Ре-Медика беше поддршка и дел од КОМШИLOOK, мултимедијален фестивал кој ги слави вкрстувањето на уметноста и заедницата, прикажувајќи различни форми на изразување, од визуелни уметности до перформанси во соседството.
Ги споивме нашата општествена одговорност со уникатниот настап на над 100 уметници, а бевме и директни учесници на фестивалот со уметничка инсталација на фасадата од нашата болница. Со тој перформанс ги оживеавме делата на нашите најмлади пациенти кои цртаа по повикот на Ре-Медика и на КОМШИLOOK.
Среќни сме што бевме дел од настан со врвни артисти и прекрасни гости и имавме можност да ја продолжиме нашата традиција за поддршка на заедницата, уметноста и културата.