За прв пат во нашата земја и регионот, во Ре-Медика, направена е најкомплицираната лапароскопска уролошка операција, Радикална цистопростатектомија и деривација на урината по Брикер.

Исто така, се направи и лапараскопска уретеро-пиело-пластика за прв пат кај дете на возраст од две години.

 

Разговаравме со д-р Александар Мицковски, хирург-уролог и д-р Зоран Крстаноски, уролог во врска со овие сложени интервенции. Прочитајте повеќе во продолжение:

 

На тема: Лапароскопска радикална цистектомија

  1. Што опериравте?
    Опериравме пациент кај кој беше докажан рак на мочниот меур и според патохистолошкиот наод и направените сликовни дијагностични процедури (КТ на градеш кош, абдомен и мала кралица) беше поставена индикација за радикална цистектомија со инконтинентна деривација на урината по Bricker.
  2. За каков карцином се работеше и како се дијагностицира?
    Туморите на мочниот меур потекнуваат најчесто од преодниот епител. На 100.000 луѓе летно заболуваат од овој карцином 9 машки и 2.2 женски. Или според инциденца кај машките е на четврток место од сите карциноми со 6% инциденца, а кај жените е на 10 место со инциденца од 2%. Во Западна Европа има 151.200 новооткриени пациенти со овој рак. За среќа 75% од новооткриените случаи имаат површински рак односно не е зафатена мускулатурата на мочниот меур и со тоа не може да даде метастази.
  3. Која е причината за појава на овој рак?
    На прво место е пушењето, чадот од цигари содржи ароматични амини и полициклични ароматични хидрокарбонати кои се излачуваат преку бубрезите. Потоа се јавуваат кај луѓе што работат во хемиската индустрија без заштита. Пиење на хлорирана вода (заради трихалометани), присуство на арсен во водата за пиење, испоставеност на зрачење, паразит шистозомијада кој го има во Северна Африка, кај пациенти кои добиваат хемотерапија – Cyclophosphamid.
  4. Кои се најчести симптоми кои би укажале на оваа болест?
    Најчесто е присуство на крвава мокрача, но безболна. Тоа е многу важно пациентите да не го занемаруваат овој знак бидејќи многу често се случува, еднаш да измократ крвава мокрача, а потоа неколку месеци да имаат бистра мокрача.
  5. Како го дијагностициравте Tu кај пациентот?
    Пациентот имал крвава мокрача, му направиле UV на уринарен тракт каде бил увиден Tu, а потоа му направиле цистоскопија, каде туморот се докажал и визуелно. Веднаш по овој протокол следеше операција TUR TU (трансуретрална ресекција на туморот), односно ендоскопска операција каде го изресециравме Tu. После операцијата, добивме PH резултат кој покажа дека се работи за мускулно инвазивен тумор на мочен меур (тумор кој може да даде метастази). Правилно според смерниците на Европската уролошка асоцијација е да во ваков случај мокрачниот меур (бешика) треба да се отстрани во рок од 8-12 недели од поставувањето на дијагнозата.
  1. Во што е посебноста на операцијата што ја направивте?
    Операцијата радикална цистектомија со деривација на урината рутински се изведува на класичен начин (со сечење) и тоа не е ништо погрешко ако квалитетно се прави. Ние ја изведовме операцијата со минимално инванзивна методода операција преку дупчиња 5x т.е. направивме лапароскопска радикална цистектомија, лимфаденектомија, изолирање на тенкоцревна вијуга за деривација на урината и реанастомоза на цревата, се преку дупчиња од 5-10 mm. Предноста е да пациентот нема рана. Многу подобро ги гледате сите структури и со тоа има помалку крварење или воопшто нема. Цревата не ги малтретирате во тек на операцијата и после операцијата перисталтиката се воспоставува многу побрзо. Постоперативно пациентот има помалку болка и изгледа свежо. Веќе наредниот ден скоро самостојно оди.Во западниот свет тренд е на ваков начин да се оперираат пациенти со вакви дијагнози, но повторувам воопшто не е погрешно ако квалитетно се изведува класичниот начин на операција. Операцијата траеше 5.5 часа, но треба да се земе предвид дека тоа прв пат тука се направи. Инаку во мојот матичен центар времетраењето на ваква операција трае околку 4 часа.

 

На тема: Лапароскопска PU ластика

Истиот ден направивме уште една операција која во Македонија за прв пат е изведена на ваков начин. Опериравме две годишно дете, кај кое уште интраутерино (уште во текот на бременоста кај мајката) на UZ била дијагностицирана хидронефроза (проширување на каналниот систем) на левиот бубрег.

 

  1. Зошто имаше проширување на каналниот систем на бубрегот?
    Тоа се обично вродени аномалии на почетниот дел од уретерот. Најчести причини се вкрстуваат крвни садови од долниот пол на бубрегот кои што го притискаат уретерот, стенози на PU сегментот, висок припој, отсуство на ганглион во PU сегментот и со тоа нема перисталтички бран за да урината оди надолу. Како и да е, состојбата кај детето се следела, што е најважно дека немал чести инфекции на бубрегот, кои се главната причина за намалување на работата на бубрегот т.њ. негова атрофија.  Ако не би се оперирало со тек на време заради заостанување на мочката во бубрегот и со тоа последователно расте интрареналниот притисок внатре во бубрегот се намалува паренхимот  (ткивото кое произведува мочка) и бубрегот станува како вреќа т.е. престанува со работа.
  1. Што направивте вие и во што се разлика вашата операција?
    Детенцето го опериравме со минимално инвазивна метода т.е. лапароскопска PU пластика. Преку 4v дупчиња од 5мм секое, стигнавме до стенозата на PU сегментот. Стенозата ја отстранивме (екцидиравме) и потоа одново со широка анастомоза го поврзавме пиелонот на бубрегот со почениот дел на уретерот. Овие операции се изведуваат на класичен начин со сечење.
  1. Која е предноста на оваа оперативна метода
    Во тек на операцијата сè гледате перфектно со зголемување (заради оптиката). Скоро е бескрвно. После операцијата пациентите скоро да немаат болки. Детенцето веќе наредниот ден од операцијата стана и си играше, а вториот ден си замина дома, без дрен, катетер, само со 4 мали рани на кожата.
Leave a reply