
Зимскиот период се поврзува со зачестување на вирусните респираторни заболувања. Општа карактеристика на овие инфекции е високата контагиозност и лесното пренесување од едно на друго лице. Се смета дека децата во текот на една календарска година можат да прележат и до 12 вирусни инфекции, кои можат да следуваат една по друга. Нивната инциденца се намалува со растењето.
Генерално, најчести вирусни инфекции кај сите возрасни популации се оние кои ги засегаат респираторниот и гастроинтенстиналниот тракт, со симптоматологија која произлегува од засегнатиот орган, а нивната заедничка карактеристика е малаксаност, фебрилност. Во најголем број од случаите ги среќаваме при промена на сезоните.
Респираторните вируси може да ги засегнат горните дишни патишта и клинички да се манифестираат како ринит, фарингит, тонзилит, ларингит, синусит, како и долните дишни патишта кои одат под клиничка слика на бронхит, бронхиолит, пневмонија. Клинички потешките инфекти се среќаваат главно кај помалите деца, кај повозрасните, како и кај хронично болните лица.
Најголем дел од нив имаат поблага клиничка слика и организмот спонтано се справува со нив без последователни компликации. Тие имааттенденција кон спонтано закрепнување, а единствениот и најдобар третман е одморот и спроведување на симптоматска терапија. Антибиотиците кои се ефикасни при третман на бактериски инфекти, а овде се апсолутно без никаков ефект, го наоѓаат своето место доколку настанат компликации. Начинот на кој организмот ќе се справи со вирусниот инфект многу зависи од неговиот имунолошки статус. Здравиот имунолошки систем е едно од најважните оружја во справување со вирусните инфекции. Повторување на вирусните инфекти оди во прилог на нарушување на имунолошкиот статус.
Она што можеме да го направиме е да работиме на подобрување на општата состојба со максимално зајакнување на имунолошкиот статус на организмот како би помогнале во спречување и справување со евентуално настанатите вирусни инфекти.
Иако функционирањето на имунолошкиот систем е мошне комплексно, може да издвоиме неколку витамини и олиго елементи кои се есенцијални за негово нормално функционирање.
Потврдено е дека нивната суплементација се покажала како позитивна во јакнење на имунитетот кон вирусните инфекции.
ВИТАМИНИ
Витаминот А е липослубилен витамин кој покрај другите функции има улога во обезбедување заштита на епителот имукозниот интегритет на телото, како и улога во јакнење на имунолошката функција преку влијание на клеточниот и хуморалниот имунитет. Суплементацијата на витаминот А ја подобрува продукцијата на антитела по примање на одредени вакцини, како што е вакцината противморбили, беснило. Како дополнување, потврден е и зголемен имун одговор по вакцинација против инфлуенца.
Витаминот Д е друг липосолубилен витамин кој има витално значење во модулирање на вродениот и стекнатиот имун одговор. Потврдена е поврзаностамеѓувитаминотД, дефицит и зголемена приемчивост кон акутни вирусни инфекции какошто се инфлуенца А и Б, параинфлуенца 1 и 2, респираторно-синцицијалниот вирус. Интегрално обработени 39 студии ја нотираат поврзаноста на ниско ниво на витаминот Д3 со зголемен ризик од горно и долнореспираторни вирусни инфекти. Потврден е и подобар клинички одговор при примање антивирусна терапија во комбинација со витаминот Д кај потешките вирусни инфекции.
Витаминот Е е липосолубилен витамин кој е потентен антиоксиданс и има потенцијал да јамодулира имуната функција на домаќинот. Неговиот дефицит го намалува како хуморалниот, така и целуларниот имун одговор.
Витаминот Ц е познат како есенцијален антиоксиданс и ензимски кофактор за многу физиолошки реакции во организмот како што се продукцијата на хормони, синтеза на колаген, имун одговор. Иако резултатите од испитувањата во однос на превенирање на акутните респираторни инфекции и витаминот Ц се разликуваат, потврдено е дека суплементација со него може да го скрати времето на траење и тежината на инфектот.
ОЛИГОЕЛЕМЕНТИ
Цинкот е елемент кој во организмот се наоѓа во трага и кој има значителна улога во растот, развојот и одржување на имуниот одговор. Дефицитот се манифестира со зголемување на осетливоста кон инфективни болести, вклучително вирусни инфекции. Студијата од Ацеведо-Мурило (Acevedo Murillo et al.), која опфатила 103 деца со пневмонија, покажала сигнификантно клиничко подобрување (траење на болеста, клинички тек, кислородна сатурација) во групата која е суплементирана во однос на контролната група.
Селенот е уште еден елемент во трага кој има широко влијание во организмот, започнувајќи од антиоксидативен до антиинфламорен ефект. Ниското ниво на селен се поврзува со зголемен ризик одморталитет, послаб имун одговор и намалување на когнитивните можности, додекаповисокаконцентрација на суплементација со селен покажува антивирусен ефект. Слично, суплементацијата со селен покажа позитивен одговор по примање на вакцината против инфлуенца. Бакарот има улога во имунитетот со партиципација во развојот и диференцирање на имуните клетки.
Магнезиумот има улога во контрола на имуната функција преку вршење на значителни влијанија на стекнатиот имунитет.
Суплементацијата на витаминитеж и на олиго елементите може да е поединечна или во најразлична комбинација, пришто е потврдена бенефицијата во антивирусниот имун одговор.
ИСХРАНА
Општо познато е дека исхраната е од круцијално значење во модулирање на имуната хомеостаза. Состојбата на исхранетост се покажа како важен фактор во справување со вирусните инфекти. Малнутрицијата ги зголемува морбидитетот и морталитетот кај сите возрасни групи, главно поради зголемениот ризик од инфекции, со потежок клинички тек на инфектите.
Од друга страна, инфекциите ја зголемуваат потребата за нутриенти. Протеинско-енергетска малнутриција, дури и со субклинички дефицити на еден микронутриент, може да го наруши имуниот одговор. Неодамна во студијата на Калдер (Calder et al.) беше потенцирана важноста на оптималниот нутритивен статус како заштита од вирусни инфекции. Од резултатите од студијата на Ву (Wu et al.), реализирана во текот на инфекцијата со коронавирусот, произлегоа препораки за подобрување на нутритивниот статус за да се намалат штетите од инфекциите со коронавирус, како и од другите вируси. Сознанијата од овие студии беа искористени во креирање на препораките за стратегијата за превенција и третман на вирусните инфекции од аспект на интервенциите во исхраната, а се однесуваат на сите респираторни вирусни инфекции, вклучително и ковид-19. Приоритетот беше ставен на суплементација со витамини, елементи во трага, хербални производи кои се користат во традиционалната медицина и пробиотици.
Исхраната, во основа, мора да биде разновидна, да ги содржи сите неопходни состојки и да ги има карактеристиките на засилувачи на имуниот систем. Портокаловите и црвени зеленчуци и овошја во прв ред моркови, домати, пиперки, тикви, јаболка во комбинација со лимон, кој изобилува со витамин Ц, се одлични имуностимулатори. Јаткастите плодови исто така изобилуваат со витамини и минерали. Овошјето исто така треба да биде дел од секојдневната исхрана. Генерално се препорачува, доколку има можност, секое овошје да се јаде во свежа форма.
Во препораките за здрава храна важно место му припаѓа на јогуртот, кој е богат со пробиотици. Пробиотиците спаѓаат во категорија на пријателски бактерии кои можат да се земаат и како додаток на исхрана. Иако не се внесени во официјалните протоколи за третман на респираторни заболувања, сепак се користат.
Дејствуваат примарно преку блокирање на колонизацијата на цревата од страна на патогените бактерии, додека некои од нив имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други организми. Во однос на имуномодулаторните ефекти, некои од пробиотиците имаат способност за стимулирање на имуниот систем преку иницирање на вродениот и стекнатиот имунитет посредуван со антитела.
Исто така, ги намалуваат маркерите на хиперсензитивните реакции и инфламација, предизвикувајќи имуносупресивен ефект. Начинот на кој влијаат врз имуниот систем зависи од здравствениот статус на индивидуата. Кај лица со хиперсензитивен имун систем, пробиотиците вршат надолна регулација врзфункцијата на имуниот систем, додека кај здрави лица со хипосензитивен имун системпробиотиците вршат негова стимулација. Пробиотските соеви на лактобацили го зголемуваат интегритетот на цревната бариера, што помага во одржување на имунолошката толеранција и помага во превенцијата од инфекции. Клиничките студии укажуваат дека ББ12-соеви на бифидобактерии ја зголемува отпорноста на телото кон обичните респираторни инфекции и ја намалува честотата на нивното појавување.
Познати по тоа што преку јакнење на имунатафункцијаможат да влијаат на должината и тежината на инфектот.
АНТИВИРУСНИ ЛЕКОВИ, ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ВАКЦИНАЦИЈА
Последниве десетина години е актуелно користењето на антивирусни лекови. Дел од нив се базираат на фармаколошкиотпотенцијалнаприродните состојки содржани во некои растенија, а кои традиционално се користат во превенција и третман на вирусни инфекции, најчесто во комбинација со олигоелементи, витамини.
Редовната физичка активност исто така е важна поткрепа на имунолошкиот статус. Се препорачува физичка активност најмалку три пати во текот на неделата, по 30-45 минути, најдобро на отворен простор.
Вакцинацијата е еден од начините за превенирање на вирусните заболувања, а нивно значително редуцирање е постигнато со редовниот календар за вакцинација. Инфлуенцата е потенцијално сериозно заболување од сезонски карактер кое се среќава кај сите возрасни групи, со потенцијален ризик од развој на потешки форми со придружни компликации, а не спаѓа во вакцините од редовниот календар за имунизација.
Посебен акцент би ставила на децата, особено кај оние со хронични заболувања. Годишната сезонска вакцинација против инфлуенца е најдобар начин на заштита од грипот. Вакцината предизвикува создавање антитела во организмот две недели по нејзиното примање. Овие антитела обезбедуваат заштита против инфлуенца вирусите кои се искористени за подготовка на вакцината. Може да се даде на секој кој е на возраст од шест месеци и постар, секако во консултација со педијатар.
КОВИД-19
Ковид-19 вирусниот инфект, којможе да ги засегне сите органи, а првенствено респираторните, е нов вирусен инфект кој крие доста непознати работи. Во состојба кога сè уште се ревидираат протоколите за третман, акцентот е ставен на употреба на лекови од традиционалната медицина во комбинација на витамини како и олигоелементи кои претходно ги наброивме, во комбинација со соодветна исхрана би можеле да имаат улога во превенирање на феноменот на инфламаторна каскада и хиперкоагулантност. Иако нивното користење не е официјално влезено во протоколот за лекување, резултатите од скорашните студии сугерираат дека нивната примена може да ги намали морбидитетот иморталитетот кај овие пациенти преку регулирање на имуниот одговор.
ЕФИКАСНОСТ
Како резиме би можеле да кажеме дека ефикасниот начин на справување со акутните вирусни инфекции опфаќа:
- Следење на препораките за практикување добра хигиена, за што интензивно се повторува во медиумите последнава година. Тоа опфаќа: честомиење на рацете, особено по престој во јавен простор, одржување на физичко растојание при контакт со други лица, носење маска доколку се престојува во затворен простор, избегнување да се допираат со раце лицето, очите и устата и кашлање и кивање во задниот дел на надлактицата;
- Редовната физичка активност е фактор кој влијае на јакнење на имунолошкиот статус;
- Внимавање на исхраната, која треба да е разновидна, да се има редовни оброци и да се јаде доволно количество свежи продукти;
- Внесување на суплементи односно додатоци во исхраната, кои влијаат на имуниот одговор, како витамини, олигоелементи, пробиотици и хербални препарати;
- Вакцинација – следење на препораките за спроведување на редовна и сезонска вакцинација.
Д-р Искра Лазаревска, педијатар
Leave a reply