Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Новиот Lunar Prodigy дезинтометар во Ре-Медика за нови можности за врвна дијагностика

Новиот Lunar Prodigy дезинтометар во Ре-Медика за нови можности за врвна дијагностика

Ре-Медика, следејќи ги новите трендови и напредокот на технологијата, набави нов дензитометар Lunar Prodigy, со најнов софтвер anCOREv18. – Освен стандардните дензитометриски прегледи, преглед на `рбет и колкови, апаратот има и додатни можности. Тие овозможуваат попрецизна проценка, не само на скелетот туку и на општото здравје на пациентот, вели прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед и шеф на одделот Дијагностика во Ре-Медика. Тоа се, пред сè, анализата на коскената градба со ТБС, проценка на ризикот од скршеници (FRAX), анализата на мускулната маса и масното ткиво на пациентот, како и проценка на висцералното и поткожното масно ткиво и проценка на степенот на саркопенија. – Освен тоа, апаратот содржи и посебен софтвер за анализа на детски скелет и дијагноза на заболувањата кои се поврзани со градбата на скелетот – објаснува д-р Стефановска.

en_USEnglish