Медицинските сестри Николина Доневска и Фросина Христовска ја добија наградата „Најхумана медицинска сестра“ за минатата година во Ре-Медика. Првата приватна општа болница оваа награда ја доделува по повод Светскиот ден на медицинските сестри.
Mедицинските сестри и техничари во нашата болница, вистинските херои во бело, со неизмерна посветеност, грижа и љубов секојдневно го прават светот подобро место.
Врвно едуцирани, посветени во негата и лекувањето, љубезни, сочувствителни и целосно професионални значително учествуваат во унапредувањето на сестринството.
Ре-Медика изразува голема почит за нивното залагање, пожртвувана работа и грижа за здравјето на пациентите.