Визијата во Македонија да се создаде најсовремена болница, со најсофистицирана опрема и стручен тим со цел обезбедување на врвна здравствена услуга се потврдува како реалност во болницата Ре-Медика.
Одделот за Анестезија и Интензивно Лекување започна со работа од самото формирање на Општата Болница Ре-Медика во април 2005 година, како интегрален и неопходен дел на болницата.Тимската работа, искуснитe доктори, софистицираната апаратура и најновитe протоколи се клуч за успехот на Ре-Mедика. Професионалениот тим од искусни доктори-анестезиолози и медицински сестри, медицински техничари- анестетичари ги применуваат најсовремените медицински доктрини, стандарди и методи за анестезија, мониторинг и лекување според медицина базирана на докази.
Одделот Гинекологија и акушерство е спој на искусен кадар и врвна технологија. Имплементираме светски протоколи но со индивидуален пристап во лекувањето и врвни специјализирани техники за лекување на неплодноста. Во оперативната гинекологија и онко-гинекологиjата се повеќе сме барани како мулти дисциплинарен тим составен од професионалци препознатливи со децении. Тоа овозможува безбедно следење на бременоста, породување и современи гинеколошки операции.
Одделот Дијагностика вклучува повеќе медицински гранки во амбулантно-поликлиничка дејност. Активностите на овој оддел се насочени кон брза и точна дијагноза на проблемите на пациентот, и посочување на соодветен третман. За таа цел, амбулантите на овој оддел се опремени со најсовремена опрема, со високо-развиена медицинска технологија, користејќи ги современите методи и пристапи на работење и ангажман на високо стручен и субспецијализиран кадар.
Поаѓајќи од мотото дека добриот разговор со пациентот е половина дијагноза, а точната дијагноза –половина од лекувањето, стручниот тим на овој оддел секојдневно е на располагање на бројни пациенти кои задоволно ја напуштаат нашата болница.
Детето е круна на врската помеѓу две индивидуи, тоа ги облагородува односите во семејството, ја заокружува врската помеѓу партнерите и дефинитивно го осмислува нашето живеење. Процесот на зачнување е фасцинантно софистициран и зависи од цел мозаик фактори со поголемо или
помало влијание.
За жал дел од нас имаат проблеми и им е потребна асистенција да ја остварат својата желба за потомство.
Во нашиот Центар за Асистирана Репродукција и ин витро фертилизација – кој е дел од ПЗУ Ре-Медика, помагаме сонот за потомство да стане реалност.
Искусниот тим, брендираната опрема, современите процедури и стандардите кои ги користиме се гаранција за квалитетот на нашата услуга.
Со моментот на раѓањето, започнува нов период во животот.Фетусот, кој грижливо го негувала мајката во текот на целата бременост, влегува во новороденечки период.
Самото новородено дете, непосредно по породувањето, има потреба од соодветна медицинска поддршка за да му се помогне во овој важен адаптационен период. Нашата екипа на неонатолози, која присуствува на секое породување, ја спроведува примарната реанимација и поспарталнато згрижување на секое дете.
Раѓањето на нов живот е привилегија на одделот за Неонатологија и Педијатрија.
Среќата на родителите е и наша среќа.
Стручниот персонал и искусен тим на доктори и медицински сестри во Специјалистичката ординација по Медицина на труд во ПЗУ ПРИМА-МЕД обезбедува квалитетни здравствени услуги, спроведува задолжителни систематски прегледи на вработени лица и врши прегледи пред вработување. Овие прегледи се вршат во согласност со насоките за имплементација на европските регулативи и спроведување на Законот за Безбедност и здравје во Република Македонија, во законски предвидените временски интервали во зависност од проценетиот ризик на работното место (12, 18 и 24 месеци).
Одделот Хирургија во болницата Ре-Медика функционира од првиот ден на работењето на болницата. Се изведуваат сите хируршки инттервенции, од наједноставни до најсложени, благодарение на искусната хируршка екипа како и на постојано следење на новите трендови во хирургијата со користење на високо софистицирана медицинска опрема.