Инконтиненција претставува неконтролирано испуштање на урина. За да се воспостави контрола на мокрењето и нормална уринарна континенција, потребна е комплексна врска помеѓу мозокот, нервниот системи органите во карлицата. Два кружнимускули (сфинктери) кои се наоѓаат на вратот на мочниот меур и почетниот дел на уретрата се одговорни за контрола намокрењето.
Мочниот меур има две главнифункции: да ја складира и да ја празни урината. За да се испразни мочниот меур, потребна е синхронизација помеѓу нервниот систем, мускулитенамочниот меур, сфинктерите и мускулите на карличното дно.

ТИПОВИ УРИНАРНА ИНКОНТИНЕНЦИЈА

Стрес-инконтиненција настанува кога притисокот во мочниот меур ќе го надвладее притисокот во мочниот канал. Може да настане ако ослабат мускулите на карличното дно или ако е ослабен уретралниот сфинктер. Се презентира со инконтиненција при кашлање, кивање, дигање товар илифизички вежби. Овој вид инконтиненција е најчест и настанува кајжени по тешки породувања, а кај мажите по операција на простата.
Ургентна инконтиненција се случува кога мускулот на мочниот меур е прекумерно активен. Причината за овој тип инконтиненција понекогаш е непозната, но може да биде и од невролошко потекло, кај пациенти со спина бифида или мултипла склероза. Се карактеризира со спонтани неконтролиран нагон за мокрење, што завршува со неконтролирано испуштање на урина, често пред пациентот да стигне до тоалет.
Континуирана инконтиненција – најчесто зборува за присутнафистула помеѓу мочниот меур и вагината или уретрата и вагината.
Преливна инконтиненција – неможност на мочниот меур да се испразни заради слабост на неговите мускули, болест на нервите или блокирање на патот на истекување на урината. Со преполнет мочен меур, напор или зголемен абдоминален притисок се предизвикува неконтролирано испуштање, односно прелевањена урината.

Кои се симптоми на уринарна инконтиненција?

Многу луѓе имаат само повремено испуштање на урина, главно во мали количества. Други може неволно да испуштаат поголеми количества или, пак, тоа им се случува почесто.
Урината се испушта при зголемен притисок во мочниот меур, при кивање, кашлање, смеење, вежбање или при дигање тешко. Освен тоа, можно е повремено или постојано испуштањенапомалоколичествоурина, затоа што мочниот меур не е испразнет во целост. Еден од симптомите е и зачестено мокрење, некогаш и во текот на ноќта.

КОГА ДА СЕ ПОБАРА ЛЕКАРСКА ПОМОШ

Обратете се на вашиот лекар веднаш штом забележите симптоми на уринарна инконтиненција. Тоа е чест проблем и не треба да ви биде срам да ги кажете вашите симптоми. Она што докторот може да ви го предложи е да водите дневник замокрење, каде што ќе бележите колку течности внесувате и колку често мокрите. Проблемите со мокрење може да влијаат на квалитетот на вашиот живот и може да предизвикаат други здравствени проблеми.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ И НАЧИН НА ЖИВОТ

Некои здравствени проблеми што може да доведат до уринарна инконтиненција се: старост, инфекции на мочниот меур, запек, вродени аномалии, блокиран уринарен тракт, проблеми со простатата, дијабетес, вишок килограми и дебелина. Фактори што се поврзани со начинот на живот, а може да предизвикаат проблеми со мокрењето се консумација на храна која предизвикува опстипација, употреба на алкохолни, газирани или пијалаци базирани на кофеин, потоа физичка неактивност и пушење.

КОИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРОЦЕДУРИ СЕ ИЗВЕДУВААТ

Со цел да се утврди видот и степенот наинконтиненција, сеизведуваат клинички преглед и клинички тестови, се земаат анализи на урината и уринокултура, потоа се изведува уродинамиско испитување, уретроцистоскопија, а по потреба се изведуваат консултативни прегледи со доктори од други специјалности (невролог, гинеколог, спец. по физикална медицина итн.).

КАКО СЕ ЛЕКУВА УРИНАРНАТА ИНКОНТИНЕНЦИЈА

Вашиот доктор, во почетокот, ќе ви предложи најмалку инвазивен третман, а потоа ќе помине на други опции во случај првите да не успеат. Изборот на начинот на лекување најмногу зависи од видот и степенот на уринарна инконтиненција. Кај стрес-инконтиненција, конзервативното лекување подразбира примена на вежби за јакнење намускулите на карличното дно (Кегелови вежби). Во случај на неуспех или доколку постои голем степен на инконтиненција, индицирано е хируршко лекување (вградување на слингови или сфинктери). Имплантација на таканаречените „булкинг“ материјали во сфинктерот, со цел подобро затворање на сфинктерот, главно нема задоволувачки ефект. Другите облици на инконтиненција (ургентна инконтиненција), може да се лечат: со таканаречената биофидбек и бихејвиорална терапија (тренинг на мочниот меур, планирано мокрење, планирано внесување на течности и диети), со примена на лекови (антихолинергици, алфа-блокатори, топични естрогени). Во случај на постоење на невролошко оштетување како причина за инконтиненција, сеприменуваелектрична стимулација (вградување на справа што личи на пејсмејкер под кожата, акојабииспраќалабезболнинервни импулси кон нервите и со тоа би учествувала во контрола намокрењето), или со примена на инјекции на ботокс во ткивото намускулот намочниот меур кај луѓето кои имаат хиперактивен мочен меур.

СЛИНГ-ПРОЦЕДУРА

Оваа процедура се користи за лечење на стрес-инконтиненција, главно кај жени кои по тешки породувања имаат спуштениорганинамалатакарлицаиослабенимускули. Слингот е трака која во текот на операцијата се става околу уретрата и потоа ја затегнува сè додека не се постигне задоволителен степен на континенција. Операцијата на вградување на слинг може да е индицирана и кај мажи кои имаат благ или среден степен на инконтиненција.

ВГРАДУВАЊЕ НА ВЕШТАЧКИ СФИНКТЕР

Овој метод на лекување претставува „златен стандард“ во терапијата на стрес-инконтиненција кај мажи и жени. Како изгледа операција за вградувањена вештачки сфинктер? Вештачкиот сфинктер се состои од пумпа, резервоар и манжетна. Манжетната се вградува околу уретрата, пумпата во скроталното ќесе или лабиите кај жените, а резервоарот покрај мочниот меур.
Операцијата се изведува во општа или спинална анестезија и трае околу час и половина кај мажи, до два и пол часа кај жени. Опфаќа рез на перинеумот кај мажите за вградување на манжетната и рез на абдоменот за вградување на резервоарот. Кај жените се употребува хоризонтален рез на долниот дел на абдоменот.
Во текот на операцијата се става уринарен катетер за деривација на урината. По операцијата се останува во болница од 1 до 3 дена. Водечките студии покажаа дека пациентите се многу задоволни и дека 90 проценти од оние кои се подложиле на оваа процедура, би ја предложиле на пријателите или на членови на семејството кои боледуваат од истата болест. По вградувањето на сфинктерот, пациентот добива гаранција за сфинктерот и документ на кој пишува кога и кој тип агрегат е вграден, како и името на докторот кој ја направил операцијата.
По закрепнувањето од операцијата пациентот се обучува како да го користи вештачкиот сфинктер. Откако ќе почувствува дека мочниот меур е полн, оди во тоалет, притиска на пумпата сместена во скроталното ќесе кај мажите или големата усна од вагината кај жените, пумпата ја отвора манжетната и овозможува урината да истече. Во наредните две минути манжетната повторно спонтано се затвора, со тоа се затвора и уретрата, со што пациентот повеќе не мокри неволно.
На многу луѓе им е срам да зборуваат за своите симптоми на уринарна инконтиненција, но мора да знаат дека постојат ефективни третмани. Многу е битно отворено да се разговара со докторот за вашиот проблем и заедно да се донесе одлука кој третман е најпогоден.

Д-р Александар Мицковски, хирург-уролог, субспецијалист за машка неплодност

Leave a reply