ мониторинг од Европската асоцијација за хумана репродукција и ембриологија објавени се споредбено резултатите од 34 земји од 1005 центри Статистички обработени се  399 020 циклуси кои одговараат на 1067 цуклуси на милион население. Стапката на клиничка бременост за ICSI пер аспирација и трансфер била 28.7 и 32%.

Односот на постигната единечна, близначка и тројна  бременост е 79.8, 19.4 и 0.8%, соодветно (Ferraretti AP, Goossens V, Kupka K et al., Аssisted reproductive technology in Europe, 2009: results generated from European registers by ESHRE. 2013. The European IVF-monitoring Consortium, for The European Society of Human Reproduction and Embryology, Hum Reprod, 28:9; 2318–31).

Во Р. Македонија постои законската регулатива за асистирана репродукција, но сеуште не е изработен национален регистар за бројот на пациентите и успехот од ИВФ процедурите на државно ниво. Поради тоа анализата на работа и постигнатиот успехот на ИВФ центарот се споредува со резултатите постигнати во други регионални и светски ИВФ центри објавени со публикации на Европската асоцијација за хумана репродукција.

Од 2008 година со воведување на Законот за биомедицинско оплодување се овозможи изведување на ИВФ пострапки на товар на Фондот за здравствено осигурување со што се зголеми и бројот на пациентите кои имаат потреби од вакви услуги.

Во Центарот за асистирана репродукција и ин витро фертилизација при ПЗУ Ремедика во период од 2007-2016 година направени се повеќе од 7000 циклуси кај пациентки, а резултатите од истите според возрасните групи, исходите од бременостите прикажани се на следниве дијаграми:


Дијаграм 1. Процент на позитивен тест за бременост според возрасна група за 2013 година


Дијаграм 2. Анализа на постигната бременост според возрасна група на пациенти (клиничка бременост, биохемиска бременост, спонтан абортус, blighted) за 2013 година.


Дијаграм 3. Процентуална застапеност на единечна, двојна и тројна бременост за период од 2007-2012 година.

СПОНТАНО ПОРОДУВАЊЕ


  • Редовни ЦТГ (кардиотокографија) и следење на протоци и раст на плодот, количина на плодова вода и состојба на постелката (Претпородилната подготовка се наплаќа и не влегува во пакетот за породување)

  • Прием на денот на интервенцијата со претходно закажување и протоколарна медицинска подготовка

  • Крвна слика, уринарен статус,уринарен седимент, инфективен скрининг, крвна група + Px фактор.

  • Контролни крвни слики во текот на хоспитализацијата

  • Стандардна болничка терапија по индикација

  • Анестезија – регионална (спинална и епидурална), по извршениот преглед од специјалист анестезиолог по индикацијa

  • Престој од 3 болнички денови во двокреветна соба

  • Имате можност за сместување во апартман или вип апартман на ваше барање со соодветна доплата

  • Секојдневни медицински контроли и следење на породилката

  • Медицинска масажа на грб со претходно закажување

  • Присуство на педијатар на секое породување за првично згрижување  на  новороденото (реанимација)

  • Комплетна грижа и третман за новороденото, стандардизирана според медицински протокол и индивидуална,според одредени индикации (вклучително , тип на специјална и интензивна неонатална нега-во  тек  на првите 3дена е вклучена  во  пакетот);

  • Скрининг на слух и ортопедски  скрининг  (клинички  и  ЕХО) на  колкови  од  специјалист  ортопед ,кај  секое  новородено ,по  промотивни  цени

  • Континуирана теоретска и практична едукација и обука , вклучително и едукативен канал на мајката(родителите) за секојдневна грижа на новороденото, со имплементација на техники на доење(користење на  соодветни медицински помагала)

  • По испис, добивате 24 часовна можност за поддршка, телефонски да се консултирате со специјалистите доктори

  • Информативен материјал, пакет производи за нега и хигиена на новороденото

  • Можност да се фотографирате во Ре-Медика

  • По испис,во текот  на  1месец  , следуваат 3 (три)  бесплатни прегледи на секое новородено дете вклучително  и  вакцинација според “Календар  за  имунизација” ,  кај доктор специјалист педијатар

  • На породилката, 40 дена по породувањето , и следува бесплатен контролен преглед кај  гинеколог(со претходно закажување )

Дополнителни услуги за идните мајки:


  • Бесплатна консултација со специјалист хирург за естетска и платична хирургија со претходно закажување

  • Бесплатна консултација со специјалист дерматолог со претходно закажување

  • Специјален попуст за Фотона ласерски третман на стрии кај специјалист дерматолог

 

За сите дополнителни информации и избор на доктор јавете се на 02 2603 100 и 072 443 200. 

ОПЕРАТИВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА (ЦАРСКИ РЕЗ)


  • Редовни ЦТГ (кардиотокографија) и следење на протоци и раст на плодот, количина на плодова вода и состојба на постелката (Претпородилната подготовка се наплаќа и не влегува во пакетот за породување)

  • Прием на денот на интервенцијата со претходно закажување и протоколарна медицинска подготовка

  • Крвна слика, уринарен статус,уринарен седимент, гликемија,уреа,креатинин, Na, K, Cl,време на крварење, PTV,APTT,Вкупни протеини, албумини, инфективен скрининг, крвна група Px фактор.

  • Контролни крвни слики во текот на хоспитализацијата

  • Стандардна болничка терапија по индикација

  • Анестезија – регионална (спинална и епидурална), по извршениот преглед од специјалист анестезиолог по индикација

  • Престој од 4 болнички денови во двокреветна соба

  • Имате можност за сместување во апартман или вип апартман на ваше барање со соодветна доплата

  • Секојдневни медицински контроли и следење на породилката

  • Медицинска масажа на грб со претходно закажување

  • Присуство на педијатар на секое породување за првично згрижување  на  новороденото (реанимација)

  • Комплетна грижа и третман за новороденото, стандардизирана според медицински протокол и индивидуална,според одредени индикации (вклучително , тип на специјална и интензивна неонатална нега-во  тек  на првите 4 дена е вклучена  во  пакетот);

  • Скрининг на слух и ортопедски  скрининг  (клинички  и  ЕХО) на  колкови  од  специјалист  ортопед ,кај  секое  новородено ,по  промотивни  цени

  • Континуирана теоретска и практична едукација и обука , вклучително и едукативен канал на мајката(родителите) за секојдневна грижа на новороденото, со имплементација на техники на доење(користење на  соодветни медицински помагала)

  • По испис, добивате 24 часовна можност за поддршка, телефонски да се консултирате со специјалистите доктори

  • Информативен материјал, пакет производи за нега и хигиена на новороденото

  • Можност да се фотографирате во Ре-Медика

  • По испис,во текоот  на  1месец  , следуваат 3 (три)  бесплатни прегледи на секое новородено дете вклучително  и  вакцинација според “Календар  за  имунизација” ,  кај доктор специјалист педијатар

  • На породилката, 40 дена по породувањето , и следува бесплатен контролен преглед кај  гинеколог(со претходно закажување )


  • Дополнителни услуги за идните мајки:

  • Бесплатна консултација со специјалист хирург за естетска и платична хирургија со претходно закажување

  • Бесплатна консултација со специјалист дерматолог со претходно закажување

  • Специјален попуст за Фотона ласерски третман на стрии кај специјалист дерматолог

 

За сите дополнителни информации и избор на доктор јавете се на 02 2603 100 и 072 443 200.

ВИДЕА

Бањање на новороденче

Жолтица кај новороденче

Широк повој кај новороденчето

Папуче кај новороденчето

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Гинеколошки преглед, здравствен совет / Gynaecological consultation and examination
Колпоскопија / Colposcopy
Цервикална цитологија (PAP) / Cervical cytology (PAP smears)
Вагинален ултразвук (УЗ) / Vaginal Ultrasound
Доплата за Колор доплер и 4D / Additional charge for Colour Doppler and 4D
Пакет: преглед + колпоскопија + PAP + ултразвук / Package: Exam+Colposcopy+PAP+Ultrasound examination
Пакет: преглед + колпоскопија + PAP / Package: Exam+Colposcopy+PAP
Вагинална група / Vaginal flora examination
УЗ преглед во бременост, рутински / Routine Ultrasound examination during pregnancy
Пакет – ГУЗ + консултација
Пакет – Комплетен Скрининг за Аномалии во 1 (прв) Триместар: (УЗ, Биохемиски анализи, калкулација на ризик) / Package – Complete Screening for Anomalies in 1 (first) Trimester: (US, Biochemical Analysis, Risk Calculation)
УЗ скрининг во бременост / US Screening in pregnancy
УЗ скрининг за аномалии и Кардиолошки Скрининг на Фетус (18-23 ГС) / US Screening for Anomalies and Cardiological Screening of the Fetus (18 – 23 GW)
Биохемиски анализи за пресметка на ризик од аномалии во развој на фетус – 1, 2, 3 триместар / Biochemical Analysis for risk calculation for anomalies in fetus growth – 1, 2, 3 trimester
Кардиотокографија (CTG) / Cardiotocography (CTG)
Пакет Кардиотокографија (CTG) / Cardiotocography package (CTG)
Контролен преглед после интервенција, до 15 дена / Control examination following intervention – up to 15 days
Конзилијарно субспецијалистичко мислење / Consilium – subspecialist examination and opinion
Генетско советување / Genetic consultation
Анален и ректален тест; Маршал тест; Тест со ретрактори / Anal and rectal examination; Marshall test; Retractor test
LBS
Промивка на вагина / Vagina toilet
Контролен Ултразвучен преглед без биометрија пред породување / Control Ultrasound examination without biometry before delivery
Абдоминален УЗ преглед – рутински / Abdominal US routine examination
Центар за подготовка на родителствување
Aпликација на ХПВ вакцина Церварикс (на дадени две дози од вакцината, третата на пациентката ќе и биде дадена бесплатно) / Application of HPV vaccine Cervarix (two doses of vaccine, the third dose is given free)
Апликација на ХПВ вакцина Силгард (се наплатуваат три дози) / Application of HPV vaccine Silgard (three doses are paid)
Тест за предвремено породување
Тест за прснат воденик
Апликација на трихлороцетна киселина на PVU
Поставување на спирала / IUD Insertion
Отстранување на спирала под ултразвук / Ultrasound-guided IUD removal
Апликација на спирала НОВА T 380 / Insertion of IUD –Nova T 380
Апликација на спирала MIRENA / Insertion of IUD-Mirena
Апликација на вагинален песар / Application of vaginal pesary
Вадење на гранулации и конци / Removal of granulations and suturing surgical material
Гинеколошка интервентна дијагностика и терапија / Gynecological interventional diagnostics and therapy
Амниоцентеза / хорион биопсија / Amniocentesis / chorion-biopsy
Амниоцентеза / хорион биопсија кај близначка бременост / Amniocentesis / chorion-biopsy
Биопсија на цервикс ендометриум и полипектомија / Cervical Biopsy Endometrium Polypectomy
Ендометријална аспирација / Endometrial aspiration
Ексцизиона биопсија / Excision biopsy
LEETZ
Фракционирана експлоративна киретажа / Fractional Dilation and Curettage (D&C)
Биопсија + EEC на грло на матка
RCUI / D&C for pregnancy rests
RCUI под контрола на ултразвук / Ultrasound guided D&C for pregnancy rests
Марсупиaлизација / Marsupialization
Ласерска вапоризација / Laser vaporization
CTG стрес тест / CTG stress test
Дневна болница / Day Clinic
MBA

 

Гинеколошки и акушерски – Интервенции во Операциони Сали / Gynecological and Obstetric Surgery 
Породување / Normal labor and spontaneous delivery
• Epidural Anesthesia • Episiotomy suture • Cervical rupture suture • Manual removal of placenta • Manual revision of uterine cavity • Forceps delivery • Vacuum extractor delivery • Breach delivery • Twins – vaginal delivery
Sectio Caesarea – Породување со царски рез / Caesarean Section
HTA – Тотална Абдоминална Хистеректомија / Total Abdominal Hysterectomy
Цистектомија / Cyst removal
Лапаротомија – третман на екстраутерина бременост / Laparotomy – treatment of extra uterine pregnancy
Миомектомија / Myomectomy
Корективна хирургија кај вродени аномалии на утерус / Corrective surgical treatment of uterine anomalies
Салпингектомиjа и оперативен третман на туба утеринa / Salpingectomy
Оперативно лекување на ендометриоза / Operative treatment of endometriosis
Оперативно лекување на PID / Surgery for Pelvic Inflammatory Disease (PID)
Експлоративна лапаротомија / Explorative Laparotomy
HTA + Лимфаденектомија (Ендометријален карцином) / Total abdominal hysterectomy + Pelvic Lymphadenectomy (Endometrial carcinoma)
Радикална хистеректомија Wertheim-Meigs (Ca cervicis) / Radical Hysterectomy by Wertheim-Meigs (Cervical carcinoma)
Оперативен третман на малигни оваријални тумори / Surgical treatment of ovarian carcinoma
Вулвектомија, проста / Simple Vulvectomy
Екстирпација на циста на вагина / Extirpation of vaginal cyst
Конизација / Conisation
Конизација со ултрасижн
Дијагностичка лапароскопија / Diagnostic laparoscopy
Дијагностичка хистероскопија / Diagnostic hysteroscopy
Лапароскопски операции – третман на неплодност / Laparoscopic surgery (treatment of infertility)
Хистероскопски операции – третман на неплодност / Hysteroscopic surgery (treatment of infertility)
Лапароскопска аднексектомија / Laparoscopic Adnexectomy
Лапароскопија – третман на екстраутерина бременост / Laparoscopy – treatment of extra uterine pregnancy
Хистероскопија + CEF / Hysteroscopy + CEF
Лапароскопска хистеректомија / Laparoscopic Hysterectomy
Лапароскопска миомектомија / Laparoscopic Myomectomy
Серклаж / Cerclage
Лапароскопски серклаж
Лапароскопска цистектомија
Допл.за патохист.на опер.мат. / Sur charge for patho-histology of operated uterus
Слингоидна колпосуспензија / Slinglike colposuspension
Лумбосакрални колпосуспензии / Lumbosacral genitosupensions (hystero-, trachelo-, vaginal suspensions)
HTV – Тотална Вагинална Хистеректомија / HTV – Total Vaginal Hysterectomy
Предна вагинална пластика; Задна вагинална пластика / Anterior vaginal repair; Posterior vaginal repair
TVT – Трака без тензија / TVT – Tension-Free Tape
ХТА со слингоидална колпосуспензија / HTA slyngoidal colposuspension
Аднексектомија со цистектомија / Adnexectomy and cystotomy
Индукција на плод со аномалии / Ending the pregnancy by induction-for fetal abnormalities
Vaginosuspensio lumbosacralis et Colposuspensio slingoides со мрежа / Vaginosuspensio lumbosacralis et Colposuspensio slingoides with net
Hysterosuspensio et colposuspensio slingoides со мрежа / Hysterosuspensio et colposuspensio slingoides with net
Пластика на вагина – хименопластика / Plastic repair of vagina – Hymen plastics
Подготовка за породување / Birth preparedness
Пренатална дијагноза за хромозомопатии
Mini sling
Лапароскопска ПРП рејувенација
Апликација на интра-мускулна терапија / Intra-muscular application of therapy

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ИВФ ЛАБОРАТОРИЈАТА


  • Спермограм – анализа на бројот, концентрацијата и морфологијата на сперматозоиди во ејакулат

  • Спермо култура – микробиолошка анализа на ејакулат

  • Интраутерина инсеминација – внесување на обработена концентрација на сперматозоиди директно во матката на жената

  • In vitro-фертилизација (IVF)

  • Интрацитоплазматско внесување на еден сперматозоид во јајце клетка (ICSI) – се изведува кај парови кога нема доволно нормални и подвижни сперматозоиди, како и кај парови со претходни неуспешни обиди за бременост. Со високософистициран микроскоп се изолира само еден квалитетен сперматозоид и се инјектира во јајце клетката

  • Интрацитоплазматско внесување на морфолошки селектиран сперматозоид со x 6000 зголемување на високософистициран микроскоп (IMSI)

  • Laser assisted hatching – техника која овозможува ласерско отстранување на мал дел од надворешната обвивка на ембрионот со што се олеснува неговиот понатамошен развој и имплантација во матката на жената

  • Преимлантациона генетска дијагноза (PGD) – високо софистицирана технологија на генетска анализа на единечна клетка од ембрион. Генетското иследување на ембрионите од најчестите хромозомски аномалии овозможува избор на генетски стабилни ембриони кои обезбедуваат здраво поколение

  • Ин витро матурација на незрели јајце клетки добиени при ин витро третман (IVM)

  • Ембриотрансфер на трети или петти ден (бластоцист)

  • TESE – минимално инвазивна техника на екстракција на сперматозоиди со биопсија на тестикуларно ткиво

  • Трансфер на ембриони од други ИВФ лаборатории

  • Криопрезервација на јајце клетки

  • Криопрезервација на ембриони

  • Криопрезервација на сперматозоиди и тестикуларно ткиво

  • Донација на јајце клетки – соработка со First Egg Bank, Белгија

  • Донација на сперма – соработка со European sperm bank, Данска