Управувањето со третманот на неплодноста на жените кои сакаат да станат мајки и на двојки кои сакаат да станат родители е професионална и хумана цел на нашиот тим во Центарот за асистирана репродукција и фертилизација (ИВФ). Тоа секако подразбира ефикасно и емпатично да им се помогне на пациентите во секоја фаза од процесот на лекување – следење на целокупниот третман со советување и третирање на самите пациенти и нивната најблиска околина. Наша задача е и да се помогне да ја совладаат медицинската терминологија и помош при административните постапки кои знаат да бидат опфатни. Да се едуцираат пациентите за начинот на апликација на нивната терапија и понуда на сите расположливи третмани со позитивни и негативни искуства од истите. Исто така се грижиме да се истражува за најновите распложливи репродуктивни технологии кои се во интерес на пациентите за олеснување на третманите низ кои поминуваат. Потребни се многу енергија, време и правилна насока на двојките кои се соочуваат со третманот на неплодност, посебно со двојките или самохраните мајки во нивната одлука за донирани гамети. Се разбира, поради огромната желба за остварување на двојката како родители или на самохраниот родител, тие понекогаш и не се свесни за потецијалната енергија што ја поседуваат за да не изгубат надеж да продолжат понатаму. Ние подготвивме десет најчесто поставувани прашања кои ќе ви помогнат да се подготвите и да знаете што да очекувате за време на првата посета во нашата здравствена установа. Сите прашања во врска со вашиот третман ќе бидат одговорени од координатор, лекар-специјалист за асистирана репродукција, медицинска сестра и од ембриолог. Тимски ќе се пристапи кон решавање на сите ваши нејаснотии.

1. Какви промени во животниот стил треба да направам за да ги подобрам моите шанси за успех со третманот на плодност?

Потребно е, пред сè, да се грижите за вашето ментално и физичко здравје. Секогаш да се трудите да останете позитивни во вашето опкружување и секојдневие. Редовни прегледи и контроли со кои ќе бидете сигурни дека сте целосно здрави.

2. Што треба да направам за да се подготвам за првичните консултации?

Откако ќе биде потврден вашиот состанок, може да ја подготвите документацијата која е поврзана со вашето здравствено осигурување и претходните медицински досиеја.

3. Дали е потребно да се направат тестови пред мојата консултација?

Доколку е можно, би било добро да имате неколку тестови пред вашата почетна посета, вклучувајќи: наод од вагинален ултразвук и лабораториски испитувања (FSH, E2, LH, Prolactin, TSH, AMH).

4. Кога и зошто сме пациенти за донорска програма?

Асистираните репродуктивни техники со донорски јајце-клетки се препорачуваат кај двојки каде што жените се соочуваат со проблеми од различен тип како: хормонални нарушувања, прерана менопауза, ендометриоза, имунолошки фактори, генетски или хромозомски аномалии, слаб квалитет на јајце-клетки, како и кај жени кои во минатото биле подложни на хемотерапија. Донацијата на јајце-клетки е анонимна за донорот и за реципиентот.

Tехниките на асистирана репродукција со донирани ембриони се предлагаат кај двојки кај кои двајцата, мажот и жената, имаат гамети (јајце-клетки и сперматозоиди) кои се со многу слаб квалитет, при што кај нив не може да настане оплодување од различни причини. Овие ембриони се создаваат од донирани сперматозоиди и донирани јајце-клетки. Се предлагаат на двојки кај кои и двајцата партнери се соочуваат со инфертилитет.

За пациентките без партнер кои сакаат да основаат семејство, една опција е донор на сперматозоиди додека другата е ембрио донација, особено кога квалитетот на јајце-клетките е послаб или кога пациентката нема јајце-клетки. Ова особено кај пациентки кои се повозрасни, над 45 години. Кај нив единствен услов е матката да под- држува бременост.

Асистираните репродуктивни техники со донорски сперматозоиди се предлагаат кај двојки кај кои е дијагностициран апсолутен машки стерилитет (azoospermia), кога постои ризик од генетско преносливи болести на идното потомство, како и кај жени без партнер. ПЗУ „Ре-Медика“ соработува со „Фрст ег банк“ (First egg bank), регистрирана во Киев, Украина и со „Еу- ропиан сперм банк“ (European sperm bank) регистрирана во Данска.

Замрзнување на јајце-клетки во нашата болница се изведува со методата на брзо замрзнување, односно витрификација која дава најдобри резултати на преживување на клетките.

Замрзнувањето јајце-клетки е ва- жна метода на криопрезервација кај: пациентки со канцер; пациентки кои сакаат да го пролонгираат мајчинство- то; пациентки со намалена оваријал- на резерва.

5. Дали Фондот за здравствено осигурување финансиски ја покрива целокупната инвитро постапка?

По првичните консултации ќе се разјаснат опциите за пакетите што ви се достапни. Ние сакаме да бидете целосно удобни со трошоците и со временската рамка на трошоците поврзани со вашиот план за лекување. Целокупната инвитро постапка финансиски е покриена од страна на Фондот, со делот на оваријалната контролирана стимулација со гонадотропини (30). Доколку се надмине бројката од 30 ампули, тие се на финансиски товар на пациентите, а исто така и инвитро постапката во случај на донирани полови клетки, каде што од страна на пациентите е финансирана само донацијата.

6. Дали тестовите ќе бидат спроведени за време на првичните консултации?

Врз основа на горенаведените резултати вашиот лекар ќе утврди дали треба да се изврши тестирање или ултразвук за време на вашата прва посета.

7. По дијагностицирање при првата посета, за колку време ќе започне третманот?

Третманот може да започне веднаш штом информациите за лекарот се доволни за да се дадат јасни препораки за процесот што ве очекува. Честопати во рок од еден циклус (приближно еден месец).

 8. Кој е процесот на набљудување за мојот третман?

Стандардниот процес за следење за време на третманот вклучува ултразвук и лабораториски испитувања на неколку дена за време на следење на индукцијата на овулација (10-14 дена).

9.Кој друг, покрај мојот лекар, може да очекувам да го следи моето лекување?

Поради индивидуалниот пристап кон инвитро третманот на секој пациент поединечно, одбраниот лекар ќе го започне, следи и заврши третманот.

10. Дали постои возрасно ограничување за спроведување на определениот метод?

Не постои возрасно ограничување, но треба да се има предвид дека кај жена над 40 годишна возраст успешноста е значително намалена, што НЕ значи дека можност за успех нема. Секогаш треба да се следат советите од лекарите.

Leave a reply