Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Инвитро-постапка со донорски материјал

Инвитро-постапка со донорски материјал

Законска регулатива за оплодување со донорски материјал (сперматозоиди, јајце клетки или ембриони) е спроведена во 2008 година кога се воведе Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување во Република Македонија. За да се исполнат барањата на пациентите кои имаат потреба од донорски материјал, првата приватна општа болница Ре-Медика истата година потпиша договор со банката за донација на сперматозоиди „Јуропијан сперм банк“ (European sperm bank) од Данска. Досега имаме одлична соработка и до денес користени се материјали од повеќе од 550 донори. Што се однесува до донацијата на јајце клетки, законот овозможува и млади жени, државјанки на Република С. Македонија да бидат донорки на јајце клетки при што установата на која ќе и ги донираат да и исплати средства во износ на две просечни месечни плати. Но, поради слабиот одѕив на донорките, а големата потреба на пациентките за јајце клетки се направи соработка со банките за јајце клетки со OVOBANK (Шпанија) и Medicover Intersono (Украина)

Изборот на донорите го прават пациентите кои имаат увид на профилите на донорите преку официјалните Интернет страни на банките.

За да може да се донира материјал, кај лицето што аплицира мора да се направат соодветни испитувања (тестови за инфективни заболувања, сексуално преносливи заболувања, кариотип , тестови за цистична фиброза, таласемија) како и да помине на правно и психолошко советување. Доколку се задоволат бараните критериуми, во тој случај лицето може да го донира својот биолошки репродуктиван материјал.

За да може да се аплицира дозвола за ин витро оплодување во донорски материјал потребно е установата да достави документација од парот или идниот самохран родител заедно со документацијата на донорот испратена од банката до Комисијата за биомедицински потпомогнато оплодување при Министерството за здравство. Таа дава согласност за оплодувањето доколку се запазени законските критериуми.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Според законската регулатива од еден донор можат да се добијат две живородени деца.

Кои документи се потребни за апликација?

  • Извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родени за идните самохрани родители (не постар од 6 месеци)
  • Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена) – Копија од лични карти од двајцата партнери – Извештај од психолошко и правно советување спроведено од страна на установата
  • Извод од матична книга на венчани или извод на родени за немажени жени (не постар од 6 месеци)
  • Изјава за согласност за биомедицинско потпомогнато оплодување (нотарски заверена)
  • Копија од лични карти
  • Извештај од психолошко и правно советување кое се спроведува во установата
  • Пополнет прашалник (даден од установата) за комплетна историја на апликантот за наследни болести и смртни случаеви во семејството до трето колено, дали се посвоени или дали имаат хронични, малигни, метаболни и автоимуни заболувања
  • Резултати од крвна слика, гликемија, седиментација, ЕКГ (не постари од шест месеци и истите се прифаќаат и од друга установа)
  • Анамнеза за регуларни менструални циклуси (од матичен гинеколог)
  • Извештај од гинеколошки преглед со ултразвук на овариуми и број на антрални фоликули
  • Резултати од микробиолошки брисеви од вагина и цервикс за патолошки бактерии, микоплазма и хламидија (не постари од шест месеци)
  • Резултати од инфективен скрининг за Хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ
  • Резулати за кариотип – анализа од крв со цел да се одреди бројот и структурата на хромозомите во клетките
  • Бета таласемија – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
  • Цистична фиброза – анализа од крв за да се одреди присуство/отсуство на ова заболување кое генетски се пренесува на поколението
  • Базичен хормонски статус на трет ден од менструален циклус: FSH, LH, PRL, E2, TSH, по можност и Aнти Mилериан хормон
en_USEnglish