Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Ре-Медика слави 20. роденден

Ре-Медика слави 20. роденден

Денеска не одбележуваме само 20 години од постоењето на нашата болница, туку и дваесет години посветеност, грижа, стручност и врвни стандардии за здравјето на нашите пациенти, вели Наташа Јорданова Мауровска, директорка во „Ре-Медика“ на денешниот роденден на првата приватна општа болница. „Ре-Медика“ на Светскиот ден на здравјето го одбележува дваесеттиот роденден и со традиционалната крводарителска акција, во која и годинава вработените, пријателите и многу хумани граѓани даруваат крв за да спасат живот. Седум години од своето професионално постоење прославува и аптеката „Данеа фарм“, која работи во состав на болницата.

– Како и секоја година, и оваа организираме крводарителска акција затоа што веруваме дека најголемиот подарок што можеме да го дадеме е надежта и животот. Благодарни сме на сите што ни се придружуваат на оваа иницијатива – рече Јорданова Мауровска.

„Ре-медика“ како здравствен систем е создадена со големо внимание и почит кон здравствените потреби на пациентите.

– Горди сме што ја исполнуваме нашата мисија да обезбедиме квалитетна и достапна здравствена услуга. Остануваме посветени на унапредување на медицинските стандарди и на воведување нови методи, за подобро здравје на нашите пациенти. Им благодариме на сите што грижата за своето здравје ни ја доверуваат нам – додаде Јорданова Мауровска.

За две децении работење бројот на персоналот во „Ре-Медика“ е тројно зголемен.

– Народот вели дека болниот има само една желба во животот, а тоа е да оздрави. Тоа се нашите секојдневни предизвици. Тоа е „Ре-Медика“, нераскинлива врска меѓу здравјето, успехот и среќата во живот. Тоа е нашата установа која со хумана мисија верно ѝ служи на заедницата. Дали сме задоволни од постигнатото? Да. Почнавме со 75 вработени, а денес броиме преку 250 редовно вработени и повеќе од 30 консултанти од разни области. И огромен број задоволни пациенти. Ние продолжуваме да ја надградуваме нашата визија за врвно здравство, како да сме на почетокот – со истиот жар, енергија и емпатија, а дведецениската доверба од пациентите е нашиот предизвик за висок професионализам и стремеж кон нови знаења и вештини – вели Елица Јорданова, генерална директорка на „Ре-Медика“.

Проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на „Ре-Медика“ и шеф на Одделот за хирургија, вели дека болницата две децении е здравствен партнер на пациентите.

– Со професионализам и со постојано стручно и технолошко надградување, „Ре-Медика“ е, и ќе биде она што треба да биде една современа болница, во вистинска смисла на зборот – додава тој.

Традиционална крводарителска акција

Крводарителската акција по повод 20-от роденден на болницата и Светскиот ден на здравјето се одржа во соработка со Црвениот крст на Општина Гази Баба и Институтот за трансфузиска медицина.
Вработените, пријателите и многу хумани граѓани уште во раните утрински часови се пријавија да даруваат крв.
Кети Јованоска, медицинска сестра одговорна на инфо-пултот e една од редовните учесници во акциите на болницата.

– Нашата болница секоја година организира добротворна крводарителска акција, а ние ја покажуваме својата хуманост на дело. Секоја година имаме се поголем број на крводарители. Со дарување на крв спасуваме живот и делуваме позитивно врз подигањето на јавната здравствена култура и свест кај останатите – вели Јовановска.

en_USEnglish