Елица Јорданова
Генерална директорка
Закажи преглед
На денот на здравјето во 2005 година Ре-Медика ширум ги отвори своите врати, во функција на квалитетно здравство. Особена чест и задоволство ми е да им се заблагодарам на сите за соработката во изминатиот период со надеж и желба дека и во иднина ќе продолжиме да чекориме заедно под знамето на хуманоста, професионалноста и стручноста, сѐ за благосостојба на секој човек. Довербата изразена кон нас е наш предизвик за висок професионализам, стремеж кон нови знаења и вештини кои некогаш ги надминуваат и човечките можности. Успешниот раст и развој на Ре-Медика е секако резултат на добро избран и профилиран тим на професионалци, секој во својата област. Тоа е тим кој секојдневно е ангажиран во пружање на врвни медицински услуги. Изминативе години медицинскиот персонал во Ре-Медика успеа да изгради успешен лик на медицински работник, препознатлив по хуманиот и етички пристап. Тоа е лик кој ги поседува највисоките стандарди, лик кој зрачи од задоволство, препознаен од секој наш пациент, минат, сегашен и иден. Вработените во Ре-Медика се горди на својот производ, а тоа се илјадниците пациенти кои секојдневно минуваат низ просториите и не криејќи го своето задоволство оставаат анкетни листови, мејлови и писма преполони со благодарност и пофалби упатени до вработените во Ре-Медика, кои ѝ дадоа живот на оваа болница. Сите заедно создадовме болница која им служи за пример на другите и во едно вакво несигурно време, кое го живееме сите, време исполнето со кризи, изолираност, страв од непознато, се раѓаат и живеат идеи за создавање на убави и драгоцени нешта. Нешта кои имаат хумана визија. Тоа е визијата за врвно здравство. Визијата за врвно здраство во Ре-Медика стана реалност. Имајте почит кон своето здравје и кон здравјето на Вашите најблиски, со почит кон идните генерации.
Специјалност | Генерална директорка |