Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Ре-Медика отвори Центар за доење: Поддршка, знаење и грижа за мајките и бебињата​

Ре-Медика отвори Центар за доење: Поддршка, знаење и грижа за мајките и бебињата

Во текот на консултациите ќе одговориме на дилемите кои, нормално, се јавуваат кај мајките, како: дали имам доволно млеко, дали да го будам ноќе за доење, колку долго треба да цица, во која позиција е најдобро да дојам, дали треба дохрана или не, дали треба да се измолзувам…

Првата приватна општа болница Ре-Медика отвори Центар за доење, кој ќе функционира во состав на Одделот за неонатологија и педијатрија. Новиот центар нуди индивидуални прегледи и консултации за секој пар мајка-дете. Стручниот тим на Ре-Медика во Центарот ќе прави комплетна педијатриска проценка на новороденото дете, проценка на млечноста кај мајката и ефикасноста на доењето преку користење на СКОР за доење (стандарден систем за проценка на ефикасноста на доењето). Ќе се проценуваат и сите поволни и неповолни фактори кои влијаат на доењето кај секој пар поединечно.

– Во текот на консултациите ќе одговориме на дилемите кои, нормално, се јавуваат кај мајките, како: дали имам доволно млеко, дали да го будам ноќе за доење, колку долго треба да цица, во која позиција е најдобро да дојам, дали треба дохрана или не, дали треба да се измолзувам… За нив навистина треба соодветна и стручна помош, теоретска и практична – вели прим. д-р Марина Поп Лазарова, педијатар-неонатолог во Ре-Медика.

Отворањето на новиот Центар за доење во Ре-Медика, објаснува докторката, е резултат на долгогодишното искуство на педијатрискиот тим, од една страна, а од друга страна, се појави како потреба за згрижување на новородените деца и пружање на стручна помош на новопородените мајки.

– Овој период на заемна адаптација по породувањето, особено во првите четири до шест недели, е навистина многу комплексен и сензитивен. Тогаш мајките треба да научат како правилно и успешно да дојат, а децата како ефикасно да цицаат, што навистина не е едноставно и претставува цел еден процес. Притоа, важно е да се потенцира дека секој пар мајка-дете е посебен и уникатен, секој со свои специфичности и затоа е потребна соодветна стручна помош – објаснува д-р Поп Лазарова.

Токму тоа е улогата на Центарот за доење, во кој, во пријатна и релаксирана атмосфера мајките ќе добијат теоретски и практични информации, совети и помош. Притоа ќе се користат и едукативни видеа, различни корисни додатоци, со кои се овозможува успешно и ефикасно доење.

– Би сакала да ја напоменам соработката со светската компанија „Медела“ (Medela), која е посветена на доењето и мајчиното млеко и со своите професионални производи многу придонесува да се надминат бројни адаптациски проблеми. Компанијата „Хип“ (HIPP), со претставништвото во Скопје, исто така беше поддршка во овој проект со своите производи наменети за мајките доилки и нивните деца – вели д-р Поп Лазарова.

За повеќе информации и за закажување пациентите може да се јават на телефонските броеви: 072443210 и 02/2603110.

– Се надеваме дека со овој Центар за доење ќе успееме да им помогнеме на мајките доилки да воспостават успешно доење и рано да ги надминат сите проблеми што се јавуваат во овој период на прилагодување, вообичаено во првите 4-6 недели по породувањето. Доењето и мајчиното млеко, да потсетиме, имаат бројни докажани придобивки за здравјето, правилниот раст и развој на децата, а позитивно делуваат и на здравјето на самите мајки доилки. Токму затоа, навистина е многу важно во овој период да им се пружи соодветна подршка за започнување (почетокот секако е во породилиштето) и понатамошно успешно, ефикасно воспоставување на процесот на доење, во што овој Центар со својот интегрален и холистички пристап може да биде од помош на новите мајки – додава д-р Поп Лазарова.

en_USEnglish