Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7 ми април 2005 година.
+389 72 443 200

Поврзани новости

+389 72 443 200
Секој ден - 24/7 16-та Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје
Д-р Кристина Алексиќ
Општа медицина
Закажи преглед
Ние сме тука за тебе

Закажи преглед

Ре-Медика е современа и модерна приватна болница. Основана е на 7 април 2005 година, по светски стандарди, за прв пат имплементирани во една општа болница на нашите простори.

Стручниот тим на Ре-Медика пружа медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Медицинскиот тимо во болницата е со напредни вештини во третманот и дијагностицирањето на состојбите, секој во своите области. Неговите членови се пријатни, сочувствителни и со добар однос кон пациентите, за време на престојот и надвор од него. Ре-Медика има развиен систем на континуираната едукација, а тоа е едно од врвните начела во нашата болница. Болница се има изградено како фамилијарна болница во која грижата за пациентите не се состои само во делот на изведувањето на интервенциите или дијагностиката.

Специјалност Општа медицина
Образование Медицински факултет - Скопје, доктор на медицински науки, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”

Работно искуство

Стручни вештини

Добри комуникациски вештини, самоиницијативност, љубезност и професионален однос во работењето во мултиетничка средина, стекнати низ работата како студент по општа медицина на Одделот за Педијатрија, Гази Универзитет, во Анкара – Турција, работа во Ургентен Центар, домашна посета, работа во смени и дежурства во ПЗУ Општа Болница Еуроиталиа во Скопје и ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје”, обука како доктор на медицина во Централната медицинска лабараторија Рамус во Софија, и работа во тим во примарна здравствена установа- ординација по општа медицина ПЗУ Дексион Мед Скопје и ПЗУ Прима-мед Скопје. 

Сертификати

  • Сертификат на тема „Актуелни предизвици во третманот на алергии“, 6.3.2024 година.
  • Сертификат на тема „Микробиологија како предизвик”, 18.12.2023 година.
  • Сертификат на тема „Препораки за подобрување за националната стратегија за превенција од рак на грло на матка”, 5.12.2023 година. 
  • Сертификат на тема „Антимикробна резистенција – глобален проблем со многу лица. —Важноста на пробиотиците во целокупното здравје”, 28.11.2023 година.
  • Сертификат на тема „Гастроезофагеална рефлуксна болест – причина за хронични респираторни симптоми”, 11.11.2023 година. 
  • Сертификат на тема „Акните како медицински и психолошки проблем – терапија согласно препораките за успешен третман”, 20.09.2023 година.
  • Сертификат на тема „Кога е болката во прашање се е важно”, 14.03.2023 година.
  • Сертификат на тема „Хиперлипидемија од нови предизвици до современ третман”, 06.3.-12.3.2023 година. 
  • Сертификат на тема „Современ тераписки пристап при третман на астма и ХОББ”, 21.03.2022 година.
  • Сертификат на тема „Рана дијагностика и третман на болка во крстот”, 14.10.2022 година. 
  • Сертификат на тема „Во името на хуманиот микробиом”, 22.10.2022 година.
  • Сертификат на тема „Превенирање, откривање и лекување на хронична бубрежна болест”, 28.10.2021 година. 
  • Сертификат на тема „Vessels Seminar”, 2-3.09.2022 година.
  • Сертификат на тема „Горно респираторни инфекции”, 29.3.2022 година.
  • Сертификат на тема „Ковид 19: Што научивме и колку сме спремни?”, 4, 5 и 6 март.2022 година
  • Сертификат на тема „Имуногенетика на Ковид” 19 04.12.2021 година. 
  • Сертификат на тема „Значењето на имунизацијата  во процесот на превенција на заразните болести”, 30.11.2021 година. 
  • Сертификат на тема „Нови аспекти во третманот на горно респираторните инфекции”, 10.11.2021 година. 
  • Сертификат на тема „Laboratory Medicine Update 2021″, 27.10.2021 година. 
  • Сертификат на тема „Фармакотерапија на депресија и Алцхајмерова деменција во текот на пандемијата”, 30.10.2021 година

Дополнителна едукација

  • Од 1.7.-25.7.2014 година, Professional exchange programme in the department of Pediatry, at the Gazi University –Ankara, Turkey, according to the regulations of the Standing Committee on Professional Exchange of the International Federation of Medical Students’ Associations.
  • Од 15-17 мај, 2014 година, Skopje, Macedonia, Certificate in recognition of the successful completion of Training on VOLUME B: Elements of Psychosocial Treatment, in the framework of the UNODC-WHO Joint Programme on Drug Dependence Treatment and Care.
  • Од 1.2.2021 година до 1.04.2021 година, обука како доктор на  медицина во Централната медицинска лабараторија Рамус во Софија, во изработка на PT PSR test SARS CoV 2 тестови и Rapid AG test Panbio SARS CoV 2 тестови за Ковид-19 од биолошки материјал од назофарингеален секрет. 
  • Обука за лекарите од примарната здравствена заштита, спроведување на СЗО Акциска програма за ментално здравје во Северна Македонија (mhGAP), модул за ментални и бихевијорални нарушувања кај деца и адолесценти, 2023 година. 
  • Потврда за работа со комјутерски програми за канцелариско работење, 7.5.2021 година

Членство

Странски јазици

Публикации

en_USEnglish