За првпат во Македонија, пациентите ќе имаат можност во нашата болница Ре-Медика да направат TRICHOTEST, единствен генетски тест за кој по добиените резултати ќе добијат персонализиран третман за губиток на коса.

Губењето на коса (алопеција) е прогресивна состојба која има различни форми и причини. Најчестиот тип на губење на косата, познат како андрогена алопеција е наследна. Ако не се лекува, губењето на косата обично напредува со текот на времето.

TRICHOTEST анализира 13 гени и 48 генетски варијации поврзани со алопеција. Генетскиот тест е заснован на најсовремена технологија на ДНК анализа.

Резултатите на овој тест овезбедуваат персонализирано решение за третман од 175 милиони терапевтски алтернативи.

 

Со TRICHOTEST се анализира:

  • Метаболизам на простагландини,
  • Воспаление,
  • Андроген ефект,
  • Вазодилатација и циркулација на крвта,
  • Синтеза на колаген,
  • Метаболизам на витамини и минерали,
  • Метаболизам на фактор на раст сличен на инсулин.

 

TRICHOTEST е индицирано да се користи кај:

  • Секој кој сака да провери како нивната генетика влијае врз третманот на алопеција,
  • Пациенти со семејна историја на алопеција,
  • Мажи и жени кои пробале различни третмани со мал или никаков успех.

 

Закажете медицинска услуга на нашите телефони: 02 2603 100 и 072 443 200.

Leave a reply