
Во последниве години, многу истражувачи се фокусираа на можните фактори што доведуваат до машка неплодност, при што се открило постоење на многу клеточни и молекуларни дефекти при создавање и созревање на сперматозоидите. Овие дефекти влијаат на бројот и структурата на сперматозоидите и ја намалуваат способноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката.
Нормална мотилност претставува подвижност на сперматозоидите кои што се движат (пливаат) во права насока . Ова игра клучна улога во репродуктивното здравје на мажите, бидејќи спермата треба да ја оплоди јајце клетката во матката , поточно сперматозоидите треба да испливаат до јајцеводите на жената . Ако спермата не е во можност да се движи правилно, тогаш забременувањето и зачнувањето по природен пат може биде проблем. При ИВФ (in vitro fertilization) или ICSI (intracytoplasmic sperm injection ) мотилноста на сперматозоидите е важна поради тоа што е потребно сперматозоиди кои се живи и се инјектираат директно во јајце клетката.
Подвижноста се евалуира со помош на анализа на сперма каде што се определува :
- Процент на мотилност – Определува колкав процент од сперматозоидите во ејакулатот се подвижни.
- Процент на мотилна концентрација – Ова ни кажува колкав процент на сперматозоиди се движат при едно мерење на ејакулатот, обично мерено како милиони сперматозоиди на милилитар.
- Вкупен број на подвижни сперматозоиди – Број на сперматозоиди кои се подвижни во примерокот. За овој број се вели дека е најрелевантен за одредување на плодноста кај мажите.
- Просечна брзина- Ова ни кажува за брзината со која се движат сперматозоидите. Брзината се мери во микрони во секунда.
Постојат два вида на мотилност:
- Прогресивна – каде што движењето на сперматозоидите е праволиниски или во големи кругови
- Непрогресивна – каде што движењето не е праволиниско
Степен на мотилност на сперматозоидите
Претставува колку добро се движат (во просек) сперматозоидите. Примарната разлика што секогаш треба да се има во предвид при проценка на степените за подвижност е колку од сперматозоидите имаат „прогресивна“ подвижност, што значи дека имаат добро движење во права насока. Сперматозоидите што се движат во место (не се движат напред) нема да можат да пливаат до јајцеводите до местото каде што се случува оплодувањето со јајце клетките.
Детална анализа на спермата ја категоризира подвижноста на спермата во следниве степени :
- Степен А – Тие се брзи прогресивни сперматозоиди кои пливаат брзо во права насока.
- Степен Б – Тие се бавни прогресивни сперматозоиди кои се движат напред, но во неправилна линија или побавно.
- Степен Ц – Тие се непрогресивни сперматозоиди кои можат да ги движат опашките, но не можат да се движат нанапред.
- Степен Д – Овие сперматозоиди се неподвижни и воопшто не се движат.
Доколку мотилноста спаѓа во Степен Ц и Д се смета дека тестисите произведуваат неквалитетни сперматозоиди кои не функционираат нормално, каде што многу е тешко да се постигне успешна природна бременост во овие случаи.
Што преставува Asthenozoospremia ?
Asthenozoospermia е медицински термин кој се користи за намалена подвижност на сперматозоидите во семенскиот примерок.Потекнува од грчкиот збор astheno што значи слабост и zoospermia- присуство на сперматозоиди.
Според Светска Здравствена Организација (WHO) оваа состојба се дијагностицира кога е намалена мотилноста на сперматозоидите и изнесува под 50% во 1мл на семенски материјал, или ако прогресивниот мотилитет на сперматозоидите е намален под 25%. Asthenozoospermia е најчест проблем што се јавува кај мажите поради тоа што спрематозоидите не можат да ја оплодат јајце клетката.
Најчести причини се варикоцела, инфекции на семенскиот тракт, проблеми со тестисите, лоши навики во исхраната, пушење, прекумернаупотреба на алкохол, кафе или тутун (или опојни дроги како што се кокаин и марихуана), изложеност на токсични агенси како растворувачи или инсектициди, возраста (подвижноста на сперматозоидите се намалува откако мажот ќе достигне 45 години), онколошки (карциномски) третмани како што се хемотерапија и радиотерапија, продолжена изложеност на топлина во автомобили, сауни или топла кади.
Тешка астенозооспермија се карактеризира со тотална или многу висока неподвижност на сперматозоидите. Целосната неподвижност на сперматозоидите е поврзана со генетско нарушување, клеточни и молекуларни фактори кои влијаат на функционалноста на опашката (flagella) и др.
Дијагностицирањето се одвива со помош на спермограм, анализа која можете да ја направите во нашата андролошка лабораторија. За сите подетални информации можете да не посетите и ние како тим ќе се погрижиме за вас и вашето репродуктивно здравје.
Со почит,
М-р Адријана Поповска – ембриолог