Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Припрема на пациентот пред оставање на примерок за молекуларна анализа

Припрема на пациентот пред оставање на примерок за молекуларна анализа

Припремата на пациенти за земање на примерок за микробиолошко испитување е од посебно значење, бидејќи може значајно да влијае на резултатите од испитувањето. Многу е важно за молекуларни анализи да биде земен содветен примерок за анализа.

За поставување на дијагноза КОВИД-19 (за детекција на SARS-CoV-2) обавезно е земање на два бриса (назофарингеален и орофарингеален) на ист начин како за брис грло и нос за микробиолошки испитувања.

Брис од фаринкс (грло) треба да се земе наутро, пред миење на забите или земање на храна и вода. Доколку примерокот мора да се земе во текот на денот, потребно е да поминат минимум 2h од последната консумација на храна и пијалоци.

Брис од нос треба да се зема длабоко пред собирање секрет од носот.

За симптомите од горните дишните патишта за анализа се користи назофарингеален и орофарингеален брис додека за анализа на долните дишни патишта како примерок за анализа се зема спутум или БЛА. Примероците од долните дишни патишта поретко се земаат, во амбулантски услови.

За гинеколошко-уролошки анализи (Хумани папилома вирус, хламидиа, уреаплазма и миколплазма, неисериа, фемофлор и андрофор) се зема кај жени цервикален брис, а кај мажи уретрални брис. За овие анализи можен примерок е и прва утриснка урина. Соодветни брисеви се земаат во гинеколошка, односно уролошка амбуланта, од страна на стручно обучено медицинско лице.

За генетски анализи тромбофилија, фолатен метаболит како и интолеранција за лактоза, глутен, остеопороза, хипертрензија, малигни заболувања, генетска склоност кон дијабет и гојазност, промени на y хромозомот кај мажите поврзани со машки стерилитет, соодветен материјал за анализа е полна крв. Можно е да се земе материјал за анализа во било кое време од денот без претходна припрема или најава.

en_USEnglish