Чест е да се биде дел од овој колектив
Прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед и шеф на Одделот за дијагностика
Чест е да се биде дел од овој колектив

Среќни сме што овој јубилеј, две децении Ре-Медика го пречекуваме како болница што е препознаена особено од нашите пациенти и што за овие изминати години нашиот квалитет континуирано расте. Чест е да се биде дел од овој колектив, вели прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед и шеф на Одделот за дијагностика
По две децении работа на Ре-Медика, како шеф на Одделот за дијагностика, можете ли да направите мал рекапитулар на тоа како се менуваше и напредуваше одделот во овој период?
– Одделот за дијагностика е комплексен оддел кој опфаќа амбулантно-дијагностички постапки од повеќе медицински дејности. Тука се вклучени интернистички, кардиолошки, хируршки, ортопедски, оториноларинголошки, ендоскопски, дерматолошки, невролошки, уролошки прегледи. Кон овој оддел се приклучени и биохемиската и микробиолошката лабораторија, рендген кабинетот и ординацијата за физикална медицина и рехабилитација.
Во овие 20 години, одделот ги прошири своите дејности во поглед на проблематиките кои ги обавува, но и кадровски сè со цел да одговори на барањата на пациентите и да обезбеди квалитетни медицински услуги.
Сметам дека одделот порасна, ја зголеми својата работа и стана релевантен фактор во нашиот здравствен систем.
Како го доживувате јубилејот на болницата?
– Среќни сме што овој јубилеј го пречекуваме како болница што е препознаена особено од нашите пациенти и што за овие изминати години нашиот квалитет континуирано расте. Мислам дека е чест да се биде дел од овој колектив.
Што значи да се води оддел за дијагностика и што сè е потребно од аспект на опременост и екипираност за да се одговори на предизвиците?
– Одделот е комплексен и опфаќа многу разновидни медицински области. Неговото оптимално функционирање бара соодветен кадар и секако опрема која вклучува современи дијагностички процедури. Токму затоа успеваме да одговориме на барањата на нашите пациенти.
Следењето на најновите достигнувања во медицината е еден од приоритетите за квалитетна здравствена услуга. Како Ре-Медика и одделот што го водите ја поддржуваат и промовираат континуираната едукација и развој на кадарот?
– Квалитетната здравствена услуга подразбира редовна и континуирана едукација на кадарот, што подразбира посети на стручни настани, воведување на современи методи на дијагноза и лекување, но и академски напредок на кадарот, на што сме особено горди.
Како се грижите за беспрекорно функционирање на овој голем оддел?
– Одделот за дијагностика е голем и за негово успешно функционирање е неопходна добра организација и добра соработка на сите негови чинители. Сметам дека успешно функционираме на наше задоволство и на задоволство на наште пациенти.