Породување - Ре Медика | Poroduvanje - Re Medika

ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКТОРКА - РЕ-МЕДИКА
Елица Јорданова, Генерална директорка на Ре-Медика

Елица Јорданова,
Генерална директорка на Ре-Медика

Не многу одамна поточно на денот на здравјето 2005 година, Ре-Медика ширум ги отвори своите врати, во функција на квалитетно здравство.
Особена чест и задоволство ми е да им се заблагодарам на сите за соработката во изминатиот период со надеж и желба дека и во иднина ке продолжиме да чекориме заедно под знамето на хуманоста, професионалноста и стручноста ,се за добробит на секој човек. Довербата изразена кон нас е наш предизвик за висок професионализам, стремеж кон нови знаења и вештини кои некогаш ги надминуваат и човечките можности.

Успешниот раст и развој на Ре-Медика, е секако резултат на добро избран и профилиран тим на професионалци секој во својата област. Тоа е тим кој секојдневно е ангажиран во пружање на врвни медицински услуги. Изминативе години медицинскиот персонал во Ре-Медика успеа да изгради успешен лик на медицински работник препознатлив по хуманиот и етички пристап. Тоа е лик кој ги поседува највисоките стандарди, лик кој зрачи од задоволство, препознаен од секој наш пациент, минат сегашен и иден. Вработените во Ре-Медика се горди на својот производ, а тоа се илјадниците пациенти кои секојдневно минуваат низ просториите и не криејки го своето задоволство оставаат анкетни листови, мејлови и писма преполони со благодарност и пофалби упатени до вработените во Ре-Медика, кои и дадоа живот на оваа болница. Сите заедно создадовме болница која им служи за пример на другите и во едно вакво несигурно време, кое го живееме сите, време исполнето со кризи, изолираност,страв од непознато, се раѓаат и живеат идеи за создавање на убави и драгоцени нешта.

Нешта кои имаат хумана визија.
Тоа е визијата за врвно здравство.
Визијата за врвно здраство во Ре-Медика стана реалност.
Имајте почит кон своето здравје и кон здравјето на Вашите најблиски,
со почит кон идните генерации.