Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ – РЕ-МЕДИКА

АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ

Визијата во Македонија да се создаде најсовремена болница, со најсофистицирана опрема и стручен тим со цел обезбедување на врвна здравствена услуга се потврдува како реалност во болницата Ре-Медика .

Одделот за Анестезија и Интензивно Лекување започна со работа од самото формирање на Општата Болница Ре-Медика во април 2005 година, како интегрален и неопходен дел на болницата.Тимската работа, искуснитe доктори, софистицираната апаратура и најновитe протоколи се клуч за успехот на Ре-Mедика. Професионалениот тим од искусни доктори-анестезиолози и медицински сестри, медицински техничари- анестетичари ги применуваат најсовремените медицински доктрини, стандарди и методи за анестезија, мониторинг и лекување според медицина базирана на докази.
Обезбедуваме 24 часовна/7 дневна специјалистичка анестезиолошка дејност и тоа во следните дејности:


  • Анестезија за елективни и итни оперативни, дијагностички и интервентни процедури кај сите пациенти-амбулантски и стационарни во Ре-Медика

  • Интензивно лекување кај критично болни пациенти–оперирани или не, кои побаруваат посебна нега и третман во Централната Единица за Интензивно лекување со капацитет од 5 интензивни места

  • Третман на акутна и хронична болка

  • Вентилаторна механичка терапијa

  • Реанимација

Ре-Медика, БОЛНИЦА БЕЗ СТРЕС И БОЛКА.

Со почит, д-р Звонко Крстевски, шеф на оддел Анестезија и Интензивна нега

АНЕСТЕЗИОЛОШКИ УСЛУГИ

Одделот ги обезбедува следните услуги според стандардите на професионалните асоцијации како АЅА, ЕЅА и ЕЅRА во следните области:


  • Преоперативен специјалистички и консултативен анестезиолошки преглед и преданестезиолошка евалуација на здравствената состојба како стандарден дел за подготовка на пациентите кои се подложуваат на сите дијагностички, интервентни и оперативни процедури при кои е потребна анестезија

  • Мониторинг и МАС седација за мали оперативни интервенции и дијагностички процедури – Ртг снимања, CT снимања, пункции, биопсии, поставувања на сонди, дренови и слично

  • Општа анестезија при која користиме најмодерни и најбезбедни кратко делувачки интравенски и инхалациони анестетици, кои овозможуваат пациентите брзо да се будни и свежи и после долги хируршки интервенции

  • Постанестетичко следење на оперираните пациенти

  • Регионални типови на анестезија и аналгезија – го следиме светскиот тренд и користиме регионална анестезија и аналгезија при сите хируршки интервенции кај кои тоа е можно и пожелно:

  • Спинална анестезија

  • Епидурална анестезија

  • Комбинирана спинална-епидурална

  • Континуирана епидурална аналгезија за третман на постоперативна болка

  • Ремедика е прва болница во Македонија која користи Браунови РСА – пумпи за аналгезија со самоконтрола од страна на пациентот за интравенска или епидурална апликација

  • Регионална интравенска анестезија – RIVA

  • Акушерска анестезија – сите типови на акушерска аналгезија – спинална, епидурална и комбинирана спинална-епидурална “walking epidural” техника Ремедика е болница која обезбедува акушерска аналгезија 24 часа, 7 дена во неделата. Повеќе од 62% од нормалните породувања се изведуваат во некој од овие типови на аналгезија

  • Сертифицирани реанимациони тимови оспособени за основно и напреднато одржување во живот работат во тек на 24 часа

  • Периоперативна контрола на болка. Во третманот на постоперативната болка го практикуваме т.н. мултимодален пристап – со користење на повеќе лекови во помали дози со што се постигнува ефикасно обезболување со помалку несакани ефекти (гадење, повраќање)

АНЕСТЕЗИЈА ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ

Целта на оваа информација е да Ви даде одговор на некои од можните прашања во врска со анестезијата за вашето дете, да Ви ја објасни улогата на анестезиологот и можните несакани ефекти и комликации во врска со анестезијата.

Анестезиолошкиот оддел во Ре-Медика располага со тим од доктори анестезиолози и сестри анестетичарки чија цел е да обезбеди квалитетна услуга за децата кои доаѓаат кај нас и да им обезбеди што попријатен престој за време на лекувањето, преку:


  • Минимизирање на вознемиреноста кај децата пред операција

  • Подготовка на децата и родителите за анестезија

  • Анестезија за хируршки процедури

  • Седација за дијагностички процедури

  • Мониторинг на витални функции за време на операција и будење

  • Минимизирање на болката и вознемиреноста по операција

Повеќе информации можете де добиете во секое време од некој од анестезиолозите во Ре-Медика или на тел 072/443-231.

ИМА ЛИ РАЗЛИКА ВО АНЕСТЕЗИЈАТА ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ?

Една од најголемите разлики е степенот на страв и вознемиреност. Децата понекогаш се премногу исплашени од тоа што ги очекува или од некое претходно искуство. Малите деца не се во состјба да разберат што им се случува, па затоа родителите се тие кои можат најмногу да помогнат. Физиолошките разлики кај децата бараат употреба на различни техники, апаратура и дози на лекови.

ПОРОДУВАЊЕ БЕЗ БОЛКА

Раѓањето на бебето во прегратката на насмаена и ослободена од бол мајка еден од највозбудливите и најблагородни моменти во медицината. Бременоста е време кога треба да донесете одредени одлуки за Вас и вашето бебе. Се надеваме информациите овде ке Ви помогнат да го направите вистинскиот избор со цел породување да остане незаборавен момент во вашиот живот. Анестезиолошкиот тим во Ре-медика Ви стои на располагање 24 часа/7 дена во неделата.

БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ, ИЗБОРОТ Е ВАШ

Факти за епидуралната аналгезија


  • Во Ремедика над 70%  ( усогласена бројка) од пациентките кои се породуваат спонтано се породуваат без болка со помош на епидурална аналгезија

  • Претставува најефикасен метод во третманот на родилната болка

  • Тоа е единствен метод со кој раѓањето може во потполност да се обезболи кај секоја родилка

  • Во просек секоја трета жена во развиените земји се породува со оваа метода

  • Во одредени болници процентот надминува 90%

  • 8 од 10 би го одбрале истиот метод и при следното раѓање

  • Епидуралната аналгезија нема несакани ефекти по новороденото

Припрема за породување

Препорачуваме да ги посетите часовите за пренатална подготовка на трудници. Тим од специјалисти акушери, педијатри, анестезиолози, психолози и акушерки ке Ве запознаат со промените што ве очекуваат во тек на бременоста и породувањето. Ќе научите вежби за дишење, положба во тек на породувањето, ке Би бидат објаснети техниките на обезболување како и прифаќање и нега новороденото. Со анестезиолозите дополнително можете да се запознаете и разговарате кога доаѓате на редовните акушерски и ЦТГ контроли. Присатноста на партнерот во тек на породувањето, која во РеМедика посебно ја подржуваме, е од непроценливо значение како психолошка поткрепа на родилката, но и за партнерот.

ЗОШТО Е СПИЦИФИЧЕН ТРЕТМАНОТ НА РОДИЛНАТА БОЛКА?

Актот на раѓање, особено кај прворотки може да биде многу болен и скоро по правило има потреба да и се помогне на родилката. Присуството на плодот преставува ограничување како во изборот, така и во количината на аналгетик што лекарот може да го даде на мајката. Аналгетиците што се користат во третманот на родилните болки дадени интрамускуларно или во вена се пренесуваат преку постелката и кај плодот и може да предизвикаат несакани ефекти кај бебето по завршување на раѓањето. Тоа е причината зошто дозата која е безбедна за новороденото не е ефикасна во третманот на родилната болка.

За разлика, лековите дадени преку епидуралниот катетер дистигнуваат толку мали концентрации во крвотокот на мајката да немаат несакани ефекти кај новороденото.

КАКО НАСТАНУВА ПОРОДИЛНАТА БОЛКА?

Породувањето на секоја жена е посебно и единствено.Кон крајот на бременоста започнуваат контракции на матката, од почеток ретки, а потоа се почести и посилни, што ја предизвикува породилна болка, чија јачина е различна кај секоја родилка. При крајот на раѓањето се надоврзува и болка од ширење на меките родилни патишта. Многу мал процент од родилките не бараат никакво обезболување, за разлика од мнозинството кои имаат огромна корист од обезболувањето. Првото породување е најчесто најдолго и породилната болка е најсилна. На болката влијаат голем број фактори како:

  • Големината и положбата на бебето
  • Јачината на контракциите на матката
  • Толеранцијата на родилката кон болка
  • Димензии на карлицата и родилниот канал
  • Употреба на стимулација од страна на акушерот со цел да го започне или забрза раѓањето

ВИДОВИ НА ОБЕЗБОЛУВАЊЕ?

Денес околу 80% од сите родилки побаруваат некој вид на обезболување.

Најефикасни и најприменувани техники се регионалните техники во кои спаѓаат епидуралната, спиналната и комбинираната епидурална-спинална аналгезија. Нивна најголема предност е ефикасноста и отсаството на несакани ефекти кај бебето. Тоа е и причина за нивната широка застапеност во развиените земји која во поедини болници изнесува над 90%.

Епидуралната аналгезија е без сомнение најефикасен метод во третманот на породилната болка, посебно за прворотките кај кои породувањето вообичаено трае подолго. Таа им е достапна на сите родилки кои се заинтересирани за неа. Контраиндикациите се исклучително ретки како употреба на антикоагулантна терапија или инфекција на местото на поставување на епидуралниот какетер.

ШТО ПРЕСТАВУВА ЕПИДУРАЛНА АНАЛГЕЗИЈА?

Методата се состои во поставување на тенок епидурален катетер (1мм) во слабинскиот дел на рбетот на грбот после локална анестезија на кожата. Најдобро е да се постави кога ритмичните контракции ќе станат пократки и поболни и кога устието на грлото на матката е 3-4 см отворено. Процедурата се врши во седечка или странична положба, колената на пациентката се приблишени кон стомакот а брадата кон градната коска како би се испакнал слабинскиот дел на грбот. Со вбризгување на лекот низ епидуралниот катетер во близина на нервите се прекинува преносот на болката од матката и меките родилни патишта кон мозокот каде се формира секоја сензација па така и болката.

Ефектот на обезболување настапува за 20-30 минути, а преку специјална пумпа континуирано се аплицира лекот се додека не заврши породувањето. Мајката чувствува топлина и лесна отрпнатост во нозете и долниот дел од телото, болката се губи, но се чувствуваат контракциите. Во тек на целото породување се контролираат крвниот притисок и срцевата фреквенција кај мајката, а преку ЦТГ-записот пулсот на бебето и контракциите на матката. Единствено во РеМедика се применуваат и тн. Епидурална Аналгезија контролирана од страна на пациентот каде родилката преку специјална пумпа сама ја контролира количината на лек даден преку епидурален катетер и на тој начин сама ја контролира степенот на обезболеност.

КОГА СЕ УПОТРЕБУВА СПИНАЛНА АНАЛГЕЗИЈА?

Спиналната аналгезија е поретко користена техника каде ефектот настапува за 2-5 минути. Оваа техника ја применуваме единствено доколку се очекува да породувањето заврши во наредните 2 часа. Нејзин најголемиот недостаток е што претставува еднократно аплицирање на лек и не може да се додава, туку мора повторно да се боцка (пунктира), доколку не заврши породувањето додека трае ефектот.

Комбинираната спинална–епидурална ги користи предностите од двете техники-брз ефект и траење се до завршување на раѓањето. Најчесто се употребува кај таканаречените шетачки епидурали кога пациентката може да биде мобилна во тек на породувањето.

ШТО ДОКОЛКУ ПОРОДУВАЊЕТО МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ СО ЦАРСКИ РЕЗ?

Доколку бебето не се спушта и покрај тоа што грлото на матката се шири, или папочната врпца е кратка и го држи бебето, породувањето мора да се заврши со царски рез. Епидуралниот катетер може да се искористи за анестезија за царски рез,со тоа што се аплицира поконцентриран раствор на лекот кој доведува до целосен блок во нозете и долниот дел од стомакот се до под градите. На овој наќин се избегнува општата анестезија за царски рез, а мајката е будна и може да го чуе првиот плач на бебето, а подоцна и да го види и допре кога педијатарот и го стави на нејзините гради. Едноставно моментот е незаборавен.

ДАЛИ ИМА КОМПЛИКАЦИИ ПРИ ЕПИДУРАЛНАТА АНАЛГЕЗИЈА?

Понегогаш може да има потешкотии во лоцирање на епидуралниот простор па може да има мала болка на местото на боцкање ден-два што поминува без компликации. Многу ретко моше да се јави главоболка после епидуралната аналгезија.

ЛОКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТА


  • Оперативниот блок го сочинуваат 5 модерни операциони сали опремени со најнови апарати и монитори за анестезија, современа опрема и комплетен инструментариум. Тука се извршуваат сите видови општи, регионални и комбинирани анестезии од сите хируршки гранки освен невро и кардиохирургијата

  • Дневна болница Ре-Медика го следи светскиот тренд за еднодневна хирургија. Нејзиниот капацитет е една операциона сала и 7 кревети за постанестетичка нега. Претходно комплетно испитани и подготвени пациенти се примаат во Дневната болница за пократки оперативни и дијагностички интервенции, се опоравуваат после нив и се испишуваат во тек на денот

  • Амбулантни анестезии се извршуваат низ целата болница каде е потребна краткотрајна анестезија со нужен висок стандард за анестезиолошка нега за дијагностички, терапевтски и интервентни процедури и тоа:

  • Центар за Асистирана Репродукција при Ре-Медика е комплетно нов оддел со 1 ИВФ интервентна сала со комплет анестезиолочка опрема и постинтервентна соба за опоравок со капацитет од 8 места. Центарот ги користи услугите на Одделот за Анестезија при ИВФ пункции, трансфери, рејувенации, TESSE процедури и слично

  • Ендоскопската амбуланта е локација каде повеќето ендоскопски интервенции (гастроскопии, колоноскопии, гастро-колоноскопии, ендоскопски полипектомии, дилатации, биопсии) се извршуваат со седација или краткотрајна анестезија

  • Одделот за радиологија ги користи анестезиолошки услуги при CT и други снимања, биопсии, снимања на деца, коронарографии и друго

  • Интернистичките процедури – поставувања на дренови, перкутани торакални и абдоминални дренажи, сонди и друго

  • Единицата за интензивно лекување располага со капацитет од 7 интензивни кревети во 3 одделни простории. Со комплетен мониторинг во која се обезбедува третман на најтешките пациенти кои имаат потреба од специјална интензивна нега и лекување во пред и постоперативниот период како и интернистички пациенти

ОПРЕМА

Одделот за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување е првиот анестезиолошки оддел во Македонија кој ги достигна високите светски стандарди во анестезиолошката практика во однос на смесување, опрема, мониторинг, дијагностика, мини лабораторија, вентилаторна подршка и се друго потребно за обезбедување на квалитетна и сигурна анестезија, сатисфакција на пациентот и максимално обезболување.


  • Datex-Ohmeda анестезиолошки апарати користиме во Оперативниот блок, Родилните сали, Дневната болница, комплетирани со

  • Datex-Ohmeda Ѕ5 модуларни монитори кои обезбедуваат:

  • Стандарден мониторинг (ECG, NIBP, пулс оксиметрија-ЅаО2, Темп)

  • Инвазивен мониторинг (CVP, IAP, PAP, PCWP, CO)

  • Специјален мониторинг:
    • Капнографија – ја мери концентрацијата на јаглен диоксид во издишаниот воздух – ЕtCО2
    • Ентропија и BIS индекс – контрола на длабочината на сонот во анестезијата
    • Невромускуларен мониторинг – за контрола на ефектот на невромускуларните релаксанти – TOF
    • Спирометрија – мониторирање на вентилаторните промени

  • Датеkc-Охмеда централен мониторинг. Сите 16 монитори од операционите сали и Интензивното лекување се интегрирани во мрежа преку централен монитор кој има способност да ги меморира континуирано податоците за виталните параметри на пациентите во тек на 28 часа

  • Ре-Медика е единствена болница во Македонија која поседува Апарат за Џет вентилација- Karl Reiner за вентилирање на пациенти без потреба за интубација при интервенции на грло, бронхоскопии и др.

  • Опрема за тешка интубација и контрола на дишниот пат – ги користиме сите видови ларингеални маски и фибероптички бронхоскоп и ларингоскоп Оlympus, видео ларингоскоп

  • Единицата за интензивно лекување е опремена по најсовремени стандарди:

  • Datex-Ohmeda Ѕ5 неинвазивен и инвазивен мониторинг

  • Maquet Servo-i вентилатори за вентилаторна подршка кои ги обезбедуваат сите модуси на контролирана, асистирана и неинвазивна вентилација

  • Тотална парентерална и ентерална нутриција

  • Кислородна терапија

  • Торакална дренажа

  • Респираторна и физиотерапија и останати интензивни процедура

  • Гасен анализатор NOVA (рН, рО2, рСО2, Na, К, Ca, Glu, Hb, Ht, Lact)

  • Браун инфузиони и перфузиони пумпи се користат во целата болница за стого контролирана инфузиона терапија

  • Браун PCA пумпи за обезболување според потребата на пациентот

  • Секој Оддел е екипиран со план и комплетна опрема за реанимација и дефибрилатори

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Анестезија за амбулантна хирургија и дијагностички интервенции

Денес поголемиот број на пациенти кои се подложени на хируршки интервенции и дијагностички тестови, немаат потреба да останат преку ноќ во болница по завршувањето на интервенцијата. Во повеќето случаи пациентите се способни да си одат дома и да закрепнат во домашни услови покрај своите блиски.

Амбулантната хирургија и анестезија се покажала како многу безбедна и лесна, и може да се изведе во различни услови. Може да се изведе во болница, во специјализиран хируршки центар или пак во некои случаи и во хируршка амбуланта. Во секој слуцај анестезијата ја изведува специјален анестезиолог.

ШТО ПРЕТСТАВУВА АМБУЛАНТНА АНЕСТЕЗИЈА?

Амбулантната анестезија е дизајнирана и смислена за да може пациентот набргу после операцијата или дијагностичката интервенција да си оди дома. Кратко делувачките анестетички лекови и специјализираните анестетички техники како и грижата после интервенцијата се фокусирани на потребите на пациентите кои се дојдени за амбулантна анестезија и хирургија, се со цел да хируршката интервенција или дијагностичките тестови бидат што побезбедни и пријатни. Воглавном ако пациентот е во добра кондиција и добро здравје тој е сигурен кандидат за амбулантна хирургија и анестезија. Бидејќи секој пациент е посебна индивидуа, анестезиологот мора грижливо да го евалуира неговото здравје за да биде сигурен дека тој пациент е кандидат за еднодневна хирургија или амбуланстка анестезија.

По краткото закрепнување од анестезијата, вие, пациентите, можете да се вратите безбедно дома. Во најголем број на случаи, смејеството, пријателите можат да ја обезбедат сета неопходна помош за вас. Адекватниот третман на болката е исто така вклучен во вашиот план запуштање дома што ќе биде подготвен од вашиот анестезиолог и хирург.

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО АМБУЛАНТНАТА АНЕСТЕЗИЈА И ЕДНОДНЕВНА ХИРУРГИЈА?

Ако веќе имате испланирано хируршка интервенција, сигурно имате прашања во врска со типот на анестезијата, за болката која што можете да ја очекувате по интервенцијата, како и повеже други информации кои ве интересираат. Тимот на анестезиолози во Ремедика же ви помогне да добиете одговори на најчесто поставуваните прашања на оваа страница. Сепак запомнете, и покрај одговорите на оваа страна најдобро е да се консултирате со вашиот анестезиолог за секоја информација во врска со вашето здравје и интервенцијата што ви следи.

КОГА ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО МОЈОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ?

Вашиот анестезиолог ќе ве интервјуира денот пред интервенцијата а некогаш и на самиот ден на интервенцијата, за да ги собере сите информации потребни за да го евалира вашето здравје. Можат да бидат ординирани лабараторски тестови како и други медицински тестови за да се сними вашето здравје се со една цел: поголема безбедност. Во текот на интервјуто ќе потполните анестезиолошки прашалник каде ќе ги наведете вашите претходни искуства со анестезија доколку постојат, вашата здравствена состојба, алергии, лекови кои ги употребувате редовно. Доколку имате било какви грижи треба да му ги објасните на анестезиологот и да разговарате за нив.

КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ ОД АНЕСТЕЗИЈА?

Сите операции, како и сите сите типови на анестезија имаат одреден ризик. Тие зависат од многу фактори вклучувајќи го типот на операција како и вашата здравствена состојба. За среќа несаканите ефекти се многу ретки, а анестезиологот ги превзема сите неопходни мерки за да се спречи било како инцидент. За време на разговорот со анестезиологот треба да го прашате за ризиците од анестезијата кои се поврзани со вашата хируршка интервенција или дијагностички тест.

ШТО СО ВНЕСУВАЊЕ НА ХРАНА И ТЕЧНОСТИ ПРЕД АНЕСТЕЗИЈА?

Генерално и општо правило е дека не смеете да јадете и пиете ништо после полноќ пред вашата хируршка интервенција или дијагностички тест кој бара анестезија. Во некои случаеви можете да добиете дозвола од вашиот анестезиолог да пиете бистри течности неколки часа пред да добиете анестезија.

ДАЛИ ДА СЕ ИСПИЈАТ ЛЕКОВИТЕ ШТО РЕДОВНО СЕ УПОТРЕБУВААТ?

Некои лекови треба да се земаат редовно до самиот ден на операцијата, а некои треба да се прекина. Затоа е многу важно да му кажете на анестезиологот за лековите што ги пиете, а тој ќе донесе одлука кои да продолжите да ги земате, а кои не. Немојте без дозвола да земате било какви лекови.

ДАЛИ ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ, ВИТАМИНИ И ДРУГИ СУМЛЕМЕНТИ МОЖЕ ДА ВЛИЈААТ НА АНЕСТЕЗИЈАТА?

Одредени природни лекови може да го пролонгираат ефектот на анестезија, а други можат да го зголемат ризикот од крварење во тек на интервенцијата или да го покачат крвниот притисок. Некои од овие ефекти на природните лекови не мора да бидат многу значајни, но сепак треба да му кажете на анестезиологот за се што земате пред вашата интервенција.

ДАЛИ ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПУШЕЊЕ?

ДА – многу е важно да престанете веднаш. Можеби вашата хируршка интервенција е златна можност за да го направите тоа. Има докази дека тие што престанале да пушат имаат помалку симптоми на никотинска зависност и поголем успех во обидот да престанат да пушат. Иако некогаш пред нашата интервенцијаили една недела пред тоа, сепак има голем бенефит од престанокот на пушењето.

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО НЕКОЈ ДРУГ ДА МЕ ОДНЕСЕ ДОМА?

Ефектите од лековите што се употребуваат во анестезијата понекогаш може да останат и до 24 часа пред комплетно да исчезнат. Исто така треба и некој да остане со вас дома за првите 24 часа за да ви помогне околу негата. Ова е поради ваша безбедност. Некои пациенти се чуствуваат добро и силно само неколку часа по интервенцијата и мислат дека се способни за нормални активности. Тоа не е точно! Бидете безбедни!

КОГА ЌЕ МОЖАМ ДА СИ ОДАМ ДОМА?

Постојат протоколи и упатства во нашата институција за тоа кога ќе можете да си одите по завешувањето на интервенцијата. Но најважно од се е да добиете дозвола од анестезиологот откако тој ќе увиди дека сте способни за да извршите некои од нормалните активности како: да станете сами, да одите, да отиде до тоалет, да немате чуство на гадење и повраќање и слично. Понекогаш се случува, иако ретко, да мора да останете една нок во болница и тоа ќе биде средено за вас.

АНЕСТЕЗИЈА ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ?

Целта на оваа информација е да Ви даде одговор на некои од можните прашања во врска со анестезијата за вашето дете, да Ви ја објасни улогата на анестезиологот и можните несакани ефекти и комликации во врска со анестезијата.

Анестезиолошкиот оддел во Ре-Медика располага со тим од доктори анестезиолози и сестри анестетичарки чија цел е да обезбеди квалитетна услуга за децата кои доаѓаат кај нас и да им обезбеди што попријатен престој за време на лекувањето, преку:

  • Минимизирање на вознемиреноста кај децата пред операција
  • Подготовка на децата и родителите за анестезија
  • Анестезија за хируршки процедури
  • Седација за дијагностички процедури
  • Мониторинг на витални функции за време на операција и будење
  • Минимизирање на болката и вознемиреноста по операција

ИМА ЛИ РАЗЛИКА ВО АНЕСТЕЗИЈАТА ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ?

Една од најголемите разлики е степенот на страв и вознемиреност. Децата понекогаш се премногу исплашени од тоа што ги очекува или од некое претходно искуство. Малите деца не се во состјба да разберат што им се случува, па затоа родителите се тие кои можат најмногу да помогнат. Физиолошките разлики кај децата бараат употреба на различни техники, апаратура и дози на лекови.Нашиот искусен анестезиолошки тим е секогаш спремен. Ре-Медика е болница без стрес и болка.

МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ВО ОДДЕЛ АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Специјалистички анестезиолошки преглед / Anesthesia specialist examination
Анестезија за гастроскопија / Anesthesia for Gastroscopy
Анестезија за колоноскопија / Anesthesia for Colonoscopy
Анестезија за колоноскопија/полипектомија / Anesthesia for Colonoscopy with Polypectomy
Безболно Породување -Епидурална аналгезија / Labour Epidural Analgesia
Третман на болка во дневна болница / Pain treatment in the day-clinic
Специјалистичка анестезиолошка консултација / Anesthesia specialist consultation
MAC Stand-by анестезија тим до 30 мин / MAC Stand-by anesthesia team up till 30 minutes
Анестезија за Гастроскопија и Колоноскопија / Anesthesia for Gastroscopy and Colonoscopy
Безболно Породување – Спинална Аналгезија / Labour Spinal Analgesia
Амбулантска анестезија / Ambulatory anesthesia
Општа краткотрајна анестезија до 15 минути / General short-term anesthesia up to 15 minutes
Третман на болка – Епидурал / Treatment of pain – epidural
Поставување на порт
Интезивно лекување – повремен мониторинг на ЕCG, SaO2, NIBP,T, гликемија по индикација – по ден / Intensive care – intermitent monitoring of ЕCG, SaO2, NIBP, Temperature, glycaemia per day
Интезивно лекување со континуиран основен мониторинг (ЕCG, SaO2, NIBP,T, glikemija) по ден / Intensive therapy – continuous monitoring of ЕCG, SaO2, NIBP, Temperature, glycaemia per day
Хемодинамски мониторинг – поставување на интраартериска канила и мерење на IAP – прв ден / Hemodynamic monitoring – Intraarterial cannula placing and continuous measurement of Invasive blood pressure – first day
Хемодинамски мониторинг – доплата за IAP секој следен ден / Hemodynamic monitoring – continuous measurement of Invasive blood pressure – each day
Поставување на CVK Централен венски катетер за IV Инфузиона терапија / Insertion of Central venous catheter for IV Infusion Therapy
Хемодинамски мониторинг – поставување на CVК катетер и мерење на CVP – прв ден / Hemodynamic monitoring – Central venous catheter insertion and continuous measurement of Central venous pressure – CVP – first day
Хемодинамски мониторинг – доплата за CVP секој следен ден / Hemodynamic monitoring – Continuous measurement of Central venous pressure CVP – each day
Инотропна IV терапија (Dopamin, Dobutrex, Noradrenalin, К, Мg, Heparin, Amiocordin, Insulin и др) по пумпа/ден / Inotropic IV infusion (Dopamin, Dobutrex, Noradrenalin, etc) by pump/per day
Континуирана IV терапија (К, Мg, Heparin, Amiocordin, Insulin и др) по пумпа/ден / Continuous IV Therapy (К, Мg, Heparin, Amiocordin, Insulin etc) by pump/per day
Артефициелна вентилација секој ден / Mechanical ventilation each day
Респираторна физикална терапија и RespiFlow тренажер/ден / Respiratory physical therapy/each day
Инхалации до 6 дневно/ден / Inhalations up to 6 per day/each day
Постоперативна аналгезија – IV/ден / Postoperative IV analgesia/each day
Постоперативна аналгезија – PCA IV/ден / Postoperative PCA (patient controlled analgesia) IV analgesia/each day
Постоперативна епидурална аналгезија – поставување на епидурален катетер и аналгезија – прв ден / Postoperative Epidural Analgesia – Insertion of epidural catheter and continuous analgesia first day
Постоперативна епидурална аналгезија – секој следен ден / Postoperative Epidural Analgesia – each day
Поставување и одржување на торакална дренажа/ден / Thoracic drainage/each day
Поставување на дуоденална сонда за исхрана / Insertion of enternal feeding tube
Ентерална исхрана преку Ентеропорт пумпа/ден / Eternal nutrition via Enteroport pump/each day
ТNP – Тотална Парентерална IV Исхрана/ден / NPN – Total Intravenous Parenteral Nutrition/each day
Трансфузија на крв и крвни деривати (доплата за крв) / Transfusion of blood components (plus the price of blood and components with interactions)