Близнаците Даријан и Деа порано ги израдуваа мама Марија, тато Роберт и бато Димитар. Се родија на почеток на 36. недела од бременоста.
– По раѓање беа сместени во инкубатор со цел постепена адаптација на новата средина и полесно надминување на транзиционите предизвици, за што се погрижи целиот педијатриски тим на Ре-Медика. Бебињата беа стабилни, без потреба од кислородна поддршка, добро напредуваа и едното веќе е дома, а друго наскоро ќе се придружи на семејството – вели д-р Христова.
– Преубаво се чувствувам. Задоволна сум од услугата, операцијата и престојот. Мојот прв син Димитар, кој има 5 години, едвај чека да стасаат дома братчето и сестричето. Всушност сите едвај чекаат. Имаме оформено цела екипа, со резервни играчи дома за помош и чување – се пошегува Марија деновиве.