Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Врвен професионализам за врвна хигиена

Валентина Коркоска, одговорна на Хигиена и пералница

Врвен професионализам за врвна хигиена

Две децении имаме одлична тимска практика која се должи на нашата професионалност и на условите за работа кои ги имаме овде. Одржувањето на хигиената е по највисоки стандарди и по строги правила од кои зависи добрата хигиенска практика, а од која, пак, зависи сечие здравје, вели Валентина Коркоска, одговорна на Хигиена и пералница

Какво е вашето професионално искуство во Ре-Медика?
– Покрај стручниот медицински дел, хигиената е од витално значење за здравјето на пациентите, на медицинскиот персонал и на сите кои доаѓаат во болницата.
Јас сум вработена во Ре-Медика уште од самиот почеток и веќе две децении имаме одлична тимска практика која се должи на нашата професионалност и на условите за работа кои ги имаме овде. Одржувањето на хигиената е по највисоки стандарди и по строги правила од кои зависи добрата хигиенска практика од која, пак, зависи сечие здравје.

Како се грижите за добра организација на работата?
– За организација на работата имаме професионална процедура: Подготовка на план и методи за одржување на хигиената во работната средина, обука на вработените за хигиена и нивно организирање во смени, работно упатство за чистење и дезинфекција со најсовремени средства и машини, работно упатство за управување со отпад (комунален и медицински), препораки од Комисија за спречување на интрахоспитални инфекции за добра превентивна практика на одржување добра хигиена во болницата за спречување на интрахоспитални инфекции и евиденција на тековно чистење.

Според кои стандарди се грижите за хигиената во болницата?
– За хигиената во болницата се грижиме според светски ISO стандарди. Имаме ISO стандард за квалитет и животна средина ISO 9001:2015 и ISO стандард за медицински лаборатории МКС EN ISO 15189:2022.
Овие стандарди ни помагаат во подобрување на организацијата и услугите преку систематски пристап за контрола на квалитетот, што вклучува редовно следење и подобрување на хигиенските и безбедносни практики.

Што покажува дека работата е добро завршена?
– Долга е листата на показатели дека нашата работа е добро завршена, а ние се трудиме да ги добиеме најдобрите критики и оцени. Првата проверка е од одговорните на одделенијата, а показатели дека работата е добро завршена се: Негативни резултати од месечните контроли на Центарот за јавно здравје, негативни резултати на контролните микробиолошки брисеви кои се работат интерно во Дијагностичко-микробиолошката лабораторија на Ре-Медика, негативност на интрахоспитални инфекции, да нема поплаки од пациентите за хигиената, потоа позитивните коментари на анкетните прашалници од пациентите, како и позитивна оцена од годишниот надзор на надворешната комисија за ISO 9001:2015.
Сето ова е заслуга на посветената, професионална и одговорна работа на сите вработени од тимот Хигиена.

en_USEnglish