Зошто да замрзнам јајце клетки?
Зошто да замрзнам јајце клетки?
Јајниците кај жената се полни со јајце клетки кои се формираат во фоликули (топчести структури исполнети со течност потребна за нормален раст и развој на јајце клетките). Жените за разлика од мажите се раѓаат со одреден број на јајце клетки (околу 2 милиони) и истиот број опаѓа секој месец од животот на жената. До пубертетот кај девојчето остануваат уште 25% од нејзината оваријална резерва (300.000 јајце клетки) од кои само 400 овулираат до крајот на репродуктивниот период. Иако никој со сигурност неможе да претпостави колкави се резервите во даден период од животот, сепак статистиката покажува сигнификантно намалување на плодноста после 37 година. Живееме во модерно, динамично време кога свесно или несвесно го одложуваме биолошкиот часовник за оплодување. Криопрезервацијата на фертилноста е нова технологија при која јајце клетките од јајниците на жената се пунктираат, замрзнуваат и чуваат. Подоцна, кога жената ќе биде спремна за бременост, јајце клетките се одмрзнуваат, оплодуваат и добиените ембриони се трансферираат назад во матката
Оваа постапка наменета е за неколку категории на пациентки:
Кај пациентки со дијагностицирано малигно заболување за чие лекување е потребно хемо или радиотерапија. Ваквата тепарија доведува до уништувење на јајце клетките. Со нивна криопрезервација пред да се започне со тепаријата се овозможува овие жени да станат мајки подоцна во животот.
Кај пациентки кај кои во тек на ИВФ процес се добиле поголем број на јајце клетки дел од нив можат да се замрзнат и да се искористат за евентуален нареден циклус. На овој начин жената нема да прима повторно хормонска стимулација, туку во соодветниот термин од циклусот се одмрзнуваат јајце клетките и се оплодуваат по стандарниот метод за ИВФ постапка.
Жените кои ја одложуваат бременоста поради одредени околности (едукација, кариера), сега имаат можност да ги замрзнат сопствените јајце клетки и да постигнат бременост подоцна во животот.
Кај пациентки кои имаат фамилијарна историја на рана менопауза, подобро за се замрзнат јајце клетки во случај да изненади предвремена менопауза.
Во програмот за донација на јајце клетки, жената донор првенствено се проследува на генетски скрининг за најчестите генетски заболувања. После хормонската стимулација на јајчниците се изведува аспирација на ооцитите и нивна криопрезервација. Кога акцепторката на ооцити ќе биде припремена за ембрио трансфер, се одмрзнуваат јајце клетката од донорот се оплодуваат со сперматозоидите на партнерот и ембрионите се трансферираа во матката на акцепторката.
Пратејќи ги трендовите за криопрезервација на фертилноста ја воведовме техниката за брзо замрзнување или витрификацијата со која јајце клетките се замрзнуваат во специјално контролирани услови во течен азот на температура од -196оC до наредна употреба.
Со имплементацијата на оваа техника за прв пат во нашата земја се роди првото дете од замрзната јајце клетка.