Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

Д-р Симонида Котларова-Попоска, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство Вашето здравје е наш приоритет Во моето искуство, успехот во оваа работа не се мери само со бројките, туку и со емоционалниот и професионален напредок што го постигнуваат и пациентите и персоналот. Постигнувањето на оваа хармонија значи дека одделот успешно функционира и продолжува да се развива, вели д-р Симонида Котларова-Попоска, гинеколог-акушер и шеф на Одделот за гинекологија и акушерство во Ре-Медика. Нејзината порака до пациентите е едноставна, но искрена: „Вашето здравје е наша најголема грижа, и ние сме тука за вас за да ви обезбедиме најдобра можна грижа, поддршка и третман“Две години

М-р Зоран Николовски, шеф на Оперативен блок и раководител на средномедицинскиот кадар Нашата успешна мисија е задоволни пациенти Убаво е навраќањето наназад, ни покажува колку сме пораснале. Растот се гледа и преку бројот на персонал и преку бројот и типот на успешни интервенции. Сето ова се должи на напорот кој го вложуваме и препознавањето на нашите добри намери од страна на пациентите. Во нашата работа не се дозволени пропусти, затоа и се грижиме сè да тече беспрекорно, вели м-р Зоран Николовски, шеф на Оперативен блок и раководител на средномедицинскиот кадар во Ре-МедикаВо Ре-Медика сте од првиот ден на нејзиното работење. Како

Доц. д-р Наташа Теовска-Митревска, дерматовенеролог Се гордеам кога името на Ре-Медика стои до имињата на дерматолошките светски центри Во секојдневната практика, кога ги применуваме најдобрите и најновите медицински методи и алатки, гледам како пациентите добиваат видливи и успешни резултати, што ме исполнува со гордост и задоволство. Секој напредок што го постигнуваме како тим е доказ за важноста на примена на светските стандарди кои треба да бидат достапни за секој пациент, без разлика на неговата локација, вели доц. д-р Наташа Теовска-Митревска, дерматовенеролог во Ре-Медика Какво е вашето професионално искуство во првата приватна општа болница Ре-Медика?- Во изминатите 20 години работам како дел од тимот на првата

Кети Јованоска, медицинска сестра одговорна на пултот за информации Наша грижа е пациентите да добиваат точни информации Наша цел е на пациентите да им овозможиме топол и срдечен прием за да создадеме пријатна и домашна атмосфера за време на нивниот престој во болницата. Наша грижа кон пациентите е тие да добиваат точни информации за здравствените услуги во нашата болница, точен распоред за времето на ординирање и прецизни информации кои им помагаат да се насочат на прав патКакво е вашето професионално искуство во Ре-Медика?- Во Ре-Медика сум повеќе од 10 години и слободно можам да кажам дека моето професионално искуство тука е повеќе

Проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, ОРЛ-хирург Нашиот стремеж е систем кој одговара на иднината Она што нас нè прави препознатливи и успешни е тоа што секогаш се стремиме кон подобро, а услов за тоа се постојаната едукација, најновите технологии и современиот и срдечен пристап кон секој пациент. Тоа се методите кои се нашата водилка, вели проф. д-р Ѓорѓи Оровчанец, оториноларинголог-хирург Две децении, вие и тимот за ОРЛ-хирургиjа, сте дел од Ре-Медика, дел од нејзината модернизациіа, нејзиниот успех. Коjа е формулата да се биде дел од најдобрите?- Да се биде дел од најдобрите значи да се истакнеш меѓу најуспешните во некоја област, а за да

Д-р Наде Петановска, радиодијагностичар, шеф на Одделот за радиологија Прекрасно е кога ја чувствувате поврзаноста со пациентите Со задоволство можам да кажам дека работам со компактен тим кој е исклучително стручен во својата работа. За сето тоа така да функционира заслужни сме сите ние, но и атмосферата на соработка и професионалниот однос во целата болница, радиолошки технолози со едукација и долгогодишно искуство во работата, вели, д-р Наде Петановска, радиодијагностичар, шеф на Одделот за радиологијаКако Одделот за радиологија придонесува за целокупниот успех на болницата и грижата за пациентите?- Основата на дијагностичкиот оддел на секоја болница е радиолошкиот дел. Во нашата болница, радиолошкото одделение постои

Наградата „Најхумана медицинска сестра“ ја добија Николина Доневска и Фросина Христовска Медицинските сестри Николина Доневска и Фросина Христовска ја добија наградата „Најхумана медицинска сестра“ за минатата година во Ре-Медика. Првата приватна општа болница оваа награда ја доделува по повод Светскиот ден на медицинските сестри.Mедицинските сестри и техничари во нашата болница, вистинските херои во бело, со неизмерна посветеност, грижа и љубов секојдневно го прават светот подобро место.Врвно едуцирани, посветени во негата и лекувањето, љубезни, сочувствителни и целосно професионални значително учествуваат во унапредувањето на сестринството.Ре-Медика изразува голема почит за нивното залагање, пожртвувана работа и грижа за здравјето на пациентите.

И по 20 години го имаме истиот жар како сега да почнуваме Две децении подоцна продолжуваме да ја надградуваме нашата визија за врвно здравство, како да сме на почетокот - со истиот жар, енергија и емпатија, а дведецениската доверба од пациентите е нашиот предизвик за висок професионализам и стремеж кон нови знаења и вештиниРе-Медика почна да ја реализира својата визија за врвно здравство на 7 април 2005 година, на Светскиот ден на здравјето. Тогаш го почнавме она по што и денес сме препознатливи - градење успешен лик на врвна медицинска установа и лик на медицински работник препознатлив по стручниот, хуманиот и

Проф. д-р Зоран Петановски, гинеколог-акушер, шеф на Одделот за ИВФ Ние сме уникантни во понудата, она што го работиме е привилегија во медицината Пациентите ни веруваат, се чувствуваат безбедно, сигурно и пријатно во нашата болница. Тука направивме и модерен центар за инвитро фертилизација кој испорачува висок процент на успех, а тоа се бременоста и раѓањето на детето како врв на сите наши заеднички напори, вели проф. д-р Зоран Петановски, гинеколог-акушер, шеф на Одделот за ИВФ и додава: „Горд сум што денес имаме одлични тимови на млади луѓе кои се иднината на центарот“Вие сте сведок и директен учесник во растот и развојот на

Проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на Ре-Медика Дваесет години доверба е чест и поттик Две децении сме здравствен партнер на нашите пациенти. Со професионализам и со постојано стручно и технолошко надградување Ре-Медика е и ќе биде она што треба да биде - една современа болница, во вистинска смисла на зборот, вели проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на Ре-Медика и шеф на Одделот за хирургијаКако медицински директор, Ре-Медика ја водите околу две години. Како се чувствувате по повод прославувањето на 20-годишнината на болницата?- Иако две години се наоѓам на местото медицински директор, веќе осум години сум дел од Ре-Медика и ми претставува

en_USEnglish