Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

„Ре-Медика“ е лидер во венската патологија

Варикозна болест – ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

„Ре-Медика“ е лидер во венската патологија

Во нашата установа изборот на третман е индивидуализиран за пациентот

Проф. д-р Влатко Цветановски, кардиоваскуларен хирург
Проф. д-р Влатко Цветановски, кардиоваскуларен хирург
Д-р Дина Цимешиќ, кардиохирург

Оставени без медицински третман, проширените, варикозни вени може да доведат до сериозни компликации – оток, тромбофлебит, надворешна хеморагија, липодерматосклероза, дерматитис, пигментација на кожата или промена на бојата, индурација и улцерација. „Ре-Медика“ е лидер во венската патологија.
Долги години третманот на изборот беше хируршка лигација и стрипинг, кои се покажале како многу ефективни, но исто така поврзани со значителни модринки и болка, како и долготраен престој во болница. Во нашата установа изборот на третман е индивидуализиран за пациентот, во зависност од CEAP клиничкиот клас, возраста и присуството на коморбидитети, според кои се ориентираме кон една или комбинација од процедури за максимален оптимален ефект и избегнување на компликации.

Процедурите кои ги практикуваме се:

  • Радиофреквентна аблација (RFA) на површните и перфорантните вени
  • Венасеал клосур систем (Venaseal Closure System) на површни и перфорантни вени
  • Класичен хируршки стрипинг при екстремни случаи на венска дилатација
  • Склерозација на дилатирани трибутарни вени
  • Ласерска евапорација на проширени капилари.

Секоја од нив има докажана максимална безбедност и ефикасност во големи, рандомизирани клинички студии во Европа и во САД, чиишто резултати се достапни за проверка.

en_USEnglish