Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Наша грижа е пациентите да добиваат точни информации

Кети Јованоска, медицинска сестра одговорна на пултот за информации

Наша грижа е пациентите да добиваат точни информации

Наша цел е на пациентите да им овозможиме топол и срдечен прием за да создадеме пријатна и домашна атмосфера за време на нивниот престој во болницата. Наша грижа кон пациентите е тие да добиваат точни информации за здравствените услуги во нашата болница, точен распоред за времето на ординирање и прецизни информации кои им помагаат да се насочат на прав пат

Какво е вашето професионално искуство во Ре-Медика?
– Во Ре-Медика сум повеќе од 10 години и слободно можам да кажам дека моето професионално искуство тука е повеќе од позитивно. Најмногу поради тоа што сум опкружена со прекрасни луѓе со кои работиме и функционираме како семејство.

Како се грижите за пациентите?
– Сметам дека првиот впечаток што пациентите го добиваат е многу важен за понатамошниот тек на работата. Затоа наша цел е на пациентите да им овозможиме топол и срдечен прием, со цел да создадеме пријатна и домашна атмосфера за време на нивниот престој во болницата. Наша грижа кон пациентите е тие секогаш да добиваат точни информации во врска со здравствените услуги што ги врши нашата болница, точен распоред за времето на ординирање на нашите лекари и прецизни информации кои им помагаат на пациентите да се насочат на прав пат за да стигнат до позитивен исход при нивното лекување.

Како се грижите за добра организација на работата?
– Со оглед на тоа дека работиме во динамична средина, добрата организација на работата се сведува на добри комуникациски и организациски вештини и, пред сè, на добра тимска работа.

en_USEnglish