Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Чувството дека сме помогнале е нашата најголема гордост

Проф. д-р Весна Петреска-Дуковска, ОРЛ-хирург

Чувството дека сме помогнале е нашата најголема гордост

Чувството кога ги гледаме пациентите како напредуваат во лекувањето, како закрепнуваат и како продолжуваат да живеат подобро, како и благодарноста од нив и нивните семејства се најголема награда за професионализмот и стручноста кои ние ги негуваме во Ре-Медика

Долги години сте дел од првата приватна општа болница во Македониіа. Што значи за вас да се биде дел од високо професионален тим каков што е тимот во Ре-Медика?
– Да се биде дел од високо професионален тим претставува чест и задоволство, особено да се биде со тим кој има високи стандарди и способности. Нашиот тим се карактеризира со високо ниво на стручност, искуство, постојано надградување и компетенција во својата област. Затоа нашиот тим може да се опише како тим кој работи по највисоки стандарди и постигнува одлични резултати, за што сведочат многубројните препораки од нашите пациенти.

Кои се најновите иновации и технологии во ОРЛ-хирургијата кои ги користите во вашата работа и кои се вашите стратегии и методи во хируршките процедури?
– Оториноларингологијата (ОРЛ) е специјалност која постојано се развива благодарение на иновациите во доменот на медицинските технологии и хируршките методи. Иновациите на ова поле подразбираат подобрување на дијагностиката, третманот и хируршките процедури, што резултира со многу поголема ефикасност, а многу помала инванзивност.
Во секојдневната практика на нашиот тим се користат голем дел од иновациите во ОРЛ-хирургијата, како што се минимално инвазивните хируршки техники и ендоскопијата.
Минимално инвазивните хируршки техники се постигнуваат благодарение на современата ласерска технологија, и заедно со ендоскопијата, се користат за различни состојби, како што се третман на бенигни и малигни заболувања (полипи и туморски формации во носот и грлото), третман за слип апнеа и уште многу други состојби. Со тие ласерски и ендоскопски технологии, што се дел од нашата практика, ткивата се отстрануваат со минимална инванзивност, закрепнувањето е побрзо, а успехот во намалувањето на постоперативните компликации е голем.

Најголемата гордост за нас доаѓа од чувството дека сме му помогнале на пациентот. Тоа значи спасување живот или подобрување на квалитетот на живот

Со какви сèсостојби и заболувања се соочувате во вашата работа во Ре-Медика?
– Во оториноларингологијата постојат многу болести кои влијаат на ушите, носот, грлото, главата и вратот. Од болестите на ушите начест е отитис, односно воспаление на увото, а од болестите на носот најчести се ринитис, синуситис, полипи и девијација на носната преграда. Од болестите на грлото најчесто се среќаваме со ларингитис, тонзилитис и малигни тумори на грлото, а од болестите на главата и вратот најчести се туморите, слип апнеата, цервикална лимфаденопатија и хипертрофија на крајниците. Сите овие состојби бараат различни третмански пристапи, кои можат да вклучуваат медикаментозна терапија, хирурушка интервенција или други специфични методи во зависност од сериозноста и типот на заболувањето.

Со што најмногу се гордеете?
– Најголемата гордост за нас доаѓа од чувството дека сме му помогнале на пациентот. Тоа значи спасување живот или подобрување на квалитетот на живот. Помагањето на пациентите да ја добијат битката со тешки болести, да преживеат сериозни операции или да се ослободат од хронична болка е една од најголемите сатисфакции.
Сакам да го потенцирам и градење на доверба кај пациентот, што за нас значи многу, бидејќи кога пациентот ќе ни го довери своето здравје, тоа е признание за нашата посветеност и професионалност.
Од друга страна, чувството кога ги гледаме пациентите како напредуваат во лекувањето, како закрепнуваат и како продолжуваат да живеат подобро, како и благодарноста од нив и нивните семејства за нас се најголема награда.
На крајот, најголемата гордост на лекарот е чувството дека помогнал луѓето да имаат подобро здравје и поквалитетен живот.

Ре-Медика годинава одбележува 20-годишен јубилеј. Колку сте задоволни од досегашната работа и од постигнатото?
– Задоволството од досегашната работа и од постигнатото е многу важно, бидејќи да се биде лекар носи големи одговорности и предизвици. Тоа задоволство се одразува и кај личниот и кај професионалниот раст. Тоа задоволство е и во чуството на исполнетост кога гледате дека пациентот е излекуван и задоволен, а неговата благодарност ви потврдила дека секој труд се исплати. Задоволството е и во градењето на доверба кај пациентите, градењето на почит во тимот, а секако и во придонесот што го даваме во заедницата, па и во наградите и признанијата што ги добиваме за нашата професионалност, посветеност и знаење.
Во сето ова лежи нашата мотивираност да се продолжи со посветената работа и да се постигнуваат нови височини во кариерата, што ќе резултира со подобри здравствени услуги и подобро здравје.

en_USEnglish